Во банките во Швајцарија има 46,1 милијарда франци на руски граѓани или компании


Швајцарија– Швајцарија соопшти дека во нејзините банки се депонирани 46,1 милијарда франци (46,4 милијарди евра) на руски државјани и правни лица, откако на Москва и се воведени санкции годинава. Швајцарија, која не е членка на Европската унија, но има блиски односи со неа, ги поддржа санкциите на ЕУ кон Русија, откако Москва почна инвазија врз Украина […]

Антиќ во посета на Кошаркарската федерација на Грција


Изминатите неколку дена претседателот на Кошаркарската Федерација на Македонија Перо Антиќ ги помина во работна посета на Кошаркарската Федерација на Грција. Тој се сретна со Претседателот на Кошаркарската Федерација на Грција, Евангелос Љољос, кој пак беше во посета на Македонија летото што измина за време на Европското првенство за кошаркари до 16 години кое се […]

Кралот Чарлс ја одликува тенисерката Ема Радукану


Англија– Тенисерката Ема Радукану сега е член на Редот на Британската империја (MBE). Денес во замокот Виндзор, кралот Чарлс ѝ ја додели на Радукану наградата за тениски заслуги. „Беше одлично што ја добив мојата чест денес од Неговото Височество Кралот – се чувствувам исклучително благодарна“, рече Радукану во изјавата. Во 2021 година, Радукану го шокираше […]

Макпетрол: Намалување на цените на природен гас и метан за декември


Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на  природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец декември ќе се намали за 100 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за месец […]

Кремљ: Плановите на ЕУ за формирање суд за воени злосторства се нелегитимни


Кремљ денеска ги осуди плановите на Европска Унија за формирање на Трибунал за воени злосторства поради руската инвазија врз Украина, истакнувајќи дека такво тело би било нелегитимно и неприфатливо за Москва. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера најави дека ЕУ ќе се обиде да формира специјален суд, со поддршка на Обединетите нации, […]

Храната од денес поевтина, но недоволно


Од денеска компаниите производители на основни продукти добиваат поевтина цена на електричната енергија, како дел од антикризните мерки преземени од страна на Владата. Таа е фиксирана на 80 евра за мегават час, што е двојно поевтино од цената на регулираниот пазар. Од Владата најавија дека ова  ќе доведе до намалување на цените за крајните потрошувачи […]

Предвременото гласање во Џорџија за Сенатот му носи предност на демократот Ворнок


  Гласачите во Џорџија дадоа повеќе од 1 милион гласачки ливчиња пред вториот круг од битката за американскиот Сенат на 6 декември меѓу демократскиот сенатор Рафаел Ворнок и републиканскиот противкандидат Хершел Вокер. Ворнок се обидува да го искористи очигледниот добар старт на демократите во раното гласање со посетата на Барак Обама во четвртокот. Поранешниот претседател […]

ООУ „Ј. Х. Песталоци“ доби сензорна соба за учениците со образовни потешкотии


Учениците со образовни потешкотии во основното училиште „Ј. Х. Песталоци“ добиваат нова и комплетно опремена сензорна соба. Собата расплага со дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема со што наставниот и стручниот кадар имаат на располагање низа алатки за работа со учениците од ова училиште, особено со учениците со интелектуална попреченост, со комбинирани пречки, учениците […]

НАСА избра компанија за изградба на инфраструктура на Месечината


Американската вселенска агенција НАСА, во потрага по практични решенија за изградба на одржливи структури на Месечината, го продлабочи партнерството со компанијата „ИKОН“ од Остин, Тексас, САД. „ИKОН“ е познат по изградбата на првата вселива 3-Д печатена куќа во САД во 2018 година, а НАСА сега ја продлабочува својата соработка со фирмата, доделувајќи ѝ договор во […]

Поевтинува дизелот, цената на другите горива останува иста


Малопродажната цена на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалува за два денари за литар, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто. Новата малопродажна цена […]

И амбасадорот Гир разочаран од случувањата во судството


  Евроамбасадорот Дејвид Гир, како и амбасадорката на САД Ангела Агелер, изрази разочарување од случувањата во судството последните месеци , и тоа токму денес кога започнува скринингот во Брисел токму за овие прашања.  „ЕУ потроши милиони во овој сектор. Ние и граѓаните со право треба да очекуваме дека тоа ќе генерира резултати. Да, но тоа […]

