„Квин“ објави изгубена песна снимена со Фреди Меркјури пред повеќе од 30 години


  САД– „Квин“ објави изгубена песна снимена со Фреди Меркјури пред повеќе од 30 години. Оригинално снимена за време на сесиите за албумот „The Miracle“ од 1988, песната „Face It Alone“ не влегла на албумот и потоа била заборавена. Таа повторно била откриена во архивите кога продукцискиот тим на „Квин“ го подготвувал реиздавањето на албумот. […]

ЕК нотира генерално поволна клима за слободата на медиумите и потпросечни плати за новинарите


Северна Македонија е умерено подготвена во сферата на слободата на изразувањето и генерално бележи лимитиран прогрес во однос на претходните препораки на Европската комисија. Генерално има поволна клима за слободата на медиумите и овозможено е критичко медиумско известување, иако беа забележани одредени тензии за време на минатогодишните локални избори. Економската неизвесност и натаму е предизвик […]

Документарецот „Љубовната соба“ на Сузана Диневски селектиран на фестивалите во Лајпциг и Амстердам


Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски е поканет да биде дел од ексклузивниот маркет на ДОК програмата во рамки на Меѓународниот фестивал за документарни и анимирани филмови во Лајпцинг, Германија од 17 до 23 октомври 2022 година.  „Љубовната соба“, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, Сузи Кју продукција […]

Најмногу дожд во Крушево – 47 литри на кавдрат


 Најмногу дожд во изминатово деноноќие наврна во Крушево 47 л/м2, на Попова Шапка 42, во Скопје – Петровец 28, во Куманово 27, Пожаране и Битола 25, Маврови Анови 23, Скопје – Зајчев Рид, Тетово и Ѓуриште 22, Охрид 19,  Претор, Тополчани и Прилеп 17, Лазарополе 16, Штип 14, Крива Паланка десет, Берово осум, Гевгелија седум, […]

Амбер Херд поднесе жалба против пресудата во полза на Деп


  Амбер Хард поднесе жалба од 16 точки против пресудата со која ѝ се наложува на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп да му плати 15 милиони долари за клевета. Адвокатите сметаат дека немало „доволно јасни докази за зла намера“, што е еден од предусловите што мора да се задоволат за некој да биде осуден за […]

Малолетник уби пет лица во главниот град на Северна Каролина


Во главниот град на американската сојузна држава Северна Каролина, Рaли, денеска е уапсен вооружен малолетник, откако претходно убил пет лица, вклучувајќи и полицаец кој не бил на должност, соопштија градските власти. Осомничениот за нападот, за кој засега ништо не се знае, ранил неколку лица, меѓу кои и полицаец кој работел со кучиња. -Неговиот живот не […]

Со проекција на „Иста крв“ од програмата „Боите на Португалија“ се затвора 7. МФФ Киненова


Годинашното седмо издание на МФФ Киненова покрај ирската и полската кинематографија, во фокусот го става и португалскиот филм преку програмата „Боите на Португалија“, во рамките на која се поместени филмовите „Иста крв“ и „Табу“. На филмофилската јавност, португалската кинематографија и е позната главно по делата на легендарниот Маноел де Оливеира и достигнувањата на претставниците на […]

Украина: Минатиот месец ослободени повеќе од 600 населени места, од нив 75 во регионот Херсон


  Украинската армија изминатиот месец ослободила од руска окупација повеќе од 600 населени места, од кои 75 се во стратешки исклучително важниот регион Херсон, соопшти украинското Министерство за реинтеграција на привремено окупираните области. Според синоќа објавеното соопштение на Министерството, околу 500 населби се ослободени во североисточниот регион Харков, каде што украинските сили постигнале голем напредок […]

„Спејс икс“ не може повеќе да го плаќа интернетот за Украина, бараат Пентагон да го преземе финансирањето


  Откако минатата пролет прв пат почнаа да стигнуваат во Украина, сателитските интернет терминали „Старлинк“ кои ги направи „Спејс икс“ на Елон Маск, беа витален извор нза комуникација за украинската војоска. Сателитските интернет теминали овозможија украинкската војска да може да се бори и да остане поврзана дури и откако мобилните телефонски и интернет врски во […]

Против Маск покрената истрага за неговите постапки во врска со Твитер


  Американските федерални власти покренаа истрага против американскиот милијардер Илон Маск поради неговото однесување при преземањето на компанијата Твитер, се наведува во судскиот поднесок. Иако е наведено дека е под истрага, не е точно прецизирано кој е фокусот на истрагата и кои федерални власти ја спроведуваат. Маск побара од судијата минатата недела да го одложи неговиот процес со Твитер […]

