Тренчевска и штитениците од „25мај“ и Топанско поле, подготвуваа бадникова трпеза


Во пресрет на големиот христијански празник Бадник, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ги посети децата од групните домови при ЈУ „25 мај“ и корисниците од ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Топанско поле. Заедно со децата во еден од групните домови при ЈУ „25мај“, подготвувааа бадникова трпеза. Подготовката […]

Фатена скопјанка што крадела по гостиварски дуќани


Во средата, околу 21.30 часот, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 39-годишната Е.Ј. од Скопје, со времен престој во Гостивар. Таа се сомничи дека е инволвирана во разбојничка кражба пријавена на 31.12.2022 во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар. Таа била […]

Во Белорусија почна судењето на активист кој доби Нобелова награда за мир


Белорускиот суд денеска го започна судењето на затворениот активист за човекови права Алеш Бељачки, кој оваа година ја подели Нобеловата награда за мир со групите за човекови права во Русија и Украина. Бељачки и уште двајца активисти од Центарот за човекови права „Весна“, кој тој го основаше, се соочуваат со затворска казна до 12 години […]

Јакимовски најдобар атлет-студент во декември на колеџот во Вашингтон Стејт


  Најдобар атлет и студент во последниот месец од годината што измина на Вашингтон Стејт Универзитетот во Соединетите Американски Држави, е токму нашиот кривопаланечки кошаркарски талент, член на македонската репрезентација, Андреј Јакимовски. Како што објавија од неговиот универзитет, Јакимовски е прогласен за најдобар студент -атлет во декември 2022, што е вторпат во изминативе 365 дена […]

Холанѓанецот Блинд се договори со Баерн


 Холандскиот фудбалски репрезентативец Дејли Блинд (32) ќе настапува до крајот на оваа сезона во редовите на германскиот првак Баерн Минхен, тврди добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо. Блинд неодамна го раскина договорот со Ајакс и во следните шест месеци ќе биде член на минхенски Баерн. Според италијанскиот новинар, претставници на Блинд и на Баерн ги […]

Секоја трета британска фирма се соочуваа со недостиг на работници


  Речиси една третина од компаниите во Велика Британија се соочуваат со недостиг од работници, покажуваат податоците од новото истражување на британската Канцеларија за национална статистика (ОНС). Според резултатите од истражувањето, 32 отсто од анкетираните компании со 10 или повеќе вработени изјавиле дека им недостига персонал. Додека компаниите во секторот за здравство и социјални услуги […]

Путин нареди прекин на огнот за време на Божик


  Рускиот претседател Владимир Путин наложи да се воведе прекин на огнот долж целата линија на воен контакт меѓу страните во Украина за време на прославата на православниот Божик. Ова беше објавено од Интерфакс. Според извештајот, прекинот на огнот ќе важи од 12:00 часот на 6 јануари до 24:00 часот на 7 јануари. Таква наредба […]

Дванаестмината повредени во несреќата во Велес вон животна опасност


  Дванаесетте повредени во несреќата што се случи попладнево кај велешка „Порцеланка“, при која возило моторна дрезина на ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ удри во комбе со патници, се однесени во велешката болница и се надвор од животна опасност, информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница – Велес. – Сите се задржани […]

Ердоган побара од Путин да прогласи „едностран“ прекин на огнот во Украина


  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара од рускиот колега Владимир Путин да прогласи „едностран“ прекин на огнот во Украина. Ердоган разговараше со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговите нови обиди да посредува за ставање крај на 10-месечната војна. Тој му рекол на Путин дека „повиците за мир и преговори треба да […]

Инцидентот во затворот Идризово за Нова Година, се степале две групи затвореници


  Да се расчисти инцидентот од 31 декември во затворот Идризово, кога полициски службеници одвојувале две групи затвореници што се степале, побара денеска на прес-конференција, претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев. Тој рече дека Независниот синдикат на полицијата, под кој спаѓа и Независниот синдикат на затворска полиција и администрација, будно го следи […]

Утре посебен режим на сообраќај утре Соборниот храм во Скопје


  Сообраќајниците околу соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, утре од 10 часот ќе бидат затворени за сообраќај поради одбележување на Бадник, известува Министерството за внатрешни работи. – Утре (06.01.2023) поради најавено одржување на настан за одбележување на Бадник во Скопје, од 10 часот, па се до завршување на настанот, за сообраќај ќе бидат […]

