Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин – добитници на наградата „Мето Јовановски“ за 2022


Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин се добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за 2022 година, која се доделува за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Одлуката за добитниците на признанието за оваа година ја донесе одбор под претседателство на Уранија Пировска. Државната награда „Мето Јовановски“ на годинашните добитници ќе им […]

„Лајка“ стерилизирала и кастрирара 111 бездомни кучиња во ноември


Во ноември се спроведени 111 стерилизации и кастрации на бездомни кучиња, со оваа бројка е срушен рекордот на успешно изведени операции на месечно ниво досега во ЈП „Лајка“, информираа денеска од претпријатието. – И покрај тешката финансиска состојба во која се наоѓа претпријатието и предизвиците со кои се соочуваат вработените секојдневно, во недостаток на ресурси […]

„Замисли желба“ – проект на Националната галерија на Македонија


Националната галерија на Македонија изминативе два месеци, октомври и ноември, го реализираше проектот „Замисли желба“. Станува збор за креативни работилници за изработка на лампиони и други декорации од мали парчиња текстил, во кој учествуваат деца со попреченост, ученици од основното, средното и високото образование. Средствата од декорациите ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Овие креативните […]

Утре појава на магла и ниска облачност по одделни котлини


Од утре и во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од недела следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Минималните температури ќе бидат во интервал од -1 до 6 степени, а максималните од […]

Лидија Георгиева ја виде Јованка Броз во свила и брокат: Во Белград добивме многу комплименти


Македонската дизајнерка Лидија Георгиева и „Завар дизајн“ беа  единствени претставници од Македонија на модната ревија „Јованка во боја“, инспирирана од ликот и делото на Јованка Броз, сопругата на доживотниот претседател на Југославија Јосип Броз Тито, во Палатата Србија во Белград, во рамки на 50.Модна недела, во организација на модното студио „Клик“. Меѓу 23 дизајнери од […]

Подмладоците на политичките партии потпишаа декларација за борба против корупцијата


Со потпишување на Декларација за заложба за борба против корупција, подмладоците на 9 политички партии се обврзаа на заеднички чекори за борба против корупција. Подмладоците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, Алтернатива, Левица, ГРОМ, ЛДП, и ПВМ и Коалиција на младински организации СЕГА потпишувајќи ја Декларацијата се обврзаа да преземат ефективни активности за борба против сите […]

МОН: Националната рамка на квалификации е важно „досие“ за стекнати вештини


Националната рамка на квалификации е исклучително важна алатка за формирање „досие“; за стекнати вештини и резултати од завршениот формален и неформален образовен процес, кои секој еден граѓанин ги поседува.  Оваа рамка (НРК) овозможува прегледност на резултатите од учењето, односно нивото на квалификации и има за цел да им помага на надлежните органи при признавањето на […]

Шливовицата впишана на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО


  УНЕСКО ја запиша српската шливовица на Репрезентативната листа на светско нематеријално културно наследство, јави дописникот на МИА од Белград. Шливовица на таа листа е запишана под името „Социјални практики и знаења поврзани со подготовка и употреба на традиционалниот пијалок од сливи – Шљивовица“, како елемент на нематеријалното културно наследство на Србија. Како што соопшти […]

Се подготвува Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030, фокусот на департизација и МЕРИТ систем


Департизација на јавната администрација, создавање на потранспарентна јавна администрација и МЕРИТ систем ќе бидат во фокусот на новата Стратегија за реформа на јавната администрација 2023-2030, потенцираше министерот за информатичко општество и јавна администрација Адмирим Алити на денешната јавна расправа за Нацрт верзијата од оваа Стратегијата, организирана од МИОА и РЕСПА. Министерот посочи дека Стратегија за […]

Месарите ги намалија цените, но дел од нив одбиени за субвенционирана струја зашто имаат фотоволтаици


На околу десетина компании од месната индустрија им се одбиени апликациите за добивање субвенционирана струја зашто имаат фотоволтаици. Тие веќе ги намалиле цените на 50-на производи, на свежото свинско месо и на дел од пилешкиот асортиман, но до кога ќе трае поевтинувањето, не знаат. Очекуваат во најбрз можен рок да се надмине проблемот и да […]

Во Хрватска со нов закон, по работното време не смеат да ви звонат колегите и шефот


