Првиот топлотен бран ја зафати јужна Австралија, температурата до 27 степени во текот на ноќта


 Јужните делови на Австралија го бележат првиот топлотен бран годинава. Како што пренесува „Гардијан“, во Аделаида температурата во текот на ноќта била 27,4 степени Целзиусови, додека Викторија ја бележи најжешката ноќ во последните четири години. Во Аделаида уште изутрината температура достигна 38 степени. Издадени се предупредувања за топлотен бран за Јужна Австралија, Викторија, Тасманија, Нов […]

Скопје уште во топ 10 најзагадени градови на светот


Жителите на Скопје утрово се разбудија во смог, а градот повторно се најде на неславната ранг листа на најзагадените градови во светот, заземајќи го 9-тото место според според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време. Македонскиот главен град, со индекс на квалитетот на воздух од 166, на листата е заедно со градови од […]

(Видео) Зимската бура во САД и Канада однесе 60 животи


Најмалку 56 лица досега ги загубија животите во силната зимска бура која ги погоди САД и Канада за време на празничниот викенд и се уште трае, јавува Би-Би-Си. Официјални лица соопштија дека 28 лица загинале во американската сојузна држава Њујорк, од кои повеќето во Бафало, бидејќи застрашувачката зимска бура продолжува да ја зафаќа Северна Америка. […]

Зеленски: Ситуацијата на фронтот на Донбас е тешка и болна


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на фронтот во регионот на Донбас е „тешка и болна“ и дека за тоа е потребна „сила и концентрација“ на целата земја. – Прво, работите на линијата на фронтот. Бахмут, Кремина и други области во Донбас, за кои е потребна максимална сила и концентрација. Ситуацијата таму е тешка […]

Откриени траги од вулканска активност на Месечината


Кинески научници пронајдоа траги од вулканска активност во примероци од земјени примероци од Месечината, објави списанието „Нејчр астрономи“ (Nature Astronomy). При анализа на примероците земени со сондата „Чанг-5“, пронајдени се седум минерали, единствени по облик, боја и други одлики. Стручњаците веруваат дека тие можеби во подрачјето на тн. Океан на Бурите (Oceanus Procellarum)  навлегле од […]

27 декември во историјата – отворена е величествената сала Радио Сити во Њујорк


  Во екот на Големата депресија, илјадници луѓе се појавија на отворањето на Радио Сити мјузик хол, величествената сала во Њујорк во Арт деко стил. Радио Сити мјузик хол беше дизајниран како палата за луѓето, место на убавина каде обичните луѓе можеа да видат висококвалитетна забава. Од неговото отворање на 27 декемри 1932 година, повеќе […]

Засега Бугарија не е под закана од истекувањето на амонијак во областа на нејзината граница со Србија, кај Пирот


Бугарија – Мобилен тим на Извршната агенција за животна средина на Бугарија ќе го следи квалитетот на воздухот во областа Калотина до граничниот премин на Бугарија со Србија, откако товарен воз со амонијак излета од шините во областа на градот Пирот, јави дописникот на МИА од Софија. Експерти ќе ги следат индикаторите преку мобилна автоматска станица […]

Колекцијата „Циклус“ на Мирјана Јосифоска инспирирана од боите на македонските носии и изработена од реупотребена волна и свила


На 27 декември 2022 „Моден викенд Скопје“ ќе ја презентира најновата колекција на дизајнерката Мирјана Јосифоска. Настанот ќе се одржи во 19 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба“ во Скопје.  Најновата колекција на шапки и додатоци за коса наречена „Циклус/Cycle“ е инспирирана од боите користени во народните носии.  Станува збор за урбана и шик колекција која претставува нов израз на дизајнерката Јосифоска која […]

Почнува исплатата на декемвриските пензии


Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска започна етапната исплата на пензиите за месец декември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.   – Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. За пензии со висина до […]

Илон Маск соопшти дека во Иран се активни речиси сто сателити „Старлинк“


САД – Илон Маск кој е сопственик на „Спејс Икс“ соопшти дека компанијата сега има речиси сто активни сателити што овозможуваат интернет-услуга на „Старлинк“ во Иран, три месеци откако преку Твитер најави нивна активација поради тамоните протести. „Се приближуваме до сто активни ’Старлинкс’ во Иран“, твитна Илон Маск во понеделникот. Милијардерот во септември изјави дека ќе […]

Во тетовскиот Основен суд продолжува судењето за пожарот во модуларната болница


Денеска во 10 часот во Основниот суд во Тетово треба да продолжи главната расправа од судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември 2021, кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени. Судењето почна пред три недели, на 7 декември, откако од септември па до овој месец, почетокот […]

Снабдување со природен гас ќе има, енергетските компании ги доставија барањата за цената на струјата


Пристигнати се барањата од трите енергетски компании за цената на електричната енергија по 1 јануари, а на јавниот повик на ЕСМ за набавка на природен гас за потребите на топланите во Скопје, според последните информации, доставени се две понуди. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информира дека АД МЕПСО бара зголемување на цената […]

Продолжуваат лажните дојави за бомби, според Спасовски мотивите за нив – геостратешки, политички или авантуристички


Веќе два месеци пристигнуваат лажни дојави за бомби во повеќе училишта, институции и јавни објекти во земјава. Закани за поставени експлозивни направи беа упатени и вчера на електронските адреси на неколку училишта во Скопје, Тетово, Битола, Прилеп и Струга, за кои од Министерството за внатрешни работи соопштија дека, и тие, исто така, се лажни. Во […]

Комисијата за контрола над АНБ ќе расправа за случајот „Онишченко“ и дојавите за бомби


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедноста и Агенцијата за разузнавање. Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР треба да одржи две седници. На првата седница ќе ја разгледува Улогата на АНБ во безбедносната проверка на […]

Промоција на книгата „Од Климента до Блажета“ на Свето Стаменов и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ


Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Од Климента до Блажета“ на Свето Стаменов, публицист, политиколог и новинар на Македонското радио – Радио Скопје и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, универзитетски професор во пензија и познат македонски книжевен историчар и теоретичар. Книгата „Од Климента до Блажета“ се состои од […]

Свеченост за завршување на основниот курс за подофицери и промоција во прв подофицерски чин


Во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ во Велес денеска ќе се одржи свечена церемонија за завршувањето на основниот курс за подофицери и промоција во прв подофицерски чин на 149 припадници на Армијата. На активноста ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Како што информираат од Министерството за одбрана, пред […]

Врачување на наградата „Даница Ручигај“ во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија денеска на пладне ќе биде врачена наградата „Даница Ручигај” на поетесата Вања Изова Велева за книгата „Место за бегство”. Соопштението за наградата ќе го прочита Васил Дрвошанов, претседател на жири-комисијата за наградата. Како што информираат од ДПМ, свеченоста ќе биде збогатена и со промоција на книгата „Посеани соништа”, во […]

Прекин на водоснабдувањето кај дел од корисниците во Нерези


Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 милиметри на улица „Демир Трајко“ 13б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа и улицата „Партизанска“ – краци 1, 3, 5, 7, 9 и 11 во Нерези во Општина Карпош, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“. Оттаму додадоа дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот, па […]

Сончево со мала локална облачност и утринска магла по одделни котлини


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини во утринските часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Максималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 16 степени. Во Скопје претпладне магливо, а […]

Поради магла намалена видливост на патиштата долж Повардарието


Поради појава на магла намалена видливост од 50 до 100 метри има на патниот правец Скопје – Велес, а од 100 до 150 метри на патот Градско – Неготино. На останатите патишта во државата сообраќајот се одвива непречено по суви коловози со умерен интензитетот на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од […]