Македонија нема да ги признае референдумите на сепаратистите во Украина


 

Референдумите што се одржуваат на окупираните украински територии се манипулативни и Македонија нема да ги признае. Тие го кршат меѓународното право и ја загрозуваат европската безбедносна архитектура, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Според него, со вакви референдуми поттикнати од сила најмногу се загрозени малите држави, затоа што некој помоќен може да ја наруши нивната независност и да одземе делови од нивната територија. Затоа овие лажни референдуми се без преседан и треба да се осудат. Таквите референдуми можат да претставуваат лажна основа за анексија на територии.

„Ме чуди што во анкети гледам дека 25 отсто од македонските граѓани мислат дека руската агресија во Украина е оправдана, мислејки дека ова е битка помеѓу два пола во светот, а ние сме страна којашто е неутрална. Ние не сме неутраслна страна, ние сме директно загрозени од рушењето на меѓународните принципи коишто нѐ штитат“, рече Османи.