За четири дена Русија ја напуштиле 261.000 мажи


Границата кон Грузија се преминува во колони и пешки

 

Руската тајна служба ФСБ соопштила дека по најавата за делумна мобилизација, Русија ја напуштиле 261.000 мажи. Ова за рсукиот медиум „Ова газета. Европа“ го изјави изјави извор од претседателската администрација во Кремљ.

Дискусиите во претседателската администрација за затворање на границите за мажи на воена возраст започнаа во средата, кога почнаа да доаѓаат бројки од безбедносните сили за бројот на мажи кои ја напуштаат Русија. Според овој извор, во најновата белешка на ФСБ, кој денеска, 25 септември, „прошетал низ канцелариите“, има бројка од 261.000 мажи кои ја напуштиле Русија од среда до сабота навечер.

Изворот на „Нова газета. Европа“ во Кремљ се сомнева во автентичноста на податоците на ФСБ, бидејќи пред тоа граничната служба на ФСБ „не работеше толку брзо.“ Според него, бројките се повеќе добиени од податоците од мобилните оператори, кои доаѓаат подоцна.

Сепак, „атмосферата во Кремљ е таква што безбедносните сили и Министерството за одбрана ќе можат да го убедат Путин да ги затвори границите пред да биде предоцна“, рекол изворот од Кремљ.

Во исто време, „лидерите немаат закажано средби со претседателот за втората половина на септември“, појаснува изворот. „На почетокот на месецот, [лидерите] се среќаваа [со претседателот] неколку пати неделно“, објаснил соговорникот на „Нова газета. Европа“, коментирајќи ги извештаите. Ден претходно, повикувајќи се на три извори, новинарката фарида Рустамова рече дека по најавата за мобилизација Владимир Путин заминал да одмора во Валдаи на север од Москва една недела.

Уште еден соговорник на Новаја Газета. Европа“ во претседателската администрација тврди дека се уште не го видел нацрт-указот на шефот на државата за затворање на границите.