Најмногу слободни работни места во услужни дејности и продажба


Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, 2,9 отсто, а најголем број на слободни работни места, 3 459, има во групата Работници во услужни дејности и продажба, соопшти Државниот завод за статистика. Во третото тримесечје од 2022 година, стапката на слободни работни места изнесува 2,07 отсто. Највисока стапка на слободни работни места од […]

СП2022: Одлучувачко коло во групите Е и Ф


ОАЕ – На Светското првенство што се игра во Катар, денеска на програмата се натпреварите од третото, одлучувачко коло во групите Е и Ф. Во дербито на денот, во 16 часот се среќаваат Хрватска и Белгија. Хрватска беше сребрена, а Белгија бронзена на Мундијалот во Русија, но една од нив предвреме ќе го напушти Катар. […]

Бугарските дипломати излегоа на протест, бараат поголеми плати


  Едночасовен предупредувачки протест имаше во четврток на 30 ноември пред зградата на Министерството за надворешни работи на Бугарија. Од петок се очекуваат ефективни штрајкови доколку не се исполнат барањата за повисоки плати. Незадоволните вработени бараат и индексирање на патните средства, како и престанок на практиката на намалување на основната плата при одење на долгорочен […]

Штајнмаер во Тирана: Албанија e важен партнер, борбата против корупцијата клучна за членството во ЕУ


Албанија– Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој денеска допатува во дводневна официјална посета на Албанија, по средбата со неговиот домаќин, претседателот Бајрам Бегај, на заедничката прес-конференција изјави дека Албанија е важен партнер, дека нејзиното членство ќе ја збогати Европската унија, но посочи дека борбата против корупцијата е клучна за членството во ЕУ. Тој и се заблагодари на […]

Влаховиќ ги демантираше гласините за афера со сопругата на Рајковиќ


ОАЕ – Српскиот репрезентативен напаѓач Душан Влаховиќ ги демантираше информациите дека имал афера со Ана Рајковиќ, сопругата на резервниот голман на репрезентацијата Предраг Рајковиќ. Српските медиуми пишуваа дека токму поради романсата напаѓачот не влегол во стартниот состав на репрезентацијата на Светското првенство во Катар 2022 година. – Жалам што морав вака да ја започнам прес-конференцијата на […]

Пресретнато писмо бомба адресирано до шпанскиот премиер


Шпанската полиција пресретнала коверт со пиротехнички материјал адресиран до премиерот Педро Санчез во палатата Монклоа во Мадрид, јави денеска шпанскиот весник „Ел Паис“. Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека станува збор за коверт сличен на оние што вчера и денеска беа откриени во Министерството за одбрана, украинската Амбасада, Сарагоса и воздухопловната база Торехон. Писмо-бомба […]

Нова: Нема повеќе руска нафта за Србија, почнува одбројување за ново поскапување


Од понеделник, петти декември, Европската унија става рампа на руската нафта, што значи дека има забрана која важи за Србија, изјави министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ. Оваа забрана е резултат на стапувањето во сила на новиот пакет санкции на Европската унија против Русија, но за разлика од некои европски земји, Србија не доби […]

Њујорк и Сингапур на врвот на листата на најскапи градови во светот


  Њујорк беше најскапата метропола во светот во 2022 година, делејќи ја несаканата титула со Сингапур, откако зголемените цени на енергијата ја удвоија стапката на инфлација во големите светски градови, според годишното истражување на „Економист интелиџенс јунит“. Минатогодишниот лидер Тел Авив падна на третото место, додека Сиднеј се прикраде во Топ 10, а Москва и […]

„ЕСМ продажба“, сепак, ќе ги снабдува петте фирми со фотоволтаици, со поевтина струја


Петте фирми кои имаат поставени фотоволтаици, за кои имаше застој во одобрувањето на броилата, од денеска ќе бидат снабдувани со електрична енергија од „ЕСМ продажба“ по 80 евра за мегават час, информира АД ЕСМ. -На состанокот одржан меѓу РКЕ, АД ЕСМ, ЕВН Електродистрибуција и МЕМО, во согласност со Правилата за снабдување, одлучено е покрај договор […]