Конкурс за стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии на МБА-програмата за 2022/2023


Распишан е Конкурсот за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии за паневропската извршна МБА-програма на Универзитетот Јорк за академската 2022/2023 година. Стипендиите покриваат уписнина за 20 студенти за вонредни двегодишни студии од втор циклус, кои се реализираат во Солун, со двојна диплома – од Универзитетот Јорк во Обединетото Кралство и Универзитетот во Стразбур во […]

Бројни спортски настани откажани во Велика Британија по смртта на кралицата Елизабета


Бројни спортски настани во Велика Британија се откажани по смртта на кралицата Елизабета Втора, која почина вчера на 96-годишна возраст. Во знак на жалост по повод смртта на британската кралица, денешниот дуел во англискиот Чемпионшип меѓу Барнли, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, и Норич е откажан, а нема да се одигра и натпреварот во Лига 2 […]

Радосни и горди – отворен јубилејниот Фестивал на камерен театар “Ристо Шишков“ во Струмица


Завесата на 30-то, јубилејно, издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој традиционално почнува на Денот на незевисноста, синоќа ја кренаа актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“, варијација на драмата на Мирослав Крлежа во режија и адаптација на Бранко Брезовац. Годинашното фестивалско издание почна со изложба на фотографии од досегашните […]

Библиотеката во Битола организира кампања за подигнување на свеста за читање книги


НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола организира кампања за подигнување на свеста на важноста за читање, учество на библиотеката во процесот на формално и неформално образование, читање од раната возраст и сите фази во човековиот живот, вклучувајќи го и слободното време поминато на креативен и образовен начин. Кампањата се реализира меѓу учениците од основните и средните […]

Се бара притвор за битолчанец што ја малтретира својата поранешна сопруга


Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста. Осомничениот ја загрозил сигурноста на неговата поранешна сопруга, непочитувајќи го решението на Основен суд Битола со кое му била изречена забрана да се заканува дека ќе стори семејно […]

Швјонтек и Жабер во женското финале на УС Опен


  Полската тенисерка Ига Швјонтек и Он Жабер од Тунис ќе играат во финалето на последниот грен–слем турнир сезонава УС Опен во Њујорк. Швјонтек, која е најдобро рангирана на ВТА листата, ја совлада во полуфиналето белоруската ривалка Арина Сабаленка со 3-6, 6-1, 6-4, додека петта тенисерка во светот Жабер беше подобра од Каролин Гарсија од […]

Гигантите на глобалниот бизнис и одадоа почит на кралицата Елизабета Втора


Милијардерот сер Ричард Бренсон изјави дека кралицата го редефинирала лидерството – живеејќи „живот на служење, залагајќи се за најдоброто од британските вредности, обезбедувајќи благодат и доследност во светот кој постојано се менува“. Извршниот директор на Епл Тим Кук, рече дека нема „ништо поблагородно од тоа да го посветиш својот живот на служење на другите“. Основачот на Амазон, Џеф Безос, […]

(Видео) И мечето Падингтон се прости од кралицата Елизабета


На почетокот на јуни беа одбележани 70 години кралицата Елизабета на британскиот трон, а во таа прилика на Јутуб е поставено видео со мечето Падингтон. По веста за нејзината смрт, на социјалните мрежи се прости тоа. Во видеото кое беше снимено за одбележување на 70 години владеење на кралицата, се гледа како мечето Падингтон пие […]

Ердоган потврди: Уапсен е Абу Зеид, лидер на Исламска држава


Турската полиција го уапсила Башар Хатаб Газал ел Сумајдал, попознат како Абу Зеид, кој е еден од лидерите на терористичката организација Исламска држава. Веста ја потврди и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пренесе Анадолија. Абу Зеид е уапсен во Турција, во операција која ја спроведоа полицијата и турската разузнавачка агенција, рече вчера Ердоган на […]

Генералниот секретар на ОН повика на глобален одговор на катастрофалните поплави во Пакистан


