„Пари“ за топ 10 тендери: Заедно тежат околу 172 милиони евра, најголемиот нечепнат, ЈСП не добива попуст за дизел…


Набавка на мазут, ископ на јаглен, набавка на дизел-гориво, набавка на струја – тоа се ставки од 10-те најголеми тендери што институциите кои се обврзани со закон, ги објавиле од почетокот на годината, а заклучно со 19.11.2022 година. Вкупната вредност на овие 10 најголеми набавки изнесува околу 172 милиони евра, при што првите 5 вредат […]

РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш, секој повик може да почека


РСБСП апелира до возачите и пешаците да не се користат мобилни телефони додека возат и додека пешачат оти е опасно и ризично. -Употребата на мобилен телефон додека се управува со моторно возило е ризично, опасно, но и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Возач кој зборува или пишува на мобилен телефон додека вози, се санкционира со 40 евра во денарска противвредност, посочуваат од РСБСП.  Но, и покрај тоа, како што велат, голем број возачи користат мобилен телефон додека управуваат возило и на тој начин го прекршуваат Законот и ја […]

Зимно време навалете на сланина, го подигнува имунитетот


Дознајте каква улога играат сланината и тиквата во зајакнувањето на имунитетот и заштитата од настинки и вируси во зимскиот период. Како да се заштитите од настинки и вируси зимоска? Внесувањето на витамини и минерали кои го зајакнуваат одбранбениот систем е од клучно значење, а најздрав начин за нивно обезбедување на организмот е преку исхраната. Така, […]

Лансирањето на кинеското вселенско летало „Шенжу-15“ закажано за утре


 Кинеското вселенско летало „Шенжу-15“ со тричлен екипаж е предвидено да биде лансирано утре во 11.08 часот по пекиншко време, од Центарот за лансирање сателити „Џиучуен“ во северозападна Кина, соопшти денеска Кинеската вселенска агенција. Тројцата тајконаути – Феи Џунлунг, Денг Чингминг и Џанг Лу ќе останат на вселенската станица шест месеци, а кус период на станицата […]

Од Даниел Поповиќ до Влатка Покос: Голем интерес за Евросонг во Хрватска


На „Дора“ ќе се натпреваруваат најмногу 28 песни, а се пријавиле дури 196 музичари. Покрај познатите забавни имиња, се враќаат и неколку победници на натпревари. Македонија нема да учествува на Евросонг 2023, поради енергетската криза. Од регионот се повлекоа и Црна Гора и Бугарија. Наредното издание ќе се одржи од 9 до 13 мај 2023 […]

Казахстан размислува за национализација на енергетските компании по откажувањето на греењето на минус 30 степени


Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев му наложи на премиерот Алихан Смаилов да го разгледа прашањето за национализација на проблематичниот енергетски имот. Одлуката уследи откако илјадници жители на Екибастуз, северен Казахстан останаа без греење на минус 30 степени Целзиусови, по несреќата во електраната. Токаев наведе дека лошото менаџирање на тие енергетските компании „е причина за несреќи […]

Во Велс најдени тела на две бебиња, уапсени тројца


Три лица се уапсени откако тела на две бебиња најдени се во куќа во јужен Велс, јави „Гардијан“. Уапсени се двајца мажи и жена Полицајците се повикани во куќа во Бриџенд нешто пред 20 часот во саботата. Двајца мажи на возраст од 37 и 47 години и 29-гоишна жена уапсени се поради сомнеж дека го […]

„Раатот не можеш да го купиш“- електро-акустична ѓурулитија со Џијан Емин во Филхармонија


Во четврток, во 20 часот ќе се одржи концертот насловен „Раат“ – авторски проект на композиторот Џијан Емин со оркестарот на Македонската филхармонија. Концертот е електро-акустичен и претставува премиера на новиот музички проект на Џијан Емин, кој воедно ќе застане и зад пултот со оркестарот на филхармоничарите. „Раат“ е мултимедијална приказна раскажана преку несекојдневен третман на звукот обликуван […]

Земјотрес со јачина од 4,6 степени во БиХ


Босна и Херцеговина е погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтер, јави ЕМСЦ. Епицентарот е забележан на длабочина од 2 километри, 24 километри северозападно од Зеница и 20 км североисточно од Травник. „Во Травник, затресе и траеше околу 5 секунди. Се почувствува како доаѓа“, напиша еден жител на овој босански град на […]