Кина во шок и страв по смртта на славната оперска пејачка од ковид


  Зголемениот број кинески јавни личности чии смртни случаи се објавуваат јавно ги поттикнува луѓето да се сомневаат во официјалниот број на загинати од Ковид. Смртта на Чу Ланлан, 40-годишната оперска пејачка, минатиот месец беше шок за многумина, со оглед на тоа колку е млада. Нејзиното семејство соопшти дека е тажно поради нејзиното „ненадејно заминување“, […]

Хрватска: Некои цени скокнале и за 80 отсто по воведувањето на еврото


  Од еуфоријата Хрватска премина во благ ужас откако инспекциските контроли покажаа дека има масовно зголемување на цените по воведувањето на еврото. Тие се движат од 10  па дури до 80 отсто за некои услуги, како фризрските. Во продавниците е забележан пораст на цените на одредени производи од 3 на 19% (поскапување на чоколадото, пекарските […]

Медведев се заканува дека ќе го вразумат секој што ќе им се заканува


Руската фрегата „Адмирал Горшков“, која во средата тргна на борбена должност, треба да вразуми секој кој ќе се осмели да претставува директна закана за Русија, предупреди денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на својот канал на „Телеграм“. Медведев рече дека хиперсоничната фрегата Циркон, која вчера го започна своето патување преку Атлантскиот […]

Пораст на стапката на криминалот во Бугарија


Од јануари до ноември 2022 година споредено со истиот период претходната година, стапката на криминалот во Бугарија севкупно се зголемила за 2,2 отсто. Ова го изјави во Парламентот, вицепремиерот и вршител на должноста министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, каде беше сослушан во врска со случаите на вмешаност на службеници од Министерството за […]

Излезе од печат ,,Анонимен османлиски речник од XIX век” од Драги Ѓоргиев


  Во издание на ,,Диван” од Скопје, а со финансиска поддршка на Министерството за култура, излезе од печат книгата ,,Анонимен османлиски речник од XIX век” од академик професор доктор Драги Ѓоргиев. – Книгата е резултат на обемна истражувачка работа на академик Ѓоргиев и е прва кај нас од овој тип, поточно претставува обработка на речник […]

Кучињата кои го убија српскиот новинар биле обучени да напаѓаат луѓе


  Директорот на јавното комунално претпријатие „Ветерина Београд“, Будимир Грубиќ, за Радиотелевизија Србија изјави дека кучињата што го убија новинарот Владан Радосављевиќ се сместени во „Ветерина Београд“ и дека се истражуваат околностите кои довеле до инцидентот. Грубиќ рече дека се работи за стафорд, мешавина од стафорд и питбул, а третото е големо мешано куче. Страшна […]

МНР ќе ја прекине предвидената еднонеделна кампања за претседавањето со ОБСЕ


  Министерството за надворешни работи соопшти дека по сугестија на ЗНМ ќе ја прекине предвидената еднонеделна кампања преку користење веб – банери која е во функција на промоција на претседавањето со ОБСЕ. Во соопштението МНР наведува дека претседавањето со ОБСЕ претставува најголемиот надворешно – политички проект со кој Република Северна Македонија ќе се претстави во […]

Хрватската влада најави мерки против неоправданите поскапувања при замена на куната со евро


  Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека Владата ги повикува сите кои неоправдано ги зголемиле цените да ги вратат на нивото од 31 декември. Пленковиќ најави силна владина интервенција за тие кои ги зголемиле цените во процесот на замена на куната со евро. -Некои трговски друштва ја искористија конверзијата за неоправдано да ги […]

Најзаразен сој на коронавирусот, Кракен се шири низ светот


  Новиот сој на коронавирусот – XББ. 1.5, со голема брзина се шири низ светот, а според податоците на Светската здравствена организација, тоа е најзаразниот вид откриен од почетокот на пандемијата. Новиот вид познат и како Кракен, откриен е во најмалку 29 земји откако првпат се појави во Њујорк на 22 октомври, објави „Дејли мејл“. […]