Земјотрес од 5,9 степени во Колумбија


Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди денеска северниот дел на Колумбија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од 90 километри, а епицентарот бил на 33 километри југоисточно од Флоридабланка.
 
Засега нема информации за евентуална материјална штета.