Седум особини на луѓето кои се постојано несреќни


Постојат одредени навики и однесувања кои хронично несреќните луѓе постојано ги практикуваат и според нив може многу лесно да се препознаат.

Луѓето кои се хронично несреќни имаат неколку особини по кои може да ги препознаете.

Немаат доверба во луѓето
Не треба да се биде премногу наивен, но повеќето среќни луѓе во суштина им веруваат на другите. Несреќните луѓе обично никому не веруваат.

Тежок живот
Среќните луѓе знаат дека животот може да биде многу тежок. Но, падовите ги гледаат само како фаза, а себеси не се гледаат како жртви, како несреќни луѓе. Подготвени се да преземат одговорност за ситуациите во кои ќе се најдат и се фокусираат на тоа како да ги променат работите.

Негативност
Несреќните луѓе гледаат само на негативните страни од нештата, а стравот ги спречува да ја видат убавината што нè опкружува.

Завист
Несреќните луѓе имаат впечаток дека некој друг им ја „украл“ среќата, па постојано се споредуваат со другите, дозволувајќи љубомората и зависта да им ја „јадат“ душата.

Контрола
Постои разлика меѓу потребата за контрола и стремеж кон исполнување на одредени цели. Важно е да бидете ориентирани кон вашите цели, но и да дозволите работите да се одвиваат дури и кога се случува нешто лошо. И тие моменти се составен дел од животот.

Роб на минатото
Несреќните луѓе живеат во минатото и главно само зборуваат за тоа. Кога немаат теми за разговор, се вртат кон оговарање и ги коментираат туѓите животи.

Страв
Несреќните луѓе размислуваат за тоа што може да тргне по лошо, додека среќните имаат доза здрава илузија и си дозволуваат понекогаш да сонуваат и размислуваат за убави работи.