Маџиров: Поезијата на Таникава е високо софистицирана и полна со лирски и звучни асоцијаци


  Поезијата на Шунтаро Таникава, добитникот на „Златниот венец“ на 61. Струшки вечери на поезијата, е високо софистицирана и полна со лирски и звучни асоцијации, истакна синоќа македонскиот поет Никола Маџиров, на традиционалното поетско претставување на лауреатот на највисокото поетско признание во земјава, во црквата „Света Софија“ во Охрид. Поезијата на јапонскиот поет, додаде Маџиров, […]

Американски воени бродови минуваат низ Тајванскиот теснец, првпат по посетата на Пелоси


Два воени брода на американската морнарица пловат низ меѓународните води во Тајванскиот теснец, изјавија тројца американски претставници. Тоа е прва таква операција по засилените тензии со Кина поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван. Во последниве години, американските воени бродови, а повремено и сојузничките земји како Велика Британија и […]

За стан во Скопје треба да се работи 10 до 17 години, во Дојран осум, во Крива Паланка шест…


  Само еден метар квадратен станбена површина на периферијата на главниот град чини две просечни плати, а над три плати треба да се одвојат за еден квадрат на најатрактивните локации.  Во градовите од внатрешноста, пак, квадратот е со цена малку над износот на една просечна плата. За да се купи стан во Скопје потребни се од […]

Илјадници Аргентинци на улиците за поддршка на потпретседателката Фернандез де Киршнер


  Илјадници следбеници на поранешната претседателка на Аргентина и актуелен потпретседател Кристина Фернандез де Киршнер синоќа излегоа на улиците во знак на поддршка, откако двајца обвинители побараа таа да биде осудена на 12 години затвор и забрана за вршење јавна функција поради наводна корупција за време на нејзината влада. Обвинителите претходно оваа недела ја обвинија […]

Премиерот Ковачевски во посета на Пробиштип, Ранковце и Крива Паланка


Премиерот Димитар Ковачевски придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска, ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод одбележување на Денот на рударите во Пробиштип. Од владината прес – служба соопштија дека премиерот Ковачевски, потоа ќе присуствува на пуштање во употреба на хидросистем за наводнување Славишко Поле во село […]

Јубилејна 20. хуманитарна крводарителска акција во Скопје по повод Голема Богородица


Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина, традиционално, по јубилеен 20-ти пат, денеска, во Домот на АРМ, во Скопје, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од […]

Архиепископот Стефан во манастирот во Матка ќе чиноначалствува со литургијата по повод Голема Богородица


  Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица. Бројни верници и граѓани на овој ден се упатуваат во манастирите и црквите да се помолат пред Мајката Божја. Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан по повод празникот ќе чиноначалствува со Светата божествена литургија […]

Променливо облачно, попладне со можност за пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен […]

Егзопланета оддалечена 100 светлосни години од Земјата можно е да е покриена со вода


Меѓународен тим на истражувачи откри егзопланета која би можела целосно да биде покриена со вода. Станува збор за планетата TOI-1452b, која е оддалечена околу 100 светлосни години од Земјата и се наоѓа во соѕвездието Змеј. Таа е поголема и помасивна од Земјата и се наоѓа во т.н. населлива зона, што значи дека температурата е соодветна […]

Седум особини на луѓето кои се постојано несреќни


Постојат одредени навики и однесувања кои хронично несреќните луѓе постојано ги практикуваат и според нив може многу лесно да се препознаат. Луѓето кои се хронично несреќни имаат неколку особини по кои може да ги препознаете. Немаат доверба во луѓето Не треба да се биде премногу наивен, но повеќето среќни луѓе во суштина им веруваат на […]

Соседите на Словачка ќе патролираат на нејзиното небо, ослободувајќи МИГ за Украина


Словачка денеска потпиша договор според кој членките на НАТО, Чешка и Полска, ќе го надгледуваат нејзиното небо, додека Братислава ги укинува своите советски МиГ-29, потенцијално ослободувајќи ги за Украина. Словачка соопшти дека е подготвена да испрати 11 ловци МиГ во Украина, чија војска долго време се потпира на опрема од советската ера. Украина повика на […]