Работодавецот/шефот не смее да му звони на мобилен телефон на работникот, ниту да му испраќа СМС порака и меил после работно време, во неработни денови и за време на одмор. Ова е предвидено со измените на Законот за труд во второ читање во Хрватска. Според измените, работењето во недела ќе се плаќа 50 отсто повеќе. […]

Приватните превозници утре од 6 часот ќе ја блокираат „Илинденска“ од Влада до МИ-ДА


Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утре од шест часот ќе го блокираат сообраќајот во Скопје на десната лента на ул. „Илинден“ на потегот од Владата до МИ-ДА, а околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред Градското Собрание, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски. Тој на денешната прес-конференција рече дека не е постигнат […]

Пендаровски: Правиме реформи 15 години, а довербата во судството е на рекордно ниско ниво


  Колку брз ќе биде процесот на нашата интеграција во ЕУ зависи  од Брисел и од државите-членки, но, најмногу од нас, порача денес  претседателот Стево Пендаровски на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската унија во Македонија (НКЕУ-МК) која се одржува во Собранието.  Според претседателот, општиот впечаток меѓу нашите граѓани е дека дел од […]

Се падна „седумка“ на Лото вредна 535.000 евра во Кичево


Државна лотарија известува дека во 95. коло од играта на среќа ЛОТО 7, постигната е лото-премија во вредност од 32 .921.304 денари, (околу 535.000 евра). Извлекувањето се реализираше вчера, во среда, на 30 ноември, со пренос во живо на Канал 5 телевизија. Според податоците од системот, дознаваме дека уплатата е извршена на продажното место ДЕТЕЛИНКА, […]

Неделкова, Вангеловски и Иџет Мемети ги аминувале полагањата на спорните правосудни испити


  Поранешната претседателка на Кривичниот и Врховниот суд, Лидија Неделкова, тогашниот народен правобранител, Иџет Мемети, како и поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски биле дел од членовите на Комисијата за правосуден испит во 2015 година при Министерството за правда, кога со спорни уверенија од Универзитетот на Југоисточна Европа на студенти им било дозволено да […]

Само за дизел на ЈСП му требаат 13 милиони евра годишно, па како тогаш до бесплатен превоз


  Информацијата што ја соопштија советниците на СДСМ во Град Скопје дека Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) склучило договор од 27 милиони евра за набавка на дизел гориво за наредните две години од компанијата „Пуцко петрол“ отвора неколку прашања. Првото е дека според овој договор излегува оти автобусите на ЈСП дневно трошат 37.000 евра за дизел […]

Директорот на АД ЕСМ го пречека германскиот претседател Штајнмаер во Ветерниот парк Богданци


Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, го пречека претседателот на СР Германија, Франк Валтер Штајнмаер, во Ветерниот парк Богданци, електрана од обновливи извори изградена со финансиска поддршка преку поволна кредитна линија на германската државна КфВ банка. Претседателот Штајнмајер при посетата ги разгледа ветерниците и се запозна со активностите од втората фаза на ветерниот парк […]

Алити: Немаме разговори со Алијанса за Албанците за  влез во Владата


Немаме разговори со Алијанса за Албанците. Сите дискусии кои се водат се шпекулации а јас и Министерството не се занимаваме со тоа. Важно е реформите да течат, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, кој е дел од владиниот кабинет од редовите на Алтернатива, одговорајќи на новинарско прашање дали за нив е прифатлив […]

Српската Влада ги ограничи цените на маслото за јадење, шеќерот и брашното


Владата на Србија денеска ја ограничи цената на основните прехранбени производи – цената на сончогледовото масло за јадење не смее да надмине 219,99 динари за литар, цената на белиот кристален шеќер не смее да биде повисока од 114,99 динари за килограм, а брашното од типот Т-400 не смее да биде повисоко од 84,7 динари за […]

Природните катастрофи предизвикале околу 115 милијарди долари осигурени загуби годинава


 Природните катастрофи предизвикаа околу 115 милијарди долари осигурени загуби од 2022 година до денес, надминувајќи 100 милијарди долари втора година по ред, процени денеска швајцарскиот гигант за реосигурување Swiss Re. – Ураганот Иан и другите екстремни временски настани како што се зимските бури во Европа, поплавите во Австралија и Јужна Африка, како и градот во […]