Пендаровски до Софија: Немаме време да смируваме нечиста совест


  Претседателот Стево Пендаровски, откако го оцени значењето на извештајот на ЕУ во контекст на започнатите преговори за членство, забележа дека тој доаѓа во време на растечки европесимизам меѓу македонските граѓани, како резултат на бавната евроинтеграција. Според него, јасно е дека досегашниот застој се должеше не само на недостигот на реформи, туку пред се на […]

Пендаровски: Во Македонија законите се применуваат во зависност од имотната состојба и статусот


Претседателот Стево Пендаровски, зборувајќи за извештајот на ЕУ на форумот организиран од СЕП,  оцени дека законите во Македонија се применуваат селективно, сугеррирајќи дека тие што имаат пари и статус – не одговараат.   „ Во текот на изминативе 17 долги кандидатски години, сведоци сме на многу започнати, а недовршени реформи и уште повеќе на бројни донесени, […]

„Сите го видовме“: Анти-Ши Џинпинг протестот го електрифицира кинескиот интернет


  Кинеските власти строго ја цензурираа дискусијата за реткиот протест во Пекинг во четвртокот на кој се развија големи транспаренти на надвозник со повикување на бојкот и смена на Ши Џинпинг, само неколку дена пред најважниот настан во Кина од нејзиниот петгодишен политички циклус. Фотографии и видеа од протестот на мостот Ситонг се појавија на […]

Одложена грејната сезона во Белград, градот ќе штеди


Градскиот совет во Белград, Србија, донесе одлука, во согласност со временските прилики, но и поради состојбата со енергенсите во светот, да ја одложи грејната сезона во Белград, која треба да почне утре, 15 откомври. Како што рече градоначалникот Александар Шапиќ, Градскиот штаб ги следи состојбите и временската прогноза, па ќе ги извести „Белградските електрани“ кога […]

Османи: Ако не се обединиме околу преговорите со ЕУ, ќе заглавиме


Сега е време за поблиска соработка меѓу политичките партии, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, посочувајќи на уставните измени, реформите за ЕУ што треба да се спроведат, енергетската и економската криза. Во однос на преговорите со ЕУ, Османи смета дека лидерите на политичките партии треба да се сретнат и да си подадат рака, […]

Штип есенва добива Сити Мол


  Оваа есен, граѓаните на Штип и цела Источна Македонија ќе добијат нова дестинација за шопинг и забава. Првиот трговски центар во Штип – Штип Сити Мол е во завршна фаза и со нетрпение чека да ги отвори вратите за сите посетители. Овој нов трговски центар на граѓаните, но и на градот Штип ќе им […]

Алиспахиќ: Треба да се направи дистинкција помеѓу сообраќајката во Бугарија и судењето за случајот „Беса Транс“


Треба да се направи дистинкција помеѓу немилиот настан што се случи во Бугарија минатата година и овој судски процес, бидејќи тие не се меѓусебно поврзани. Ова е процес исклучиво по поднесен обвинителен предлог во делот на работењето на самото правно лице, изјави денеска адвокатот Асмир Алиспахиќ, застапник на обвинетиот во случајот „Беса Транс“. – Ние […]

Мукаетов: Македонија првпат домаќин на Европско првенство – да покажеме сите заедно зошто сме спорт број еден!


Македонија за првпат во својата историја ќе биде домаќин на Европско сениорско првенство во екипен спорт, сето тоа благодарение на спортот број еден во државата – ракометот. Од 4. до 20. ноември оваа година покрај Љубљана, Цеље и Подгорица, и Скопје ќе биде домаќин на Европското сениорско првенство за жени. Како најава за големиот спортски […]

Анализите за летното сметање на времето се уште се прават, се чека мислење од МАНУ и Бирото за метрологија


Министерството за економија се уште ги прави анализите за можноста да остане летното сметање на времето, иако министерот за економија Крешник Бектеши во понеделникот изјави дека тие би требало да бидат готови до крајот на неделава. Побарано е мислење од МАНУ и од Бирото за метрологија и штом се добие нивното мислење, како што вчера […]

Србија го ризикува безвизниот режим со ЕУ ако не го намали приливот на мигранти


Србија – Србија го ризикува безвизниот режим со ЕУ доколку не го намали приливот на мигранти од трети земји кои патуваат без визи на нејзината територија, а потоа кон ЕУ, тврдат европски дипломатски извори пред состанокот на министрите за внатрешни работи во Луксембург, јави РТС. Министрите за внатрешни работи денеска ќе разговараат за мерките за одговор […]

