Зголемените камати полека ги забавува цените на недвижностите во Германија


 

Куќите и становите во Германија се поскапи петти квартал по ред за повеќе од 10 отсто во споредба со истиот период лани, но овој раст на цените полека се забавува, покажуваат прелиминарните податоци на Федералниот завод за статистика.

Од април до јуни цените на становите пораснале во просек за 10,2 отсто во однос на истиот квартал лани, објави во петокот Државниот завод за статистика. Во првиот квартал од 2022 година, овој пораст на цените, според последните податоци, изнесува 11,6 отсто.

Споредено со претходниот квартал, растот на цените на становите и куќите со еден или два стана во вториот квартал изнесувал во просек 2,5 отсто, пренесува СЕЕбиз.

Статистичарите забележале најголем раст на цените во ретко населените рурални средини, каде што куќите за едно до две семејства поскапеле за 13,6 отсто во однос на вториот квартал лани, а становите за 11,7 отсто.

Во водечките метрополи, како Берлин, Хамбург, Минхен, Келн, Франкфурт, Штутгарт и Дизелдорф, цените на семејните куќи скокнале за 12,2 отсто, а на становите за 10,6 отсто во споредба со истиот период во 2021 година.

Во градските средини има мало намалување на цените. Таму, стапката на апрецијација на домовите од 7,8 отсто се врати на едноцифрена за прв пат од првиот квартал на 2021 година.

Поради повисоките камати, поскапите градежни материјали и проблемите со снабдувањето, експертите очекуваат слабеење на побарувачката на недвижности, која во Германија цвета повеќе од 10 години. Посебно поради високите камати, има се повеќе луѓе кои не можат да си дозволат да купат стан или куќа.