Зајков: Не заслуживме пораз од Грузија


  Македонската фудбалска репрезентација со вчерашниот пораз од Грузија во Тбилиси (2-0) ги загуби шансите за освојување на првото место во групата 4 во Лигата на нации и ќе се обиде в понеделнник во Скопје со триумф над Бугарија со победа да го заврши циклусот во натпреварувањето. Репрезентативниот дефанзивец Ѓоко Зајков сумирајќи ги впечатоците од […]

Fashion Group: Oдржливата колекција „Blue Me“ на брендот Kiko Milano ги освои срцата на македонските инфлуенсери


Совршен вовед за студените денови што допрва доаѓаат, лансирањето на есенската колекција 2022 инспирирана од океанот, новата револуционерна козметичка линија „Blue Me“ на италијанскиот бренд Kiko Milano беше презентирана во продавницата во Сити Мол на приземје во која највпечатливите македонски инфлуенсери се забавуваа. – Им благодариме на сите обожуватели на брендот кои присуствуваа на испраќање на летото и заедно […]

Во Белград утре гостуваат двата најпознати македонски бренда – Влатко Стефановски и Танец


  Уникатниот спој на звукот на Влатко Стефановски и „Танец“, двата најпознати македонски музички бренда, гарантираат незаборавен сценски спектакл во Белград. Угледниот гитарист и националниот фолклорен ансамбл на Северна Македонија ќе настапат утре, на 25 септември во Коларчевата задужбина, од 20 часот, јави дописникот на МИА од Белград. -Првиот заеднички настап го имавме пред дваесетина […]

Италијанците утре излегуваат на избори на кои е можна историска победа на екстремната десница


  Италијанците утре ќе гласаат на, како што се нарекуваат клучни избори, во време кога Европа страда од последиците од руската војна во Украина. За првпат во Италија по завршувањето на Втората светска војна, овие избори може да доведат на чело на владата лидер на екстремната десница, шефицата на партијата на Браќата на Италија, Џорџа Мелони. Огромните трошоци за […]

Колумна на Бесими за новиот закон за буџети: Реформа за поголема отчетност, дигитализација и подобро долгорочно планирање


Министерот за финансии Фатмир Бесими во колумна се осврнува на новиот Закон за буџети, кој деновиве беше донесен во Собранието. Колуманата ја пренесуваме интегрално:   Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес – да започнеме. Со мудрите зборови на нашата хуманитарка Мајка Тереза, која остави длабока трага во историјата, ја започнувам оваа […]

„Референдуми“ во Украина: Војници одат од врата до врата кај гласачите


  Украинците пријавија дека вооружени војници одат од врата до врата во окупираните делови на земјата за да собираат гласови за самонаречените „референдуми“ за приклучување кон Русија. – Треба да одговорите вербално, а војникот го означува одговорот на листот и го чува, изјави една жена од Енерходар за Би-Би-Си. Во јужниот дел на Херсон, руски […]

Цените на становите лани пораснале за 6,1 отсто


  Обемот на трансакции со недвижности во 2021 година значително го надмина претпандемичното ниво, а растот на цените на становите забрза и е над долгорочниот просек и долгорочниот тренд. Цените на становите во текот на 2021 година пораснаа за 6,1 процент, при што растот е позначителен од второто полугодие на годината. Стапката на раст на […]

Институтот за ориз утврди производна цена од 27 денари за килограм арпа, ќе се утврдува откупната цена


Институтот за ориз од Кочани при Земјоделскиот факултет во Скопје утврдил дека реалните трошоци за производство на килограм арпа изнесуваат 27 денари. Во оваа сума се вклучени давачките за подготовка на земјоделската површина и за сеидба, за набавка на ѓубрива, заштитни препарати, воден надоместок, како и за жетва и транспорт на произведените количини. Трошковникот за […]

Домашни и странски експерти почнуваат да ја скенираат состојбата во манастирот Трескавец


  Стручнни лица  денеска ќе направат увид на состојбите во манастирот Трескавец и на црквата „Успение на пресвета Богородица“, а во почетокот на ноември експерт од Грција ќе го проучува големиот проблем што е опасност за црквата – влагата која веќе има направено одредена штета во Црквата. Директорот на прилепскиот Завод и музеј, Горан Цветкоски […]

Петровска на Школата за политики: Најголемата придобивка од членството во НАТО е сигурноста што граѓаните ја чуствуваат


