Данска откри опасно истекување гас од Северен ток 2


  Данските поморски власти јавија дека забележале истекување гас кое е опасно за бродскиот сообраќај во гасоводот кој води од Русија во Европа, под Балтичкото Море. Оператерот на Северен ток 2 потврди дека е откриено истекување југоисточно од данскиот остров Борнхолм во Балтичкото Море. Портпаролот на Северен ток 2 рече дека рано во понеделникот откриен […]

Марија Николовска добитник на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“


Марија Николовска со превод од француски на македонски на делото „Жена на небото и бурите“ од Вилфрид Н’Сонде е годинaшниот добитник на деветтата Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“. Наградата денеска во Скопје ја додели шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, по повод Европскиот ден на јазиците – 26 Септември. Целите на наградата за […]

Тропска бура во Шпанија, едно лице загина


Тропската бура „Ермина“ придружена со обилни дождови погоди неколку региони во Шпанија, при што едно лице загина, а предизвикана е голема материјална штета, соопштија денеска локалните власти. На Канарските острови веќе трет ден врне силен дожд. Шпанската метеоролошка агенција АЕМЕТ објави дека ова е најдождливиот септември досега забележан на Канарските острови. Училиштата таму беа затворени […]

Канада ги укинува сите Ковид ограничувања за патниците кои пристигнуваат


  Канада од 1 октомври ќе ги укине сите ограничувања против коронавирусот за патниците кои пристигнуваат, соопшти Владата. Во соопштението се додава дека и барањата за тестирање и карантин ќе бидат укинати. Сите патници, без разлика на нивната националност, од сабота веќе нема да бидат обврзани да даваат информации за нивната здравствена состојба преку апликацијата […]

Путин му даде руско државјанство на Сноуден


  Рускиот претседател Владимир Путин му даде руско државјанство на Едвард Сноуден, јавија дел од светските медиуми. Свиркачот е познат по објавувањето строго доверливи податоци од американската Национална безбедносна агенција во 2013 година, кога беше вработен таму. Властите со години сакаа Сноуден да се врати во САД со цел да се соочи со судење за […]

Македонија нема да ги признае референдумите на сепаратистите во Украина


  Референдумите што се одржуваат на окупираните украински територии се манипулативни и Македонија нема да ги признае. Тие го кршат меѓународното право и ја загрозуваат европската безбедносна архитектура, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи. Според него, со вакви референдуми поттикнати од сила најмногу се загрозени малите држави, затоа што некој помоќен може да ја […]

Битолчанец допирал малолетник по телото, а го принудил и тој да го прави истото


Во текот на вчерашниот ден, 50-годишен битолчанец бил уапсен, информираат од Министерството за внатрешни работи. Причина за тоа било дека тој во неговиот дом допирал по телото малолетник од Битола и го принудил и тој него да го допира. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Полска нуди основна воена обука за нејзините граѓани


Полската војска ќе им понуди основен еднодневен курс за обука на граѓаните од 18 до 65 години, информираше Министерството за одбрана. Курсот ќе се состои од учење како да се ракува со оружје, како да се пука, ограничување на противници во блиска борба и вештина за читање географски карти. Ќе се одржува во октомври и […]

Анализа на „Си-Ен-Ен“: Што би се случило доколку Путин фрли нуклеарна бомба?


  Кога неговите сили во Украина почнаа да се повлекуваат, рускиот претседател Владимир Путин повторно се закани со нуклеарно оружје, веројатно тактичко. Во својот говор минатата недела тој предупреди дека „во случај на закана за територијалниот интегритет на земјата и во одбрана на Русија и рускиот народ, сигурно ќе ги користи сите расположливи вооружени системи“. […]

ЕК нарача 10.000 лекови за третман на мајмунски сипаници


  Европската комисија (ЕК) купи 10.000 лекови за третман на мајмунски сипаници. „Трендот на намалување на бројот на случаи на мајмунски сипаници во Европската унија е охрабрувачки, но тоа не значи дека заканата помина или дека можеме да го намалиме нашето внимание“, рече комесарката за здравство на ЕК, Стела Киријакидес. Речиси 20.000 случаи на мајмунски […]

