Откриено е истекување во нафтоводот што ја пренесува руската нафта во Европа


Полскиот оператор на нафтоводот Перн синоќа открил истекување на една линија од нафтоводот Дружба што пренесува нафта од Русија во Европа. Перн соопшти дека причината за истекувањето засега е непозната. Откриен е во дел од цевка на околу 70 километри од централниот полски град Плоцк. „Вториот цевковод и другите елементи од инфраструктурата на Перн работат […]

Речиси 500 китови угинаа во масовно насукување близу Нов Зеланд


  Властите на Нов Зеланд денеска потврдија дека 477 китови загинале во две неодамнешни насукувања во, како што ја нарекоа – една од најголемите вакви несреќи во земјата. Насукувањето се случило на пооддалечената група Острови Чатам, на околу 840 километри од источниот брег на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Во саботата 232 животни се насукале […]

Во Битола предавање за насоки и инструкции за шахот како изборен предмет


Oд септември во основните училишта шахот е на листата изборни предмети за прво и второ одделение, а деновиве во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Битола се одржа и предавање на кое беа посочени насоки и инструкции за шахот како изборен предмет за наставниците од основните училишта од Битола насловено „Шах во школи“. Предавањето го […]

Премиера на документарниот оскаровец „Summer of Soul“ во предвечерието на 41. Скопски џез фестивал


Во рамки на фестивалската „програма-плус“ на 41. Скопски џез фестивал, вечер во Кино Фросина, со почеток во 20 часот, ќе биде премиерно прикажан музичкиот документарец „Summer of Soul (…Or, When the Revolution Could Not Be Televised)“. Станува збор за филмско деби остварување на познатиот американски хип-хоп артист Амир „Квестлав“ Томпсон, кој претставува дел музички филм, […]

Млади Руси со јахта побегнале во Јужна Кореја, одбиен им е влезот


Повеќе од 20 Руси впловиле со јахти во Јужна Кореја, во очаен обид да избегнат мобилизација во Русија, но на повеќето им е одбиен влезот, јавија повеќе медиуми. Откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација на 21 септември, дојде до егзодус на мажите на возраст за служење воен рок од Русија, иако повеќето бегаа […]

Москва: Експлозивот употребен на мостот на Крим бил испратен од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија


  Експлозивот употребен на мостот на Крим бил испратен од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија, тврди руската Федерална служба за безбедност, пренесе БТА. Како организатор на експлозијата, посочен е шефот на украинското воено разузнавање Кирил Буданов. Петмина државјани на Русија, тројца државјани на Украина и на Ерменија се приведени поради учество во експлозијата, која […]

Зеленски притиска врз сојузниците да испорачаат дополнителна воена помош за Украина


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски очекува позитивен одговор од денешниот состанок на западните сојузници на Украина за неговите барања за итно зголемување на воената помош за неговата земја. Коалицијата од педесеттина земји предводена од САД, позната како Контакт-група за одбрана за Украина, ќе се состане денеска во Брисел, на маргините на состанокот на министрите за […]

Експлозии во анектираните градови Херсон и Мелитопол


  Во градот Херсон рано утринава се слушнале пет експлозии, јавија руските медиуми додавајќи дека според неофицијални информации, активирани биле системите за противвоздушна одбрана. Херсон, административниот центар на поширокиот истоимен регион, беше еден од првите градови што паднаа во рацете на руските сили од почетокот на инвазијата на Украина во февруари. Иван Фјодоров, прогонетиот градоначалник […]

Асанж номиниран за наградата „Сахаров“


  Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, е номиниран за наградата „Сахаров“, која е признание што Европската унија го доделува на поединци и групи кои го посветиле својот живот во одбрана на човековите права и слободата на мислата. Покрај него номинирани се и украинскиот претседател Володимир Зеленски и Комисијата за вистина од Колумбија. Номинациите мора да […]

САД ги повикуваат сојузниците да забрзаат со исплатата на ветените средства за Украина


  Американската министерка за финансии Џенет Јелен ги повика партнерите и сојузниците да ја забрзаат исплатата на ветената финансиска помош за Украина додека Русија продолжува со своите „варварски“ напади врз соседната земја. Јелен изрази сочувство до украинскиот министер за финансии Серхи Марченко и високите украински претставници за најновите руски напади насочени кон главниот град Киев […]

Повеќето бугарски парламентарни партии не ја сакаат руската амбасадорка на конститутивната седница на новото собрание