  Најголемата придобивка од членството на Северна Македонија во НАТО е сигурноста и безбедноста што нашите граѓани денеска ја чувствуваат, знаејќи дека се дел од едно големо семејство кое се грижи за заедничката, колективната безбедност, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска во Охрид на предавањето на Школата за политики, која е дел од Претседателскиот центар […]

Силен земјотрес ја погоди Индонезија, нема информации за повредени


  Силен подморски земјотрес денеска ја погоди северната индонезиска провинција Ацех, но нема извештаи за големи штети или жртви, додека локалните власти изјавија дека нема закана од цунами. Епицентарот на денешниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала бил на 40 километри југозападно од Меулабох, крајбрежен град во провинцијата Ацех, на длабочина од […]

Што следи по предлогот за замрзнување на ЕУ фондовите за Унгарија?


  За прв пат Европската Комисија предложи да се замрзнат исплатите за една земја членка, во случајов Унгарија, поради нарушување на владеењето на правото и наводи за корупција. Сега е на земјите членки да одлучат. Европската Комисија сака да задржи 7,5 милијарди евра исплати за Унгарија поради наводи за корупција и нарушување на владеењето на […]

Кина ги предупреди САД дека испраќаат „опасни сигнали“ до Тајван


  Кина ги обвини САД дека испраќаат „многу погрешни, опасни сигнали“ до Тајван, откако американскиот државен секретар вчера му кажа на својот кинески колега дека одржувањето на мирот и стабилноста во Тајван е од витално значење. Тајван беше во центарот на 90-минутните, „директни и искрени“ разговори меѓу државниот секретар Eнтони Блинкен и кинескиот министер за […]

ССК и Бизнис Академија Смилевски заеднички ќе инвестираат во човечкиот капитал


  Унапредување на соработката меѓу научно-истражувачката дејност и приватниот сектор со цел инвестирање во човечкиот капитал  е фокусот на соработката на Сојузот на стопански комори на Македонија и на Бизнис Академија Смилевски БАС, која вчера доби правна рамка со потпишување на Меморандум за соработка. Во име на двете институции Меморандумот го потпишаа претседателот на Сојузот, […]

Османи на состанок за глобалната сајбер безбедност


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално Собрание на ООН во Њујорк, учествуваше на состанок на тема: „Обликување на глобалната сајбер-безбедност – Повик за акција за промовирање на одговорно однесување на државата и градење капацитети“, чии домаќини беа министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок  и министерката за надворешни работи […]

Зголемените камати полека ги забавува цените на недвижностите во Германија


  Куќите и становите во Германија се поскапи петти квартал по ред за повеќе од 10 отсто во споредба со истиот период лани, но овој раст на цените полека се забавува, покажуваат прелиминарните податоци на Федералниот завод за статистика. Од април до јуни цените на становите пораснале во просек за 10,2 отсто во однос на […]

„Сетстат“ во проширен состав-оркестар ќе настапат вечерва на „Крај Вардарот Џез“


Втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“ ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во камерната сала на Македонската филхармонија. Настапуваат култните „Сетстат“, кои одбележуваат 30 години јубилеј од своето постоење како џез формација. Оваа вечер, публиката ќе има уникатна можност да ги слушне во невидено издание досега, во проширен состав-оркестар. Сетстат ќе […]

Џасинда Ардерн бара укинување на ветото во Советот за безбедност на ОН


  Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн од говорницата на Генералното собрание на ОН побара да се укине ветото во Советот за безбедност. – Ветото мора да се укине, постојаните членки на Советот за безбедност мора да ја исполнат својата одговорност заради мирот и безбедноста, а не да го следат националниот интерес, изјави Ардерн. Во Советот за […]

Бизнис штафетна трка за најбрза македонска компанија


  Бизнис штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“. Стартот на трката ќе биде во 10 часот пред хотел „Парк“. Во трката ќе учествуваат компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва…, субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а […]

Авторски електроакустичен концерт за деца на композиторката Ана Пандевска


  Авторски електроакустичен концерт за деца на композиторката Ана Пандевска ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба. За прв пат интегрално ќе се изведе нејзиниот циклус „Во светот на чудата“ за пијано и фиксен медиум, а во изведба на малите и веќе добро познати пијанистки Ана и Ивана Мазнејкови. Станува збор за електроакустична […]