Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море


  Северна Кореја денеска истрела неодредена балистичка ракета кон Јапонското Море, соопшти јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирајќи ги здружените Генералштабови на Сеул. Военото раководство на Јужна Кореја првично не даде други детали, пренесе ДПА. Северна Кореја последен пат завчера тестираше стратешки крстаречки ракети со долг дострел, според државната новинска агенција КЦНА. Проектилите биле истрелани од […]

Ковачевски ќе се обрати на настанот „На европскиот пат: нови реформи, нови можности“


  Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан посветен на Извештајот на ЕК: „На Европскиот пат: нови реформи, нови можности”, во организација на Секретаријатот за европски прашања. Организаторите на настанот најавија учество и на претседателот Стево Пендаровски, чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и на шефот на дипломатијата Бујар […]

Годишен собир на „Википедијанци“ од Централна и Источна Европа во Охрид


Во Охрид од денеска до недела ќе се одржи 11. годишен собир на „Википедијанци“ од Централна и Источна Европа – Wikimedia CEE Meeting 2022. Главен фокус на конференцијата се проектите на Викимедија (Википедија и слични проекти) во земјите и заедниците од Централна и Источна Европа, а ќе учествуваат над 120 „Википедијанци“ од повеќе држави. Собирот […]

Втор ден меѓународна конференција „Жените во надворешната политика“


  Во Скопје денеска ќе продолжи втората меѓународна конференција „Жените во надворешната политика“, во организација на Министерството за надворешни работи (МНР), а под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски. Во фокусот на конференцијата оваа година се темите за вклученоста на жените во меѓународните односи, нивната улога во креирањето политики, водењето преговори, справувањето со конфликти и обезбедувањето одржлив мир. Целта […]

Настап на перкусионистот Хамид Дрејк на Скопскиот џез фестивал


  Годинешниот 41. Скопски џез фестивал што почна синоќа со концертот на ансамблот Exploding Star Orchestra, предводен од неприкосновениот лидер на чикашката авангарда, прославениот трубач, композитор, аранжер и визуелен артист Роб Мазурек, продолжува вечер во Националната опера и балет со специјалниот проект Turiya на џез-перкусионистот број еден во светот Хамид Дрејк. Turiya е посветен на […]

Во Музејот на македонската борба почнува фестивалот „Златна лира“


  Фестивалот на камерна музика „Златна лира“ почнува вечер во Музејот на македонската борба со концерт на сопранот Биљана Јосифов, во пијано придружба на Иван Еминовиќ. Овој фестивал традиционално секоја година во октомври го организира Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). Програмата на концертот е посветена на оперското творештво на Волфганг Амадеус Моцарт, а […]

Прва самостојна изложба на Стефани Хаџи Николова во галерија Грал


Во галеријата Грал во Скопје вечерва од 20 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Стефани Хаџи Николова. На изложбата ќе бидат претставени 30 најнови дела од циклусот „Феникс“ што е воедно и наслов на изложбата. Годинава таа беше учесник на три меѓународни ликовни колонии во Србија, Косово и Бугарија. 

Облачно, свежо и врнежливо


Времето денеска ќе биде облачно, свежо и врнежливо. Наместа врнежите ќе имаат пороен карактер, а во вечерните часови ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени. Во Скопје облачно, свежо и врнежливо, повремено врнежите ќе имаат пороен карактер. Максималната температура […]

Одрони на патот Демир Хисар – Кичево, сообраќајот се одвива по една лента


   Поради одрони од поголеми карпи на регионалниот пат Демир Хисар – Кичево во близина на рибникот Белица, од утрово во 06:15 часот сообраќајот на овој патен правец се одвива само на една коловозна лента. На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските […]

Фармерки „левис“ од 19. век пронајдени во рудник продадени за 87.000 долари


  Еден пар фармерки „левис“ од 1880-тите се продадени на аукција во мал град во Ново Мексико (САД) за повеќе од 87.000 долари. Фармерките — пронајдени во напуштен рудник од „археолог за џинс“ — ги купиле 23-годишниот Кајл Хаутнер и Зип Стивенсон, ветеран на пазарот за винтиџ тексас. „Немавме никакви планови да ги купиме фармерките […]

Русија објави дека ќе го евакуира Херсон, украинските сили се доближуваат до градот