  Како што пренесуваат повеќето бугарски електронски медиуми, една недела пред конститутивната седница на 48. Народно собрание, на неформален состанок, претставници на седумте парламентарни партии разговарале за тоа како ќе се одвива првата седница, закажана за 19 октомври. Како што јави дописникот на МИА од Софија, причина за сериозен проблем меѓу нив станало прашањето дали […]

Прв саем на електомобили во „Ист Гејт Мол“ во Скопје


  Под мотото „Возиме на струја“, од денеска до недела во „Ист Гејт Мол“ ќе се одржи  првиот саем на електромобили. Возилата од брендовите на Tesla, Alfa Romeo, Fiat, Porsche, Citroen, MG Motors, Toyota, Volkswagen, Opel Corsa, Seres и Yoyo, ќе бидат изложени на различни места во центарот на приземјето во трговскиот центар. Сите љубители […]

„Форбс“: Маск разговарал со Путин пред да ги објави своите идеи за крај на војната во Украина


  Елон Маск, најбогатиот човек во светот, зборувал со рускиот претседател Владимир Путин пред да ги каже своите идеи за разрешување на војната во Украина, кои главно се поклопуваат со барањата на Путин, објави синоќа изданието Форбс. Магазинот го цитира Јан Бремер, основач на инвестицискиот фонд “Евроазија груп”, иако Маск веднаш ја демантираше веста. Според […]

Научен собир за Јован Павловски по повод 85 години од неговото раѓање и 65-годишната творечка дејност


  Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, денеска, напладне, во просториите на ИМЛ, ќе ги одбележи двата јубилеја на македонскиот писател, поет, раскажувач, енциклопедист и публицист Јован Павловски: 85 години од неговото раѓање и 65 – годишната творечка дејност. Собирот ќе го отвори претседателката на Организациониот одбор проф. д-р Лорета […]

Бајден: Путин погрешно ја процени неговата војна против Украина


  Американскиот претседател Џо Бајден смета дека рускиот претседател Владимир Путин погрешно ја проценил неговата војна против Украина. -Мислам дека [Путин] е рационален играч кој погрешно пресметал, изјави Бајден во интервјуто дадено за телевизијата „Си-Ен-Ен“. Тој смета дека иако верува дека Путин постапува рационално, неговите цели во Украина „не биле рационални.” -Ако го преслушате говорот […]

И утринава експлозии во Николајев и Запорожје, тревога за воздушен напад во Киев


  Украинската државна телевизија јави дека денеска, во раните утрински часови, се слушнале експлозии во украинските градови Николајев и Запорожје, додека во главниот град Киев се слушале сирени за воздушен напад. -Експлозиите се во Запорожје, потврди шефот на градската администрација Александар Старух, пренесува Тасс. Извештаите за експлозии во Николајев и сирените за воздушни напади во […]

Г7 вети дека Путин ќе одговара за воените злосторства во Украина


  Групата седум (Г7) водечки индустриски земји на вчерашниот состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе побара одговорност од рускиот претседател Владимир Путин по неодамнешните руски напади врз цивилната инфраструктура во Украина. „Најсилно можно ги осудуваме овие напади и потсетуваме дека неселективните напади врз невиното цивилно население претставуваат воено злосторство. Претседателот Путин и […]

Нова странска инвестиција во ТИРЗ Струга, официјално отворање на „Магна Мирорс“


  Во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга денеска ќе биде отворена канадската компанија „Магна Мирорс“ која произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на најзначајните производители на автомобили во светот. На официјалното отворање најавено е обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, потпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“ Дејвид Креспи и директорот на ТИРЗ Јован Депотовски, […]

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати


  Најмалку 43 лица загинаа во големо лизгање на земјиштето во северна Венецуела, а повеќе од 50 се сметаат за исчезнати, соопшти потпретседателката на земјата Делси Родригез. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро рече дека потрагата по преживеани од лизгањето на земјиштето во саботата во Лас Техеријас, на околу 50 километри југозападно од Каракас, ќе продолжи, и […]

Бектеши во Прага на неформален состанок на Советот за енергетика на ЕУ


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја продолжува посетата на Прага, Република Чашка каде што присуствува на неформалниот состанок на Советот за енергетика на Европската унија организиран од Чешкото претседателство со Советот на ЕУ. На неформалниот министерски состанок, како што соопшти Министерството за економија, покрај земјите членки на ЕУ, присуствуваат и земјите од Западен Балкан. […]