Макрон: Абортусот да се внесе во устав


 

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека го поддржува правото на абортус да влезе во уставот, додавајќи дека со тоа би се изразила солидарност кон жените низ светот.

Макрон ова го кажа на Меѓународниот ден на жената, на свеченост во чест на феминистка и правничка родум од Тунис, Гизела Халими, која почина во 2020 година, на 93 години. Таа беше остра поборничка за правото на абортус.

„Се надевам дека силата на оваа порака ќе ни помогне да го промениме нашиот устав и во него да ја вградиме слободата на жените да бараат абортус и тоа да биде неповратни“, рече Макрон. „Со тоа ќе се прати универзална порака за солидарност со сите жени на кои таа слобода денес им е згазена“, додаде.

Наскоро ќе биде поднесен предлог

Минатиот јуни врховниот суд на САД ја собори пресудата во Ро против Вејд од 1973 година, со која абортусот е легализиран во цела САД, и за тоа сега одлужуваат сојузните држави. Двата дома на францускиот парламент веќе глаа за внесување на абортусот во уставот, со тоа што сенатот наведе дека станува збор за слобода, а парламентот за право на абортус.

Макрон рече дека во идните месеци до парламентот ќе биде поднесен предлог-закон за промена на усавот.

Халими во 1972 година како адвокатка обезбеди ослободителна преуда за малолетниќка на која ѝ се судеше поради абортус, откако забремени по силување.