СП2022: Србија брка прва победа, а Бразил и Португалија – осминафинале


ОАЕ –Со натпреварите во групите Г и Х, денес ќе биде завршено второто коло на 22. Светско првенство во фудбал. Денот, од 11 часот ќе го отворат Србија и Камерун. Овие две репрезентации беа поразени во првото коло од Бразил, односно Швајцарија. Три часа подоцна ќе започне натпреварот во Х-групата, Јужна Кореја-Гана. Корејците освоија бод […]

Украина: Русите во Украина ќе испратат единици од Белорусија


Русите се подготвуваат во Украина да распоредат повеќе од своите единици што моментално се наоѓаат во Белорусија, соопшти главниот штаб на оружените сили на Украина. „Во тек е трансфер на руски персонал и воена опрема, со цел да се надополнат единиците кои претрпеа загуби. Руските воени групи на привремено окупираните територии на Украина се очекува да […]

28 ноември во историјата – Фердинандо Магелан стигна до Пацификот


  По пловењето низ опасните теснеци под Јужна Америка кои сега го носат неговото име, португалскиот морепловец Фердинандо Магелан влегува во Тихиот Океан со три брода, станувајќи првиот европски истражувач кој стигнал до Пацификот од Атлантикот. На 20 септември 1519 година, Магелан отплови од Шпанија во обид да најде западен поморски пат до богатите Спајс […]

„Бадникови поворки“ ќе ги презентира активностите за одбележување на Бадник и Божик


 Здружението „Бадникови поворки” денеска на првиот ден од божикниот пост во малата концертна сала на Македонска филхармонија, ќе ги презентира активностите за претстојното одбележување на Бадник и Божик. – По двегодишниот копнеж по бадниковите поворки на радоста во коишто, во последните години учество земаа над 15 илјади деца од 40 градови и населени места низ […]

Кличко му одговори на Зеленски: Нема да бидам вовлечен во политички игри


 Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека нема намера да се расправа, како одговор на критиките упатени од претседателот на државата, Володимир Зеленски, дека не е направено доволно за да се олесни ситуацијата за граѓаните на престолнината кои се соочуваат со недостиг од греење и струја. „Воспоставени се 430 затоплени центри, како поддршка на населението […]

ОН: Австралија мора да ја укине мерката задолжителен притвор за имигрантите


Швајцарија – Комитетот против тортура на Обединетите нации ја повика Австралија да ја укине мерката за задолжителен притвор за сите илегални мигранти, особено практиката притворање малолетни лица и деца. Во документот објавен во петокот Светската организација ја повика Канбера да ја измени легислативата односно да ја подигне возрасната граница за кривина одговорност, која во моментов предвидува […]

Борел: Ако победи Русија, ќе оди кон следната цел


Белгија – Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел смета дека војната меѓу Русија и Украина „можеби нема да заврши, туку ќе замрзне како војната во Кореја“ од пред 70 години. – Во Кореја, двете страни постигнаа примирје и прекин на огнот со воспоставување линија на раздвојување. Ова може да биде излез од овој конфликт, […]

Состојба на патиштата


ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните […]

Словенија донесе закон за деполитизација на јавната телевизија


Словенија – Словенците вчера на референдум усвоија закон со цел да се спречат политичките назначувања во јавната телевизија, откако медиумската клима во земјата се влоши за време на претходниот премиер Јанез Јанша. Изборната комисија ги објави резултатите, според кои повеќе од 62 отсто од гласачите дале согласност законот да стапи во сила, веројатно на почетокот на 2023 година. Неколку здруженија за […]

Тркалезна маса ,,Женското претприемништво и неговата улога во даночниот систем“


Тркалезна маса на тема „Женското претприемништво во Република Северна Македонија и неговата улога во даночниот систем“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Управата за јавни приходи, која оваа година во пресрет на одбележувањето на Денот на даночните работници „Св. Матеј“ во фокус го имаше женското претприемништво.   На настанот ќе присуствуваат директорката […]

Ковачевски во посета на откупен пункт на тутун во Прилеп и на увид на патот Дреново-Фариш   


Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе имаат средба со менаџментот  на Тутунскиот комбинат во Прилеп, по што ќе посетат откупен пункт на тутун.   Според агендата,  премиерот Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми […]