Дачиќ: Србија ги отфрла инсинуациите за вмешаност на нејзините граѓани во дестабилизацијата на Молдавија


Србија одлучно отфрла каква било инсинуација за потенцијална вмешаност на нејзини граѓани во можни насилни настани во Молдавија, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во телефонски разговор со молдавскиот министер за надворешни работи Нику Попеску. Во врска со вчерашната изјава на молдавската претседателка Маја Санду дека Москва планира да ја дестабилизира Молдавија […]

ОН упатија итен повик за помош за Сирија од околу 400 милиони долари


Обединетите нации упатија апел за 397 милиони долари за помош на жртвите од земјотресот во Сирија, каде се загинати илјадници луѓе, а на милиони други им треба итна помош. – Денеска објавувам дека ОН упатија хуманитарен апел за 397 милиони долари за населението погодено од земјотресот во Сирија. Тоа ќе биде доволно за три месеци, […]

Лажна е пријавата за наводно поставена експлозивна направа, завршија потребните проверки


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска, во 16.15 часот завршија потребните проверки во врска со денешната пријава со закана за поставена експлозивна направа, по добиените пораки на приватни електронски адреси на 14 професори, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки […]

ЕВН Хоме: Исклучувањето на корисниците се користи само како крајна мерка


ЕВН Хоме секогаш го користи исклучувањето на корисниците само како крајна мерка. Во врска со исклучувањето на заедничката потрошувачка во кулата Б од Џевахир, до сопственикот на броилото навремено било испратено опомена пред исклучување. Законска обрска на управителите на зградите, а особено на такви висококатници, е да имаат обезбедено агрегат за лифтовите, бидејќи прекини во […]

Брзите избори на Мицкоски станаа маратон


Брзите избори што ги побара Христијан Мицкоски во 2018 година станаа првиот круг од маратонот на кој натпреварувачите стасаа до целта во 2020 година. По двегодишен пресинг на предизборни жестоки кампањи се одржаа „предвремените,“ во годината на редовни парламентарни избори. Уште несоземен од поразот, Мицкоски повторно јавна на бранот на предвремени брзи избори. И како […]

Ферари го претстави новиот болид


  Италијанската екипа Ферари го претстави денеска својот нов болид „SF-23“ со кој ќе се обиде во новата сезона во Формула 1 да му биде конкурентен на Ред Бул. Презентацијата на новиот болид беше организирана во базата на италијанскиот тим во Маранело со концерт и во присуство на голем број навивачи на Ферари. За Ферари во претстојната сезона […]

Тело на машко лице извадено од Вардар кај Огњанци


Тело на машко лице било извадено синоќа од водите на Вардар кај селото Огњанци. Во СВР Скопје во 17:23 часот било пријавено дека во реката е забележано тело на машко лице. Телото било извадено од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен […]

Претепаното и премрзнато дете во Велес не се сеќава на ништо


 Дванаесетгодишното дете пронајдено повредено на улица во Велес, на Детската клиника во Скопје е примено со фрактура на мандибулата или долната вилица, на ништо не се сеќава и не кажува никаква информација, изјави за МИА директорката на клиниката, Стојка Фуштиќ. – Од токсиколошката анализа, само дијазепам му е најдено во крвта. Уште истиот ден му […]

Поелитно, со наградувани вина и дипломати: Зошто за Лепово се бара покана повеќе? 


