Првиот „Лидл“ во Скопје на местото на „Бриколаж“


  Германскиот голем трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“, дознава и пренесува порталот Фактор. Таму се очекува да никне првиот маркет на „Лидл“ во земјава, кој нашите граѓани со нетрпение го очекуваат, а во меѓувреме масовно пазарат од маркетите на фирмата во Грција, но и во соседна Србија, се разбира […]

Кои се четирите романи во најтесниот избор за „Роман на годината“?


Романите „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски („Три“), „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски („Или или“), „Столб што пее“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“) и „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ („Арс Либрис“) влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман […]

На скопските улици има над 1.500 диви таксисти – се бара решение од Град Скопје


Групацијата на авто-такси превозници имаат писмо до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за решавање на проблемите со кои се соочуваат таксистите. Веќе со години владее хаос во такси превозот во главниот град, а првиот човек на групацијата, Сашо Рајчановски побара решение на проблемите. Рајчановски вели дека таксистите немаат долгови кон град Скопје, но имаат […]

 Нема ленти за мерење дијабетес, нема глукомери, нема иновативна терапија…


 Нема ленти за мерење дијабетес од тип 2, глукомери, нема иновативна терапија, а неопходни се сензори за детскиот дијабетес. Ова се предизвиците со кои се соочувааат дијабетичарите во земјава, а Сојузот на дијабетичари на Македонија бара континуирано да се следи дијабетесот за да не се предизвикаат несакани последици. Во Прилеп синоќа се формираше новото здружение […]

Недостиг на работници во албанскиот туристички сектор, само во Валона ангажирани околу 600 странци


  Албанскиот туристички сектор, што впрочем е појава присутна и во другите сектори, се соочува со недостиг на работна сила и покрај зголемените плати, поради што е принуден да ангажира странски работници, потврдува за весникот „Тема“ Васил Бединај од здружението на хотелските работници. – Се надевам дека информациите што секојдневно ги даваме на социјалните мрежи […]

Касами: За Беса е затворена секоја можност за соработка со сегашното мнозинство


Таканаречената „Огнена група“ во ДУИ би била поприфатлива за соработка за движењето Беса, само ако одлучат да се отцепат од партијата и ако формираат нова партија. Со сегашното парламентарно мнозинство е затворена секоја можност за соработка, изјави првиот човек на Беса, Биљал Касами во интервју во емисијата „Патот кон“ на Алсат. – За нас би […]

Уште еден антикорупционер од САД во посета на Македонија


   Актуелни теми врзани со борбата против корупцијата и напорите на државата за воспоставување ефикасен систем за превенција на корупцијата и судирот на интереси, беа во фокусот на разговорите на денешната средба на претседателот на државата Стево Пендаровски со глобален координатор за антикорупција на американскиот Стејт департмент, Ричард Нефју. На средбата, претседателот Пендаровски истакна дека […]

Евреите порачаа: Обидите да се ревидира историјата на холокаустот во Бугарија се навредливи


  Одбележувањето на 80-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи за време на Втората светска војна за прв пат по неколку години предизвика жестока дебата меѓу историчарите, еврејските организации и јавните личности во Бугарија. Спорот е околу улогата на Третата бугарска држава во депортацијата на Евреите од Македонија и Беломорска Тракија во пролетта 1943 година. Бугарскиот […]

„Шпигел: Со едрилица од 15 метри бил разнесен гасоводот „Северен тек“


  Наводните организатори на минирањето на гасоводите „Северен тек 1 и 2“ можеле да извршат саботажа користејќи ја 15-метарската едрилица „Андромеда“ од моделот „Баварија круцер 50“, пишува „Шпигел“, повикувајќи се на информирани извори запознаени со истрагата. „Андромеда“ е закотвена во пристаништето Бреге на островот Риген. Бродот првично бил изнајмен преку чартер фирма од група неидентификувани […]

Американско разузнавање: Постои потенцијал за директна воена конфронтација меѓу Русија и САД и НАТО