  Москва објави дека ќе го евакуира Херсон по апелот на шефот на регионот, инсталиран од Русија, што ги зголемува стравувањата дека окупираниот град во срцето на јужната украинска област ќе стане нова линија на фронтот. Марат Хуснулин, руски заменик-премиер, во четвртокот изјави за државната телевизија дека на жителите ќе им биде помогнато да се […]

Топката со која Марадона постигна два гола против Англија на СП 1986 се продава на аукција 


Англија– Топката со која Диего Армандо Марадона ги постигна двата гола во победата на Аргентина над Англија (2-1) во четвртфиналето на Мундијалот 1986, првиот познат како „Божја рака“, а вториот наречен „Гол на столетието“ идниот месец ќе биде продадена на аукција во Велика Британија.  Проценките се дека топката може да достигне цена меѓу 2.9 и 3,4 милиони […]

Утре од Нова Градишка започнува 15. ултрамаратон за Тоше


Дванаесет учесници кои ќе го трчаат 15. ултрамаратон во чест на Тоше Проески денеска претпладнето пристигнаа во Загреб, Хрватска. Тие утре попладне во 16:30 часот од Нова Градишка ќе го започнат ултрамаратонот пред неговото спомен-обележје во Нова Градишка, а в недела, на годишнината од неговото загинување, ќе пристигнат во Крушево. Како што информира Лефкија Гажоска, […]

Прва рунда разговори во Советот на ЕУ за визна либерализација за Косово


Белгија – Работната група за визна политика на ЕУ денеска за прв пат одржа разговори за иднината на визната либерализација на Косово, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова попладнево го соопшти чешкото претседателство со ЕУ. Косово е единствената земја од шесте западнобалкански чии граѓани не уживаат слободен визен режим со ЕУ. Денеска работната група за […]

Земјите од ЕУ ќе добијат уште 3,5 милијарди евра за украинските бегалци


Белгија– Земјите-членки на Европската Унија ќе добијат уште 3,5 милијарди евра за помош на украинските бегалци, јави ДПА. Средствата ќе се обезбедат од европските фондови за регионален развој. Одлуката за нивно обезбедување денеска во Луксембург ја донесоа министрите за правда на земјите од ЕУ. Ослободувањето на средствата беше предложено од Европската Комисија и одобрено од […]

ММФ бара светските креатори на политики да спречат неконтролирана инфлација


САД– Генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева денеска ги повика светските креатори на политики да спречат неконтролирана инфлација во време на глобални економски превирања. Таа нагласи дека светската економија е „погодена од еден шок по друг“, пандемијата на коронавирус, руската инвазија врз Украина и повторен раст на инфлацијата, додавајќи дека ограничувањето на […]

Кражба во две возила на екипата од Турција што снимала во Скопје


Турски државјанин M.E.(35) синоќа пријавил во Полициската станица Центар дека во 11:20 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, едно лице одзело паричници со пари и други предмети од две возила на екипа која снимала на локацијата, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи. Според пријавеното, лицето употребило и физичка сила кон лице од Република Турција кое се обидело […]

Промоција на Балканскиот водич за финансирање на проекти во областа на културата


  На 14 октомври  во 17:30 часот во просториите на Europe House ќе се одржи информативна сесија која има за цел да ја подигне свеста за различните европски и национални финансиски фондови кои финансираат проекти поврзани со културата во Северна Македонија. Настанот ќе го промовира и Балканскиот водич за финансирање на проекти во областа на […]

„Еуроникел“ ќе ја вклучи електропечката ако државата помогне да најде струја за 150-180 евра за мвч.


„Еуроникел“ (поранешен Фени) веќе трет месец е без производство, а на 30 септември електропечката во целост беше изгасната. Компанијата која вработува околу 1.000 луѓе, што ја прави еден од најголемите работодавачи во државата, од 15 септември ги испрати своите вработени на принуден одмор, при што 25 отсто се на работа, по принципот на ротација. Генералниот […]

Излезе од печат новиот број на „Стожер“


Деновиве излезе од печат новиот број на Ревијата за литература, култура и уметност „Стожер“, што ја објавува Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Како што соопштија од ДПМ, во овој број, трет од оваа година, меѓу другото се објавени следните прилози – писмо до Рацин од Весна Мојсова-Чепишевска, избор современа албанска поезија во Македонија подготвен […]