Законот за бугарските здруженија од понеделник во Собранието


 Во понеделник во Собранието ќе биде поднесен предлог закон за регистрирање на здруженија и фондации од страна на ВМРО-ДПМНЕ со кој ќе се отвори простор да се стави крај на провокациите со ставање неприфатливи имиња на наводно културните клубови, што преставниците на бугарското малцинство ги отвораат во државата на неделна основа. Според најавите, построи расположение […]

Регистрирани 70 случаи со Ковид-19 и 60 оздравени пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 629 тестови, а регистрирани се 70 нови случаи со КОВИД-19 и 60 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, нема регистрирани починати лица, соопшти Министерството за […]

Опра Винфри откри дека лани имала двојна операција на коленото 


  САД– Опра Винфри (68) откри дека лани имала двојна операција на коленото.  Водителката и најмоќната медиумска фигура проговори за операциите за време на часот „Животот што го сакате“ . „Во август имав операција на коленото, а во ноември имав уште една операција на коленото“, изјави Винфри. Закрепнувањето од првата операција беше толку болно што […]

Франција и Македонија потпишаа договор за соработка во одбраната


  Министерката за одбрана Славјанка Петровска и францускиот министер за вооружени сили Себастијан Лекорну денеска во Париз по одржувањето на официјалната средба, го потпишаа Договорот за соработка во областа на одбраната. Тој е прв од ваков вид меѓу двете земји и следува по потпишувањето на договорот за набавка на воена опрема од француско производство. На […]

SpaceX на Илон Маск не сака веќе да плаќа за сателитските услуги во Украина


  SpaceX на Илон Маск му соопшти на американското Министерство за одбрана дека повеќе не може да продолжи со финансирање на сателитската мрежа Старлинк за Украина и побара тоа да ги преземе трошоците. Ова го објави Си-Ен-Ен, кој ги имаше на располагање документите на компанијата. По почетокот на војната во Украина, SpaceX одлучи да ѝ […]

Розов дијамант продаден за рекордни 57,7 милиони долари


Хонг Конг – Розов дијамант е продаден на аукција во Хонг Конг за 57,7 милиони долари, со што е поставен светски рекорд за највисока цена по карат за дијамант купен на наддавање, соопшти денеска аукциската куќа „Сотбис“. Скапоцениот камен од 11,15 карати што беше продаден на 7 октомври е од рудникот „Вилијамсон“ во Танзанија. Наречен […]

Првото рочиште за случајот „Беса Транс“ одложено за 15 ноември


 Првото рочиште од судењето за „Беса Транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани, е одложено за 15 ноември. Одлагањето уследи бидејќи не беа исполнети условите за одржување на јавна расправа поради тоа што обвинетото правно лице немаше официјален застапник. На судењето, обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител […]

Протести во повеќе градови низ БиХ поради убиството на жена од страна на нејзиниот сопруг


Мирна протестна прошетка ќе се одржи денеска во повеќе градови низ Босна и Херцеговина, во знак на бунт поради неодамнешното убиство во земјата, кога сопруг ја задави својата сопатничка. За конечно на ваквите злосторства да им се „стави крај“ и да се санкционираат преку судските институции, во Босна и Херцеговина во знак на бунт ќе […]

Краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ на Лидија Мојсовска на филмскиот фестивал во Талин


Краткиот филм “Само ѓаволот се плаши од вода” во режија на Лидија Мојсовска, својата интернационална премиера ќе ја има на фестивалот за краток филм PÖFF Shorts, кој е дел од фестивалот Black Nights Film Festival – PÖFF во Талин, Естонија. PÖFF Shorts ќе се одржи од 15 до 23 ноември 2022 година. Главните улоги ги […]

Доделување на наградата „Роман на годината“- лауреат Симона Јованоска


В понеделник (17 октомври) во 20 часот во кафе барот „Филхармонија“ (во зградата на Филхармонија на РСМ) Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе ја додели наградата „Роман на годината“ за 2021 година. Годинашен лауреат на наградата е Симона Јованоска за романот „Денот на црвот“ („Или-или“, 2021).   -Романот „Денот на […]