Во Кривичен прво рочиште од судењето против сопственикот на порталот „ДоказМ“


  Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи првото рочиште од судењето против Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „ДоказМ“, за кој Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог на 17 февруари. Според обвинителството, обвинетиот се товари дека преку неговиот веб порталот сторил кривични дела „ширење на расистички и […]

Концептот на „заедничка историја“ лесно се манипулира: Интервју со историчарот Улф Брунбауер


  Улф Брунбауер не сака да го користи зборот „заедничка“ кога зборува за историјата. Затоа што секој поединец, секоја група, секое место ја доживува историјата на различен начин. Професорот кој предава историја на Лајбниц институтот за Источни и Југоисточни европски студии во Регенсбург, Германија, во интервју за „Независен“ вели дека концептот на „заедничка историја“ може […]

7 март во историјата – Умре прочуениот режисер Стенли Кјубрик


  На 7 март 1999 година, американскиот режисер Стенли Кјубрик умира во Хертфордшир, Англија, на 70-годишна возраст. Еден од најпознатите филмски режисери на 20 век, 13-те играни филмови на Кјубрик ја истражуваа темната страна на човековата природа. Роден во Њујорк во 1928 година, Кјубрик се занимаваше со фотографија во средно училиште и станал фотограф на […]

Наскоро сметки ќе се плаќаат и во супермаркети


Штедилници, но и продавници, ќе може да даваат платежни услуги. Ова го предвидува новиот Закон за платежни услуги и платни системи, кој беше претставен од страна на Народната банка. Во Законот е наведено дека платежна институција и институција за електронски пари може да биде трговско друштво основано во Република Северна Македонија, кое добило дозвола од […]

Бразил започна истрага за накит вреден 3,2 милиони долари подарен на Болсонаро


Бразил- Бразилскиот министер за правда Флавио Дино денеска и нареди на полицијата да го истражи наводното непријавување накит, подарок од Саудиска Арабија вреден 3,2 милиони долари, кој го добил поранешниот претседател Жаир Болсонаро. Болсонаро и неговата сопруга Мишел добија дијамантски ѓердан, прстен, часовник и обетки од саудиската влада, кои беа конфискувани од царината на аеродромот […]

Без струја дел од Карпош и Чучер Сандево


Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (вторник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 14.00 часот, објектот на железничката станица во Ѓорче Петров, а можен е и краток прекин во истиот временски интервал кај корисниците во селата Злокуќани и Бардовци. (општина Карпош) – во периодот од 09.30 до 13.00 […]

„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во ЕУ е во ризик од сиромаштија


Германија – Едно од четири деца во земјите на Европската унија е изложено на ризик од сиромаштија, соопшти хуманитарната организација „Спасете ги децата“. Новиот извештај на организацијата покажува дека бројот на деца доведени до работ на сиромаштија се зголемил за 200.000 во 2021 година и достигна 19,6 милиони. Зголемувањето на трошоците за живот, климатската криза и пандемијата на Ковид-19 […]

Изложба „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров во КИЦ на РСМ во Софија


Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија (КИЦ) денеска во 18 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Реминисценции“, составена од сликарски дела на Марјан Ѕингаров, повеќегодишен соработник и пријател на КИЦ на РСМ во Софија. На изложбата, како што најавија од Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, авторот го претставува својот последен циклус од […]

Рама во официјална посета на Германија


Албанскиот премиер Еди Рама денес ќе престојува во официјална посета на Берлин, Германија. Посетата е во функција на улогата домаќин на Албанија на Берлинскиот процес за Западен Балкан, која премиерот Рама ја презеде на Самитот на Берлинскиот процес на 3 ноември 2022 година. -Премиерот  ќе оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, со фокус на […]

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.   ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.   ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со […]

Изложба „Мајчиство“ во рамки на програмата по повод 75 години Национална галерија


Националната галерија ја најави годишната програма по повод одбележувањето на 75 годишнината од нејзиното постоење. Програмата ќе започне со изложба по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Изложбата која е насловена „Мајчинство” – дела од колекцијата на Националната галерија, ќе биде поставена вечерва во 19 часот во просторот на Чифте амам. -Месец март […]

Пратеничките ќе бараат со закон да се казнува говорот на омраза


Закон со којшто ќе се казнува говорот на омраза ќе бараат пратеничките во Собранието откако во јавноста се почесто се искажуваат навреди, дисквалификации, дискриминација и омаловажувања не само кон нив, туку воопшто кон жените. Ова ќе биде еден од заклучоците што треба да бидат усвоени на седницата на 8 Март во Собранието на која ќе […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 7 март 2023 година,  66-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 399 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот, а ќе зајде во 17 часот и 30 минути. Денов трае 11 часа и 30 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее ова деноноќие, а ќе […]

Реакција од Министерство за транспорт на објави за мериторно решавање предмет за одобрение за градење во Охрид


Во однос на информациите објавени во одредени медиуми за мериторно решавање предмет за огласување на ништовно на Одобрение за градење на инвеститор во општина Охрид, Ве информираме дека Секторот за управно надзрорни работи во Министерството за транспорт и врски постапил согласно пресудата на Управниот суд број У-3.бр.341/2020 од 08.03.2022 година, со кое Управниот суд го […]

Променливо облачно, во јужните делови слаби локални врнежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно, во југозападните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб […]

Почина Љупчо Јакимоски поранешен директор на МИА и МРТ


  Во 61-та година од животот, по кратко боледување, почина Љупчо Јакимоски, поранешен директор на МИА и МРТ. Љупчо Јакимоски е роден во 1961 година во село Велестово, Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје – група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ. Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен […]

Полна Месечина во Девица на 7 март: Што им носи на хороскопските знаци?


Полната Месечина во Девица е потсетување за нас да се ослободиме од сенките кои бараат од нас да бидеме совршени. Време е да уживаме во секој мал момент, без да чувствуваме притисок дека не сме доволни, или пак дека не сме доволно добри. Оваа полна Месечина ќе го осветли небото вечерта на 7 март, а […]

Франција ги замрзна цените на храната до јуни. Трговците ја поддржаа мерката


  Француската влада во понеделникот соопшти дека склучила договор со големите трговци на мало за ограничување на многу цени на храната, во обид да ги олесни инфлаторните притисоци за потрошувачите, пренесе АФП. Малопродажните групи ќе ги намалат цените за широк спектар на прехранбени производи, а изборот ќе биде оставен на нивна дискреција, „на најниско можно […]

Приведен најбогатиот бугарски градежен претприемач


Градежниот претприемач и бизнисмен Велико Желев е приведен, а бугарското Министерство за внатрешни работи, во негово присуство, извршило претреси во неговите канцеларии, јавува Еуроњуз Бугарија. Според првичните информации, се работи за истрага за принуда. Повеќе детали се очекуваат утре. Според првичните податоци, бизнисменот го натерал својот вработен да потпишува документи со невистинита содржина, додаваат од […]

„Вагнер“ почна да регрутира пациенти од невропсихијатриските клиники


  Откако влезе во конфликт со руското Министерство за одбрана и беше отсечен од можноста да регрутира затвореници, шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, се префрли на невропсихијатриски клиники. Најавата дека сега за прием во службата во „Вагнер“ не ви требаат уверенија од психијатар и нарколог, како и флуорограм, е објавено во една од […]