Надал се повлече од Лејвер купот


  Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од натамошниот настап на Лејвер купот од лични причини, откако вчера настапи во двојки со својот пријател и ривал Роџер Федерер во последниот натпревар на Швајцарецот во кариерата. Надал во Тимот на Европа ќе го замени Камерон Нори. Федерер и Надал вчера во дуелот во двојки загубија од американскиот тандем Џек Сок и Франсис Тијафо со […]

Путин го потпиша новиот Закон, со драстични казни за тие што одбиваат да се борат во Украина


  Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска го потпиша новиот Закон, кој предвидува затрворска казна до 10 години затвор за тие што ќе одбијат да се борат, дезертираат, не почитуваат наредби или се предадат на украинските сили. Законот претходно беше одобрен од руските Домови на Парламентот. Според стариот закон, војниците дезертери се соочуваа со петгодишна казна затвор. По објавената мобилизација голем број Руси […]

Партијата Ренесанса бара истрага за можно „руско финансирање“ на француските партии


  Осум пратеници од француската партија Ренесанса побараа формирање на анкетна комисија во Националното собрание, која треба да го истражи евентуалното руско финансирање на партиите во Франција, јави дописникот на МИА. Барањето на пратениците од Ренесанса уследи по обелоденувањето на декласифицираните американски информации за неколку стотици милиони евра платени од Русија во неколку земји. Додека […]

Нови протести во Русија против мобилизацијата


  Активистите за граѓански права соопштија дека денеска во Русија се приведени неколку лица за време на новите протести како одговор на мобилизацијата на армиските резервистите да се борат во Украина. Според фотографии и видеата објавени од независни медиуми демонстрантѕи се приведени во Хабаровск, Новосибирск, Иркутск, Томск и Чита во Сибир. Демонстрантите носеле транспаренти на […]

Русија го смени генералот за логистика на вооружените сили


  Русија денеска го разреши генерал Дмитриј Булгаков задолжен за логистика, во време кога се одвива кампањата за мобилизација и во време кога руската офанзива во Украина се соочува со потешкотии. „Армискиот генерал Дмитриј Булгаков е разрешен од должноста заменик-министер за одбрана бидејќи се прераспределува на друга функција. На негово место доаѓа генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој ќе биде одговорен за материјално-техничкото снабдување на […]

(Видео) Обраќање на премиерот Ковачевски на Генералната дебата на ООН во Њујорк


Проследете го обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк (САД). Тема на годинешната генерална дебата е „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици“.

Грковска: Балансерот се злоупотребува, неопходен е модел кој повеќе одговара на сегашните околности


  Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат истакна дека принципот на соодветна и правична застапеност одигра важна улога и на многумина им даде шанса да бидат вработени во јавната администрација, но дека тоа веќе се злоупотребува и нагласи дека треба да се […]

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на Генералната дебата на ООН во Њујорк


Премиерот Димитар Ковачевски денеска во 16:00 часот по македонско време ќе учествува и ќе се обрати на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк (САД). Тема на годинешната генерална дебата е „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици“. Со ова обраќање премиерот Ковачевски ја завршува посетата на САД и учеството на 77-то Генерално […]

Ураганот Фиона го погоди источниот дел на Канада


  Бурата Фиона, пропратена со ургански ветрови денеска го погоди источниот дел на Канада, речиси една седмица откако разурна делови од Карибите. Брзината на ветрот достигна до 150 километри на час. Поради Фиона канадскиот премиер Џастин Трудо ја откажа посетата на Јапонија, каде требаше да присуствува на погребот на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе.