Русија не сака директен воен конфликт со силите на САД и НАТО, но постои потенцијал тоа да се случи. Руските лидери досега избегнуваа да преземаат активности  со кои би се проширил конфликтот во Украина надвор од границите на земјата, но ризикот од ескалација останува значаен. Причината за тоа е што постои реален потенцијал  воените неуспеси […]

Осигурениците наплатија 71 милион евра, осигурителните компании исплатија над 100 000 штети


Осигурителните компании исплатија 30 отсто повеќе пари за штети покриени со осигурување лани во споредба со претходната година. Најголем број штети се исплатени за покривање медицински трошоци покриени со дополнително здравствено осигурување, а од сите класи доброволно осигурување најмногу средства се исплатени за штети покриени со осигурување имот, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). […]

Земјотрес од 5,9 степени во Колумбија


Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди денеска северниот дел на Колумбија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Земјотресот се случил на длабочина од 90 километри, а епицентарот бил на 33 километри југоисточно од Флоридабланка.   Засега нема информации за евентуална материјална штета. 

Зајкова бара да се укинат паушалите за управни и надзорни одбори


Никогаш не би земала апанажа затоа што ќе се вратам на својот професионален ангажман во областа на правото, рече пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова во гостувањето на Алфа, коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд кој минатата недела ја укина апанажата за функционерите кои ќе поднесат оставка.  – Кога го отвораме прашањето за апанажата како бенефиција, […]

Боб Дилан како модна икона – во кожната јакна на „Селин“ испрати моќна порака


  „Времињата, тие се менуваат“, но ако го прашате Хеди Слиман, важно е да се слават креаторите на историјата, великаните кои го променија духот на времето, оние кои поттикнаа револуција и беа глас на една генерација. Запомнете го минатото, бидејќи тоа несомнено ќе информира и ќе влијае на иднината – чувство што креативниот директор на […]

Олимписки шампион се разбуди од вештачка кома, но не знае дека му се отсечени рацете и нозете


  Конечно, малку надеж по низата лоши вести за Роман Костомаров (46). Како што пренесуваат медиумите, олимпискиот шампион во уметничко лизгање на мраз се разбудил од вештачка кома и може самостојно да дише. Иако неговата состојба и понатаму е критична, добро напредува. Еден од најпознатите руски лизгачи на почетокот на годината примен е на одделението […]

Орбан ќе ги преиспитува односите со Русија


  Војната во Украина, која трае повеќе од една година, ја лишува Русија од последните сојузници во Европа. Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека земјата ќе мора да ги преиспита односите со Москва поради „промените во геополитичката реалност“. „Ја разбирам потребата да се обноват руско-европските односи по војната, но тоа е далеку од реалноста. Затоа […]

(Во живо) Прес-конференција на премиерот Ковачевски и министерот за економија Бектеши


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши ќе одржат прес-конференција. Проследете ја во живо:

Почна судењето против сопственикот на „ДоказМ“


Во основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето против сопственикот на порталот „ДоказМ”, Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела. Минатото, прво насрочено рочиште се одложи за денеска бидејќи одбраната на обвинетиот побара изземање на сите обвинители од Скопското обвинителство поради можноста да […]

ЕУ ја намалува потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година


Европскиот совет денеска соопшти дека Претседателството на Европскиот совет и преговарачите на Европскиот парламент постигнале прелиминарен договор за намалување на потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година на ниво на ЕУ. Горната граница за финална потрошувачка во ЕУ ќе биде 763 милиони тони еквивалент на нафта, а горната граница за примарна потрошувачка ќе […]

Италијанската мода ја собра елитата – нашите омилени брендови на модна писта (галерија)


Италијанската мода, дизајн и вкус, повторно тропнаа на гала-портата на Скопје- од вчера, во Ист гејт мол, каде има најмногу продавници со италијански брендови во Македонија.  Прво со панел дискусии, а синоќа со дизајнерска вечера со италијанско мени, и за крај на вечерта – со модни ревии од омилените италијански етикети на облека, накит, модни […]