За 20 односно 60 отсто поскапуваат водата и комуналиите во Прилеп


Цената на водата се зголемува за 20, а на комуналиите во просек за 60 отсто. Ова се одлуки на прилепските јавни претпријатија кои ги доставија до општинскиот совет. Зголемените цени се за октомвриските сметки кои прилепчани ќе ги добијат во ноември. И во двете претпријатија „Водовод и канализација“ и „Комуналец“ посочуваат дека причина за зголемувањето […]

Битиќи: Да гледаме кон регионалната конкурентност, наместо кон регионалната конкуренција


  Нашиот поширок регион треба да работи на приближување на синџирот на снабдување до границите на Европската унија. Бидејќи далечните пазари за снабдување се покажаа неодржливи, треба да гледаме кон регионалната конкурентност, наместо кон регионалната конкуренција, да создадеме пазар што ќе ги компензира производите што доаѓаат од тие далечни земји и ќе стане силен и […]

Домот за стари лица во Берово ќе го прошири капацитетот за уште 28 корисници


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска потпишаа договор за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Општината. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, воедно бил потпишан и договор за групни набавки и реконструкција на Домот за стари лица „Иван Влашки“ […]

РКЕ: Обврската за испорака на парно е до издавање лиценца на нов вршител на дејноста


Обврската за вршење јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца, во случајов нов вршител на дејноста, велат од Регулаторната комисија за енергетика РКЕ, откако БЕГ дистрибуција денеска соопшти дека нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона. Од РКЕ истакнуваат дека вршењето на јавната […]

Започнува „НЛБ Месецот на штедење“


  Традиционално, со претстава со маскотите на детското штедење Тиби и Штуки и забавно едукативна програма за најмалите, денеска во НЛБ Банка беше одбележан почетокот на единаесеттиот по ред „НЛБ Месец на штедење“, кој годинава за тема ги има „Штедењето и иновациите“. Во рамките на „НЛБ Месецот на штедење“, што ќе трае од 26 септември […]

Со Хрватска ќе се дорегулира двојното даночење, компаниите ќе имаат право на одбиток на ДДВ


  Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска се обрати на Бизнис форумот на стопански комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска.   Од Владата информиарат дека во рамки на Бизнис форумот вицепремиерот Битиќи  имал билатерална средба со хрватскиот вицепремиер и министер за море, промет и инфраструктура, Олег Бутковиќ на која разговарале за искуствата […]

„Маслодајна“ ќе го откупи вкупното производство на сончоглед во земјава


Фабриката за масло „Кристал 1923“ од Велес или  поранешна „Маслодајна“ досега откупи  6.000 тони сончоглед од кои 1,4 од ЗК„Пелагонија“, а останатите од индивидуални земјоделски производители. Сончогледот од земјоделците фабриката го откупува по 35 денари за килограм, плус ДДВ. „Кристал 1923“ најавува дека ќе ги откупи сите годинава произведени 10.000 тони сончоглед од македонските ниви. -Задоволни […]

Владата смирува, парно за скопјани ќе има


  Владата на Република Северна Македонија континуирано презема мерки за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје. Во овој момент се финализираат преговорите за регулирано производство на топлинска енергија, врз основа на претходно донесената одлука на Владата за избор на вршители на енергетски дејности, дистрибуција и снабдување со топлинска […]

Нови 96 случаи на Ковид-19, починале четири лица во последните три дена


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 24.09 до 26.09.2022): Направени се 962 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 66, Куманово – 5, Велес – 4, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Битола и Штип – по […]

За четири дена Русија ја напуштиле 261.000 мажи


  Руската тајна служба ФСБ соопштила дека по најавата за делумна мобилизација, Русија ја напуштиле 261.000 мажи. Ова за рсукиот медиум „Ова газета. Европа“ го изјави изјави извор од претседателската администрација во Кремљ. Дискусиите во претседателската администрација за затворање на границите за мажи на воена возраст започнаа во средата, кога почнаа да доаѓаат бројки од […]