Презентација на поддршката од ЕУ за справување со енергетската криза


По повод буџетската поддршка од 80 милиони евра од Европската Унија за справување со енергетската криза, денеска во Владата ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.  Како што соопшти владината прес-служба, на настанот обраќања ќе имаат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, […]

9 март во историјата – Американските бомбардери направија пекол од Токио, убиени беа околу 100.000 луѓе


  Ноќта на 9 март 1945 година, американските воени авиони започнаа нова офанзива за бомбардирање против Јапонија, фрлајќи 2.000 тони запаливи бомби врз Токио во текот на следните 48 часа. Речиси 40 квадратни километри во и околу јапонската престолнина беа изгорени, а меѓу 80.000 и 130.000 јапонски цивили загинаа во најлошата поединечна огнена бура во […]

Промоција на „На враќање“ од Фросина Пармаковска во КИЦ на РСМ во Софија


Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија вечер ќе биде одржана промоцијата на книгата „На враќање“ од македонската писателка Фросина Пармаковска. „На враќање“ е објавена од издавачката куќа „Персеј“ од Софија, преведена на бугарски јазик од Маријан Петров. На промоцијата на литературното дело пред софиската публика, во присуство на авторката, ќе говорат издавачот Пламен […]

Во Прилеп премиера на претставата „Пипи долгиот чорап“


Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп денеска премиерно ќе биде изведена претставата „Пипи долгиот чорап“ според текстот на шведската авторка Астрид Линдгрен во драматизација на Ивана Нелковска, а во режија на Кристина Димитрова. Во претставата играат Ангела Наумоска, Наташа Ачански, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски и Михајло Миленкоски. Музиката е на Томе Темелкоски, сценографијата на Бојана […]

Технолошката трка на САД со Кина ќе ја одреди иднината на ЦИА


САД-  Немилосрдната технолошка трка на САД со Кина ќе ја одреди иднината на ЦИА, изјави директорот на ЦИА Вилијам Барнс на сослушувањето во американскиот Сенат. „Мислам дека технолошката револуција е главната арена на конкуренција со Кина. Тоа е исто така примарна одредница за нашата иднина како разузнавачка служба“, рече Барнс. Изјавата на Барнс доаѓа по неодамнешното […]

Состојба на патиштата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Осум до 10 отсто од популацијата има одреден степен на хронична бубрежна болест, контролите важни за рано откривање на болеста


Се смета дека осум до 10 отсто од општата популација има одреден степен на хронична бубрежна болест. Во раните стадиуми, болеста е без симптоми, се случува тивко и пациентите воопшто не знаат дека ја имаат. Лекарите препорачуваат редовни превентивни прегледи со кои може да се открие болеста уште во раните стадиуми и со тоа да […]

Османи на Балкански форум во Будимпешта


Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денеска ќе престојува на работна посета на Унгарија, каде што ќе учествува на Балканскиот форум во Будимпешта, а ќе се сретне и со неговиот унгарски колега Петер Сијарто. Како што информира МНР, во рамки на посетата, министерот Османи ќе оствари билатерални средби со свои колеги […]

80 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка


Во Битола, Штип и Скопје од денеска до недела ќе се одбележуваат 80 години од 11 Март – Денот на депортацијата на 7144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка. Собранието информираше дека негови делегации ќе положат цвеќе на спомен-обележја во овие три града од кои биле најбројни депортираните македонски Евреи во 1943 година.  Собраниска […]

„Бедем“- концерт на Филхармонија со виолинистката Леиа Зу


Оркестарот на Филхармонија, на 9 март, во 20 часот, ќе го одржи концертот насловен „Бедем“ на кој како солистка ќе настапи една од најперспективните виолинистки на светската музичка сцена – Леиа Зу (Кина/Англија). Диригентка е Ребека Тонг (Индонезија/САД), а на програмата се Концертот за виолина и оркестар во Де-дур и Симфонијата бр. 7 во А-дур […]

Без струја делови од Центар, Злокуќани, Сарај и Матка


Поради планирани прекини на електрична енергија денеска без напојување со струја ќе останат корисници на улица во Капиштец, зграда во Центар, реонот на Зајчев Рид, како и делови од Злокуќани, Сарај и Матка, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во периодот од 08:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Ганчо […]

Одбележување на Светскиот ден на бубрегот


ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија – Скопје денеска во хотел „Хилтон“ ќе го одбележи Светскиот ден на бубрегот под мотото „Здрави бубрези за сите – Да се подготвиме за неочекуваното, да ги заштитиме најранливите”.  Светскиот ден на бубрегот денеска традиционално ќе биде одбележан и во Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН.  На двата настани ќе […]

Мареј очекува руски и белоруски тенисери на годинешниот Вимблдон


Британија– Британецот Енди Мареј изјави дека очекува организаторите на Вимблдон да им дозволат оваа година настап на руските и белоруските тенисери на грен – слем турнирот во Лондон, пренесува Би-Би-Си. Организаторите на турнирот во Лондон лани им забранија настап на руските и белоруските тенисери поради војната во Украина, а раководствата на АТП и ВТА потоа оваа […]

Облачно и релативно топло со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, а во западните делови значително облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови, повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до […]

ФБИ: ТикТок може да се користи за контрола и манипулација со информациите


Апликацијата TikTok може да се користи за контрола на податоци и софтвер на милиони уреди во САД и за поттикнување на наративот за поделба на Америка, додека дури и разузнавачките служби би можеле да ја пропуштат таквата манипулација, изјави денеска директорот на ФБИ. Кристофер Вреј. -Не сме сигурни дека би виделе некои од надворешните знаци […]

Макрон: Абортусот да се внесе во устав


  Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека го поддржува правото на абортус да влезе во уставот, додавајќи дека со тоа би се изразила солидарност кон жените низ светот. Макрон ова го кажа на Меѓународниот ден на жената, на свеченост во чест на феминистка и правничка родум од Тунис, Гизела Халими, која почина во 2020 година, […]

Спасовски: Секој што се занимава со криминал ќе сноси одговорност за тоа


 Секој оној што се занимава со криминал ќе мора да носи одговорност за сето она што ќе го направи, а македонската полиција е тука и бурно ќе стои на браникот на безбедноста и сигурноста, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Околу завчерашниот вооружен напад под Кале, Спасовски рече дека е можно да станува […]

Без вода утре дел од булеварот „АСНОМ“


Поради замена на затварач (шибер) на булеварот  „АСНОМ“ 12, утре со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на бул. „АСНОМ“ од број 4 до број 20. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на дефектот.

Укинати царинските давачки за тестенините, цените на храната ќе продолжат да се намалуваат


Инфлацијата бележи опаѓање, тренд што започна во октомври и тоа е убава новина што сите ја гледаме, а во следниот период очекуваме и намалување и цените на млекото и млечните производи, изјави вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – Економските движења укажуваат дека има активности со кои инфлацијата паѓа и што е добра информација […]

По повод 8 Март, отворена изложба „Иднина е женски род“ во Ист Гејт Мол


На Меѓународниот ден на жената, евроамбасадорот Дејвид Гир, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и Моника Сандри, вршител на должноста постојан координатор на ОН, ја отворија изложбата „Иднина е женски род“ во Ист Гејт Мол во Скопје. – Изложбата е составена од 12 приказни за извонредни жени кои ги кршат бариерите и стереотипите и […]