Почна депопулизацијата на свињи во Карбинско-штипскиот регион поради африканската чума


Започна депопулизацијата и еутанизацијата на свињи во Карбинско-штипскиот регион поради болеста африканска чума. Од појавата на првиот случај во земјава, досега се депопулизирани и еутанизирани 3102 животни, а се очекува, со оглед на бројноста на одгледувалишта во овој регион, бројата да се дуплира. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски денеска во Штип […]

Ковачевски се сретна со истакнати нашинци кои работат и живеат во Њујорк (фото, видео)


Премиерот  Димитар Ковачевски синоќа се сретна со истакнати личности од Република Северна Македонија, кои работат и живеат во САД. На приемот кој се одржа во Македонскиот културен центар во Њујорк, присутни беа лица кои работат во Организацијата на Обединети Нации, како и наши истакнати професори уметници и претставници од бизнис заедницата, соопштија од Владата. Премиерот […]

Во спортскиот сектор во ЕУ работат 1,37 милиони луѓе 


  Вкупно 1,37 милиони луѓе се вработени во спортскиот сектор во земјите-членки на Европска Унија (ЕУ), што претставува 0,7 отсто од вкупниот број вработени, покажуваат податоците на Евростат. Во екот на пандемијата на коронавирусот бројот на вработени во спортските институции во ЕУ се намалил на 1,31 милиони, но годинава се вратил на нивото од 2019 […]

Следната недела ќе се знае од каде и по која цена ќе се набавува струја


  Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека следната недела е клучна кога би требало да се знае од каде ќе се набавува електрична енергија. – Има позитивни сигнали. Наредната недела ќе имаме конкретни сознанија што е тоа што можеме да го понудиме на стопанството, рече Битиќи во изјава за медиумите дадена по […]

Германските безбедносни органи очекуваат немири поради инфлацијата и цените на енергијата


  Германската федерална канцеларија за борба против криминалот (БКА) предвидува дека инфлацијата и порастот на цените на енергијата може да имаат негативно влијание врз внатрешната безбедност во земјата и да предизвикаат слични протести како за време на пандемијата на коронавирус, јавија денеска германските медиуми. – Можеме да очекуваме слична ситуација како за време на протестите против мерките за сузбивање […]

Почина македонскиот ракометен тренер Андон Бошковски


Реномираниот македонски ракометен стратег Андон Бошковски почина ненадејно на 47-годишна возраст, објави денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Изразувајќи сочувство до семејството РФМ соопшти дека веста за смртта на Бошковски е примена со „длабока тага и неверување“. Бошковски во кариерата предводеше голем број македонски екипи, а имаше и меѓународна кариера. На домашната сцена беше на чело на металург, Вардар […]

Сè додека не се избере економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија, вели Битиќи


  Сè додека не се избере нов економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија кон граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања поврзани со почетокот на грејната сезона во главниот град. Согласно законот, како што посочи, БЕГ мора да има и резерви на гас и други суровини за […]

Борел: ЕУ мора сериозно да ги сфати заканите на Владимир Путин


ЕУ мора сериозно да ги сфати заканите на Владимир Путин дека може да употреби нуклеарно оружје во конфликтот во Украина, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Борел во интервју за Би-Би-Си изјави дека војната достигнала „опасна точка“. Тој го изјави ова во време кога Русија започнува делумна мобилизација и се подготвува […]

Русите извршија нови напади во Украина


  Руските сили денеска извршија нови напади врз украински градови додека продолжува гласањето на „референдумите“ организирани од Русија во украинските области под нејзина контрола за да го отвори патот за нивна анексија кон Москва. Гувернерот на Запорожје, Олександр Старук изјави дека Русите извршиле напади врз инфраструктурни објекти во градот Дњепропетровск, дека била погодена станбена зграда […]

Сребрен медал и две олимписки пофалби за македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика


Еден сребрен медал и две олимписки пофалби добија учесниците на македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржува онлајн под домаќинство на Украина. Дамјан Давков од Штип со освојување на сребрениот медал влезе во историјата како првиот добитник на оваа награда за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика која се одржува […]

Најмалку 36 лица загинаа во обилни дождови и громови во северна Индија


  Во невремето во северна Индија загинаа најмалку 36 луѓе во изминатите 24 часа, вклучително и 12 кои биле погодени од гром, соопштија денеска официјални лица и предупредија дека се очекуваат нови поројни дождови во наредните денови. Во северната држава Утар Прадеш, 24 луѓе загинаа кога нивните домови се урнаа поради постојаните дождови, изјави комесарот […]