Илија Спасески не се чувствува виновен за тепањето на Пендиков


Илија Спасески, единствениот обвинет за претепувањето на Христијан Пендиков, не се чувствува за виновен во случајот.

– Јасно ми е обвинението, но не се чувствувам за виновен, рече Спасески на второто рочиште од судскиот процес во Основниот суд во Охрид, јавува Макфакс.

Натепаниот Христијан Пендиков не дојде ниту на денешното рочиште на кое му се суди на Илија Спасески. Судијата и пред јавноста посочи дека пропаднал обидот за да му се достави покана за рочиште на Пендиков. На ова, адвокатот Стефан Карамишевски, бранител на Пендиков кажа дека оштетениот има здравствени проблеми.

Засега непознато е дали Пендиков, кој има својство на оштетен, но и сведок, ќе дојде во охридскиот суд за да сведочи. По нападот, тој замина за Бугарија, каде што има обезбедување, а доби и стипендија и стан.

Тепачката се случи на почетокот на јануари.