Ова е префинета винска приказна која звучи на француски „Домен Лепово“ – како од мал посед се стигнува до вински ремек дела, наградувани низ светот, и гордост на Македонија, со мирис на македонските лозја, почва, сонце, ветер и дожд, вкус, знаење и технологија. Каде ветерот дува без пардон и ги мрси исфенираните фризури на поканетите […]

Меџити: Ќе има повеќе заминувања од власта


   Потпретседателот и пратеник на Демократската унија за интеграција, Изет Меџити е скептичен околу обезбедувањето на потребните гласови за гласање на реконструкцијата на Владата. Тој рече дека додека Владата обезбедува осум пратеници од Алијансата за Албанците, од парламентарното мнозинство излегуваат повеќе од осум пратеници. -Изјавата на премиерот дека имаат 64 пратеници е наменета да се […]

„Отворен Балкан“: Како до единствен број за идентификација за работа во Македонија, Србија и Албанија


    Владата на Република Северна Македонија го поздравува усвојувањето на Законот за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и на Законот за ратификација на Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан на вчерашната собраниска седница. -Со ратификувањето на овие […]

Ангелов: Снемало струја во кула на Џевахир, неофицијално бремена жена останала заглавена во лифт


Апелираме до ЕВН и до управителите на зградите да не се повтори исклучување на струја во висококатниците, бидејќи постои можност да дојде до несакани последици за луѓето кои би останале заглавени во лифтовите, рече на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, откако утринава била исклучена струјата во кулата Б […]

Пуштена во употреба пешачко – велосипедската патека Петровец – Ржаничино


    Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски денеска ја пушти во употреба пешачко – велосипедската патека која ги поврзува двете најголеми населени места во Општина Петровец, Петровец и Ржаничино.   Како што информираат од општинската прес-служба, на свеченоста присуствуваа претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пратеничката во македонското Собрание Марија Петрушевска, претседателот на […]

Вертикални соларни панели може да ги спасат фармите


Калифорниската компанија „Санстал“ ги претстави своите вертикални соларни панели под назив „санзаун“, кои можат да се користат на постоечките полиња и обработливо земјиште, без да се жртвуваат заради чистата зелена енергија. Нивните соларни панели се поставуваат главно како конвенционалните соларни системи, а разликата е во тоа што новиот систем користи бифацијални соларни модули, а цела […]

Бред Пит продолжува да изненадува со стилот –  Њујорк како модна писта


САД– Модната недела можеби се случува во Њујорк , но Бред Пит има свој момент во метрополата замислена како модна писта. Еден од најангажираните актери во Холивуд, 59, се прошета во Њујорк облечен во монохроматска облека која, иако во бела боја, имаше што да се погледне. За почеток, џемперот на Пит не беше само обичен […]

На 14 професори во едно училиште пратен мејл со дојава за бомба


Денеска,  во 13.54 часот на приватни електронски адреси на 14 професори е упатена закана за поставена експлозивна направа во едно скопско средно училишта. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Четири лица спасени во Турција 200 часа по земјотресот


  Уште четири лица се спасени речиси 200 часа по силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, но се намалуваат надежите за пронаоѓање на повеќе преживеани од она што Светската здравствена организација ја нарече најголема природна катастрофа во Европа во последните 100 години. Додека првиот тим за помош на ОН по земјотресот влезе во […]

Кучињата херои во Турција


Мексико во понеделникот му оддаде почит на военото куче за спасување кое загина додека трагаше по преживеани  под урнатините од земјотресот во Турција. Министерот за одбрана Луис Кресенсио Сандовал ја објави смртта на германскиот овчар  Протео на дневната прес-конференција на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор. „Ја исполни твојата мисија… ти благодариме за твојата херојска работа“, објави […]

ЕП забрани продажба на нови бензински и дизел автомобили


Европскиот парламент денеска одобри забрана за продажба на нови бензински и дизел автомобили што испуштаат јаглерод диоксид до 2035 година, со цел тие да се тргнат од патиштата на континентот до средината на векот. Земјите-членки на Европската унија веќе го одобрија законодавството и сега формално ќе го прифатат како закон на претстојниот министерски состанок, и […]

Издадени 307 одобренија за градење во декември лани


Во декември лани издадени се 307 одобренија за градење, што е за 18,8 проценти помалку во однос на декември 2021 година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.102 131.000 денари, што е за 85,1 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, […]