Сообраќајот тековно и без застои


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено […]

Шолц: Ќе има „последици“ ако Кина и испрати оружје на Русија


Германија– Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе има „последици“ доколку Кина испрати оружје во Русија поради војната на Москва во Украина, но додаде оти е оптимист дека Пекинг ќе се воздржи од тоа. Шолц ова го изјави во вчерашното интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, два дена по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден во Вашингтон. Американските […]

Променливо облачно со температура до 17 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со слаб локален дожд, а на високите планини ќе врне слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб […]

Делови на општините Сарај и Чучер Сандево без електрична енергија


Делови на Општина Сарај и Општина Чучер Сандево денеска ќе имаат прекин на снабдување со електрична енергија, соопшти Центарот за управување со кризи, по известување на ЕВН. Во Општина Чучер Сандево, на Качанички пат, во периодот од 08:30 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на деловните објекти околу казино Кинг, Еуро Бетон […]

Ливерпул вечерва го победи Манчестер јунајтед со 7:0


  Ливерпул вечерва го совлада Манчестер јунајтед со 7:0 во  натпреварот од 26. коло на Премиер лигата. Средбата се одржа на „Енфилд“, а по два гола постигнаа Мохамед Салах, Дарвин Нуњез и Коди Гакпо, еднаш погоди Роберто Фирмино. Салах стана најдобар стрелец на Ливерпул во англиската Премиер лига. Сега Египќанецот има 129 гола, еден повеќе од […]

Маричиќ очекува нови проекти во енергетиката со вкупна вредност од 61,9 милиони евра


   Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод Денот на енергетска ефикасност, 5-ти март на својот Фејсбук профил објави дека Секретаријатот за европски прашања на последниот повик во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан аплицирал два проекти од областа на енергетиката. Како што информираат од СЕП, станува збор за инвестиции за енергетска ефикасност […]

Град Скопје утре ќе распише нов повик за приватните автобуски превозници


Утре ќе биде распишан нов повик за вклучување на приватните автобуски превозници во јавниот превоз во главниот град, потврдуваат за МИА од Град Скопје. Претходно, на 1 март од Град Скопје најавија дека ваков повик ќе биде распишан наскоро, но, тогаш нагласија дека „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да учествуваат на него поради пречките кои […]

Половина од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница треба да ни ги избира судиите


  Половина од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 47,8 отсто од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на […]

„Охрид SOS“ тврди дека се гради спорниот хотел во Лагадин


Еколошката граѓанска иницијатива „Охрид SOS“ денеска соопшти за наводни градежни активности на оспоруваниот хотел во туристичката населба Лагадин. Според објавата на нивниот официјален фејсбук-профил, се гледаат лица на објектот, за кои од иницијативата посочуваат дека работат на хотелот што од УНЕСКО е посочен како дивоградба предвидена за уривање. Од „Охрид SOS“ појаснуваат дека во извештајот за […]

Се повеќе се зголемува нивото на морето


 Унијата за Медитеранот, институција која обединува 27 земји на ЕУ и уште 16 од брегот на Средоземното Море, предупредува дека нивото на морето се повеќе се зголемува, нанесувајќи сол на земјоделските површини, што може да го намали производството на храна и безбедносно да ги загрози земјите. Медитеранот, по Арктикот на север, е второто подрачје во […]

Осмомартовски марш во организација на Форумот на жени на СДСМ


Под мотото „Еднакви и моќни“ членки на Форумот на жени на СДСМ од цела држава маршираа од Паркот на револуцијата, Могилата на непобедените до музејот „11 Октомври“ во центарот на Прилеп. Претставнички на членките на Форумот на жени и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски положија свежи цвекиња и се поклонија пред споменикот Жена борец во […]

Мицотакис се извинува: Не можеме да се криеме зад човечка грешка


Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска им се извини на семејствата на жртвите во железничката несреќа во која загинаа 57 лица. „Како премиер, им должам извинување на сите, особено на роднините на жртвите“, напиша Мицотакис во пораката до Грците објавена на Фејсбук. Тој додаде дека во Грција во 2023 година не е можно два воза да […]

ЈП за државни патишта реагира: Изборот на надзорот за коридорите 8 и 10 беше транспарентен од почеток


Јавното претпријатие за државни патишта испрати реакција во  врска со написите во медиумите поврзани со изборот на надзор и правен трансакциски советник за изгрaдба на Коридор 8 и Коридор 10. Во него стои:  -Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас на 15.9.2022 година за избор на „Надзор и правен трансакциски советник за изгрaдба на Коридор […]

Русија е во неволја поради недостигот на гранати, вели шефот на Вагнер


Русија се соочува со недостиг на муниција, рече водачот на Вагнер групата, Евгениј Пригожин, предупредувајќи дека линијата на фронтот Бахмут ќе се „урне“ доколку ги повлече своите трупи. Во видеото објавено на Твитер, Евгениј Пригожин рече: „Ако Вагнер се повлече, јасно е дека фронтот ќе се урне, ќе се распадне до руските граници, а можеби […]

Одземените деца во Италија – приказна за институционално насилство


Седумгодишниот Џовани немаше време ниту да ги облече чевлите.Малото момче врескало по семејството додека го грабнале и насилно го кревале од креветот. Тој штотуку беше хоспитализиран во Апулија, регион во југоисточна Италија, со сомневање за гастроентеритис – но тоа не ја спречи полицијата да го грабне. Неговата мајка, Марија Асунта Паска, рече дека молбите на […]

Димовски за РСЕ: Дојавувачите на бомби се охрабрени, оти не можеме да ги откриеме


    Дојавувачите стануваат веќе и дрски, оти не можеме да ги откриеме, па така имавме дојава за бомба и во претседателската резиденција, која е навистина обезбедувана. Тие едноставно сакаат ширење на тие гласини, а тие гласини веќе длабоко продираат во нашата свест, вели професор Злате Димовски, од Факултетот за безбедност во интервју за Радио […]

Рама и натаму најпопуларен политичар во Албанија


   Во Албанија најпопуларен политичар и натаму е лидерот на владејачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама. Ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена од „Euronews Albania“ во која испитаниците дале свое мислење за главните политички лидери во земјата. Освен за Рама, позитивна или негативна оценка дале и за лидерот на побројното крило на опозициската […]

Околу 300 илјади Израелци протестираа поради владините реформи во правосудството


  Голем број Израелци излегоа на улиците, деветта недела по ред, протестирајќи против владините реформи во правосудството. „Џерузалем пост“ објави дека околу 300.000 граѓани протестирале низ целата земја. Портпаролот на израелската полиција изјави дека околу 200 демонстранти го пробиле полицискиот кордон во Хашалом во Тел Авив, запалиле ракети и дека полицијата се обидела да ги […]

Масовен протест во Атина поради железничката несреќа


Илјадници граѓани претпладнево се собраа пред грчкиот Парламент во центарот на Атина, за да го изразат нивниот протест за железничката несреќа во која животот го загубија 57 лица, но и да им одадат почит на загинатите, собир кој заврши со инциденти.  Група маскирани лица се одвои од останатите демонстранти и се судри со полицијата, која […]

Легализирани 296.810  дивоградби, безбедноста да се гарантира со архитектонски проект


  Во државава досега се легализирани 296.810 нелегално изградени објекти. За нив се издадени решенија со документација којашто опфаќаше барање до општината, изработка на геодетски елаборат и потврда од платени комунални сметки. Во собраниска процедура веќе долго време е нов закон за легализација, а по неодамнешните разорни земјотреси во Турција и Сирија, експертите од областа […]