Франција ќе го ограничи поскапувањето на струјата следната година


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека поскапувањето на струјата следната година ќе биде ограничено, јави францускиот телевизиски канал БФМ. „Зголемувањата за кои зборуваат претседателот и премиерот ќе бидат ограничени зголемувања“, рече Ле Мер, додавајќи дека Владата ќе обезбеди помош за домаќинствата кои најмалку се способни да ги платат сметките за енергија. […]

Србија и Косово постигнаа договор за личните документи


„Србите од Косово, како и сите други граѓани, ќе можат да патуваат од Косово во Србија и обратно со лични карти. ЕУ штотуку доби гаранции од премиерот Албин Курти за ова прашање. Ова е европско решение. Им честитаме и на двајцата лидери за оваа одлука и за нивното раководство“, напиша Борел на Твитер. Борел во […]

Во Хрватска годинава 14,4 милиони туристи и 82,6 милиони ноќевања


Од почетокот на годинава, според податоците на eVisito, во Хрватска имало 14,4 милиони туристички доаѓања и 82,6 милиони ноќевања, што е зголемување за 42 отсто на доаѓања и 28 отсто на ноќевања во однос на минатата година. Споредено со рекордната 2019 година, овие податоци претставуваат 90 отсто од резултатите во доаѓањата и 96 отсто од […]

Книгата „Гравитација“ на Емилија Тодорова ја доби наградата „Стојан Христов“


Книгата „Гравитација“ на поетесата Емилија Тодорова ја доби наградата „Стојан Христов“ за 2022 година на „Струшките вечери на поезијата“.  Збирката на Тодорова победи во конкуренција на „На каучот на Зигмунд Фројд“ на Јулијана Младеновска од Хрватска,  „Песни“ на Јосиф Грежловски – Гандедо од САД и „Позлатено распетие“ на Ивица Челиковиќ од Шведска. „Гравитација“ е во […]

Почина легендарниот југословенски голман Милутин Шошкиќ


  Фудбалската легенда на Југославија, голманот Милутин Шошкиќ, почина денеска на 84 години, сооопшти неговиот клуб Партизан од Белград. Заедно со Владимир Беара, Шошкиќ е голманот кој остави најголемо наследство во СФРЈ, а и во српскиот фудбал, и неговиот извонреден стил на бранење беше водилка за многу голмани. Го наследи Беара на голот на Југославија […]

Брисел: Возачот на комбе кој се залета во локали обвинет за обид за убиство


Возачот на комбето коешто во петокот се залета во тераса на кафуле и ресторан на брза храна во центарот белгиската престолнина Брисел, ќе биде обвинет за обид за убиство, јавува новинската агенција Belga. Белгиското државно обвинителство во саботата го потврди обвинението, но одби да го коментира идентитетот на обвинетиот маж. Белгиската полиција во петокот во […]

Пакистан бара помош за справување со поплавите, 30 милиони луѓе во опасност


Поројните поплави низ Пакистан однесоа речиси илјада животи од почетокот на јуни, соопшти денеска владата во Исламабад. Околу 30 милиони луѓе се во опасност да останат без засолниште бидејќи монсунските дождови не покажуваат знаци на намалување. Премиерот Шахбаз Шариф побара помош од меѓународната заедница за справување со штетите од поплавите. Портпаролот на Министерството за надворешни […]

Три тела извлечени од урнатини во Стаханов по украинско гранатирање


Три тела се извлечени од под урнатини во поранешен хотел претворен во болница за евакуираните лица од териториите кои преминаа под контрола на проруските бунтовници како резултат на гранатирање од страна на украинската војска врз градот Стаханов, објавија во саботата медицински извори во овој град во самопрогласената Народна Република Луганск на југоистокот на Украина. Претходно […]

Британија ќе ѝ даде подводни дронови на Украина


Британското министерство за одбрана соопшти дека ќе ѝ даде на Украина шест подводни беспилотни летала кои ќе ѝ помогнат да го исчисти брегот од мини. Тоа ќе овозможи побезбедна испорака на жито, пренесува „Ројтерс“. Велика Британија, исто така, ќе обучи десетици припадници на украинската морнарица за користење беспилотни летала, се вели во соопштението на Министерството. […]