Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море


 

Северна Кореја денеска истрела неодредена балистичка ракета кон Јапонското Море, соопшти јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирајќи ги здружените Генералштабови на Сеул.

Военото раководство на Јужна Кореја првично не даде други детали, пренесе ДПА.

Северна Кореја последен пат завчера тестираше стратешки крстаречки ракети со долг дострел, според државната новинска агенција КЦНА. Проектилите биле истрелани од западниот брег и летале речиси три часа.

Нуклеарно вооружената Северна Кореја изврши низа ракетни тестови во последните две недели.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарна боева глава.