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска го повика светот да се обедини во поддршка на Пакистан каде пристигна во екот на катастрофалните поплави, јави ДПА. Третина од Пакистан моментално е под вода по големите поплави предизвикани од двомесечните рекордни монсунски дождови, во кои досега загинаа 1.391 лице, а уништена е и инфраструктура и егзистенција на милиони луѓе. Најмалку […]

Само три отсто од домашните тур-оператори ја продаваат земјава како дестинација


Нов модел за субвенции во домашниот туризам кој наредните две до три години ќе генерира повеќе од половина милион ноќевања, предлага АППТ. Моделот базира на категоризација на сместувачките капацитети. Еден од предлозите на Агенцијата за да се достигне бројката од 500 000 до 700 000 ноќевања, е и К-15 на сите вработени во земјава да […]

Чарлс утре официјално ќе биде прогласен за крал


Англија – Чарлс Трети утре официјално ќе биде прогласен за крал во палатата Сент Џејмс во Лондон, пред церемонијално тело познато како Пристапен совет. Крунисувањето би можело да се случи за неколку месеци, јавија денеска британските медиуми. По смртта на кралицата Елизабета Втора, крал автоматски станува нејзиниот син Чарлс (73), кој е и најстар наследник на британскиот […]

Од химната до парите, се се менува по смртта на кралицата


Англија– Од ново лице на банкнотите и поштенските марки до текстот на националната химна, Британија ќе претрпи одредени промени по смртта на кралицата Елизабета Втора. и стапувањето на тронот на нејзиниот син Чарлс Трети. Зборовите на британската национална химна, која потекнува од 18 век, ќе се сменат од „Боже чувај ја кралицата“ во „Боже чувај го кралот“. Според веб-страницата на […]

Продолжува дебатата за предлозите за уставни судии пред матичната собраниска комисија


  Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да ја продолжи дебатата за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Членовите на комисијата во средата расправаа за предлогот Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, да биде уставен судија. Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, функцијата уставен […]

Камила ќе биде кралица, но без овластувањата на суверенот


Англија- По седум децении, Обединетото Кралство има нова жена што ќе ја нарече кралица. Сопругата на Чарлс, Камила, војвотката од Корнвол, ќе биде позната како Консорт на кралицата – титула што дојде со благословот на кралицата Елизабета Втора по долгогодишно расправија, која датира од деновите пред таа да се омажи за принцот Чарлс. Не беше […]

Какво богатство ќе наследи новиот крал Чарлс Трети?


  Англија– По смртта на неговата мајка, британската кралица Елизабета Втора, нејзиниот најстар син, кој има 73 години, Чарлс го наследи тронот како и нејзиното приватно богатство, колосално наследство што ќе го добие без плаќање данок на наследство, што е привилегија резервирана за наследниците на кралот. Иако ништо не ги обврзува британските монарси да ги откријат своите приватни […]

Холивуд во Венеција: Ана де Армас како Мерлин Монро на црвениот килим


  Италија- На филмскиот фестивал во Венеција, на премиерата на високоочекуваниот филм на Нетфликс „Blonde“, Ана де Армас, ѕвездата од биографскиот филм за Мерилн Монро, ја зголеми својата сличност со холивудскиот секс-симбол додека чекореше по црвениот килим во тоалета од висока мода на Луј Витон, која се шиеше повеќе од 350 часови . Де Армас […]

Илхан Ќучук ќе добие титула почесен доктор од АУЕ-ФОН


Конференција „МКБГ2030: Младите и образованието како клуч за посилно евроатлантско сојузништво“ ќе се одржи денеска на Американскиот универзитет на Европа – ФОН. За придонесот на европеизација и креирање на добри политики и добрососедство, АУЕ-ФОН ќе му ја додели титулата почесен доктор (Doctor Honoris Causa) на Илхан Ќучук, лидер на Либералите и европратеник и известувач на […]

Претседателот Пендаровски домаќин на италијанскиот претседател Серџо Матарела


  Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Претседателот Матарела ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Матарела и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Италија. Претседателите Пендаровски […]