Синдикатите го вклучија алармот поради најавите за намалување на платите, Владата смирува


  Владините препораки за намалување на расходите на буџетските корисници предизвикаа бурни реакции во јавноста. Синдикатите реагираат дека со тоа се кратат работничките права и дека не смее да се суспендираат колективните договори, додека од Владата уверуваат дека нема да има кратење на платите и на работничките права. Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека консолидацијата […]

Ирански лекари обвинуваат дека шефот на Медицинскиот совет ги прикрива причините за смртта на Махса Амини


  Повеќе од 800 членови на Медицинскиот совет на Иран го обвинија шефот на организацијата дека им помага на властите во прикривањето на причината за смртта на Махса Амини, младата жена која почина во притвор каде беше ставена поради носење несоодветна облека. Како што јави „Радио Слободна Европа“, шефот на иранскиот медицински совет, Мохамад Раизадех, […]

Во Турција усвоен закон што предвидува затворски казни за ширење дезинформации


  Турскиот парламент синоќа усвои Закон што наводно има за цел борба против лажните вести и дезинформациите, со оспорувани одредби што предвидуваат и затворски казни за ширење дезинформации. Најконтроверзната одредба во новата легислатива, членот 29, предвидува казна затвор до три години за ширење информации што се „спротивни на вистината” за прашања од областа на безбедноста, […]

Конгресниот комитет му нареди на Трамп да сведочи и да ги предаде документите за нападот на Капитол, Трамп го осуди како „фијаско“


  Комитетот на американскиот Конгрес кој го истражува нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, изгласа да му се нареди на поранешниот претседател Доналд Трамп да предаде документи и да сведочи за настанот. Комитетот, составен од седум членови на Демократската партија и двајца републиканци, едногласно одлучи да му нареди на Трамп да ги предаде […]

Северна Македонија треба значително да ги засили амбициите во однос на зелената транзиција, препорачува ЕК


  Северна Македонија треба значително да ги засили амбициите во однос на зелената транзиција, особено во контекст на Зелената агенда за Западен Балкан. Во текот на наредната година земјата особено треба да ги забрза напорите за намалување на загаденоста на воздухот на локално и национално ниво, како и за намалување на дифузното загадување на слатководните […]

Руските сили повторно го ракетирале градот Запорожје


  Руските сили извршиле уште еден ракетен напад врз градот Запорожје, а во еден од окрузите избувнал пожар, пренесуваат украинските медиуми. Шефот на регионалната воена управа на Запорожје, Олександар Старух, ја потврди информацијата дека во раните утрински часови Русите уште еднаш истрелале ракети кон украинскиот град Запорожје. Старух подоцна појасни дека нападот бил извршен со […]

Шефот на МААЕ гледа напредок во разговорите со Киев и Москва околу нуклеарката „Запорожје“


Постигнат е одреден напредок во разговорите по прашањето за нуклеарната централа „Запорожје“ во Украина што е под руска контрола, соопшти шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. „Работата продолжува и верувам дека добро напредуваме”, рече Гроси доцна синоќа во врска заложбите на Агенцијата за воспоставување безбедносна зона околу нуклеарниот капацитет, за што […]

Закажано продолжение на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница


  Во Основниот суд во Тетово денеска треба со почеток во 10 часот треба да се одржи рочиште во судскиот процес за пожарот во тетовската модуларната болница. Судењето требаше да почне на 6 септември, но беше презакажано за денеска, откако судијата Јордан Велковски го одложи почетокот на процесот поради отсуство на двајца од тројцата обвинети. […]

Меѓународна уметничка изложба на „ААмА“ во битолскиот Офицерски дом


Ликовната есенска сезона во битолскиот Офицерски дом почна со 19. издание на големата меѓународна ликовна изложба „ААмА“. „ААмА“ ќе биде изложена во светските галериски простори во познатите центри во Европа, Африка, Азија и Америка, а во Северна Македонија изложбата доби поддршка и одговор од 120 уметници од 80 држави. – Во подготовката, селекцијата, кураторството и […]

Околу 1,4 милиона деца под петгодишна возраст од Јужен Судан страдаат од неухранетост


  Во Јужен Судан, земја која се бори со тешка криза со глад поради честите поплави и вооружените конфликти, околу 1,4 милиона деца, на возраст под пет години, страдаат од неухранетост, предупреди денеска невладината организација „Спасете ги децата“(Save the Children). Најмладата земја во светот, жртва на политичко-етничко насилство и хронична нестабилност од нејзината независност од […]