Повторно гранати во близина на украинската нуклеарна централа во Запорожје


Руски ракетни и артилериски напади погодија градови и области во близина на украинската нуклеарна централа во Запорожје, соопштија денеска украинските власти. Гувернерот на Днепропетровската област Валентин Резниченко изјави дека делови од Никопол, поради силните ракетни напади во текот на ноќта, останале без електрична енергија. Во гранатирањето во Марханец оштетени се десет станбени објекти. Во градот […]

Рударството клучно за развојот, учествува со над 10 отсто во индустриското производство


Рударството е еден од најважните сектори и придвижувач на нашата економија дури и во време кога се соочуваме со една од најголемите кризи во поновата историја, истакна денес во Пробиштип премиерот Димитар Ковачевски, на манифестација по повод одбележувањето на Денот на рударите – 28 август. „Со повеќе од 10 отсто во вкупното индустриско производство на […]

Белгија бара да се ограничат цените на енергијата на ниво на ЕУ


Белгискиот премиер Александар Де Кро најави дека ќе бара на ниво на ЕУ да се ограничи растот на цените на струјата и гасот, кои достигнуваат досега незамисливи нивоа низ Европа. „Јас бев еден од првите што кажав дека не можеме да продолжиме да го решаваме проблемот со цените со намалување на даноците, туку тие да […]

Изградени пристапните рампи кон пешачкиот мост во Сарај за лицата со потешкотии во движењето


Изградени се пристапните рампи кон пешачкиот мост во Сарај за лицата со потешкотии во движењето, соопштија од ЈП „Улици и патишта“. Од таму појаснуваат дека двете пристапни рампи се поставени паралелно со скалите што водат до мостот. Првата рампа, што се наоѓа на северната страна и го поврзува кејот на река Вардар со постојниот мост […]

Крводарителска акција во Домот на АРМ по повод Голема Богородица, апел за хуманост до скопјани


Во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина, денеска, во Домот на АРМ, во Скопје, традиционално, по јубилеен 20-ти пат, се одржува крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. – Ова крводарителска акција ја започнавме 2003 година заедно и по иницијатива на Илија […]

Дојче бан: Популарната шема за месечни билети од девет евра е голем успех


Популарната шема за месечни билети на германскиот железнички оператор Дојче Бан завршува следната недела, а директорката за регионален транспорт на компанијата Евелин Пала го прогласи експериментот за голем успех. Околу 26 милиони луѓе купија месечни билети за јуни, јули и август само преку продажните места на Дојче Бан, објави Пала. Таа додаде дека „секој петти […]

Домашни и странски експерти ќе работат на заштита на Трескавец и на црквата „Успение на Пресвета Богородица“


  Манастирот Трескавец ќе добие интензивна заштита со програмата за наредната година и проект за конзервација на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ што подразбира ангажирање домашни и странски експерти, најавува научниот советник, археологот Бранко Ристески од прилепскиот Институт за старословенска култура. Македонските научници пред три месеци на конференција за заштитата на културното наследство, преку примерот […]

Колумна на министерот Бесими – Геополитика, енергетика и економија: Очекувања и можни сценарија за оваа зима?


  Министерот за финансии Фатмир Бесими во колумна се осврнува на очекувањата и можните сценарија за претстојната зима. Колумната ја пренесуваме во целост:    Навршија седум месеци од почетокот на војната во Украина. Економските изгледи и понатаму остануваат со висока доза на неизвесност, со надолни ризици поради растечката инфлација, можноста за запирање на испораката на […]

Брнабиќ очекува дека владата ќе биде формирана во септември


Мандатарката за состав на новата влада Ана Брнабиќ денеска изјави дека верува оти владата ќе биде формирана во септември.   Брнабиќ за телевизијата Прва изјави дека Синиша Мали, Милош Вучевиќ и Ивица Дачиќ сигурно ќе бидат во владата, но дека се уште не е време да се зборува за кадрите.   „Од моментот кога ќе […]

Бучим и Боров Дол привремено ќе го прекинат процесот на производство


  Од 1 септември годинава рудниците Бучим и Боров Дол ќе прекинат со процесот на производство на определен период во кој е планирано да се направи целосна замена на флотомашините во рудникот Бучим со нова опрема, која што е дизајнирана и изработена од светски реномираната компанија Метсо Оутотек, и да се изгради фотонапонска централа за […]

Единбург се „дави“ во ѓубре поради штрајк на комуналните компании


На улиците на главниот град на Шкотска, Единбург, се трупаат купишта ѓубре поради штрајкот на компаниите за ѓубре што трае повеќе од една недела. Здравствените власти предупредија дека постои закана за јавното здравје. Тие ги предупредија локалните власти дека доколку продолжи акумулацијата на отпад, тоа ќе стане ризик за здравјето на луѓето и ќе треба […]

Македонистиката има нови поддржувачи и афирматори низ светот – успешно се одвива 55. Летна школа на МСМЈЛК


  Македонскиот јазик, литература и култура имаат нови поддржувачи и афирматори низ светот – нови генерации посветеници на македонистиката. На јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), којашто се одржува во Охрид, и тие, како и низа истакнати […]

Франција ќе и помогне на Црна Гора за кибер безбедноста


Франција ќе ја достави својата експертиза во областа на кибер безбедноста на владините институции во Црна Гора, на барање на таа земја членка на НАТО, која е цел на голем хакерски напад врз владини институции, соопштија француските власти. Тоа е втор кијбер напад за една недела во Црна Гора. „Француската влада одговори позитивно на барањето […]

Британски тинк тенк: Народната банка прва во светот според застапеноста на жените на раководни места во финансиските институции


  Народната банка на Република Северна Македонија е прва во светот меѓу централните банки и финансиските институции според застапеноста на жените на раководни позиции. Ова, како што соопштуваат од Народната банка, е нотирано во објавата на британскиот тинк-тенк ОМФИФ – Официјалниот форум на монетарни и финансиски институции, посветена на Индексот на родова еднаквост во финансиските […]

Германија се подготвува за можна национализација на филијалата на „Гаспром“


Германската влада основаше холдинг компанија за да ја изврши евентуалната национализација на „Гаспром Германија“, објави денеска германскиот весник Велт ам Зонтаг, цитирајќи владин документ. Во април германскиот енергетски регулатор најави дека ќе управува со компанијата „Гаспром Германија“ (трговија, складирање и пренос) во интерес на Германија и Европа. Новиот холдинг наречен Securing Energy for Europe Holding […]

Уште еден расказ на Томислав Османли објавен во грчката ревија за култура „Енекен“


Во најновиот број на угледната ревија „Енекен“,  грчкото списание за култура и општетвени прашања кое се публикува во Солун, е објавена прозна творба на нашиот автор Томислав Османли. Станува збор за расказот „Лето, песок во косите“, инаку петта по ред книжевна  содржина од македонскиот автор, која ја објавува солунското списание. Расказот е летната повест, дел […]

Тројца загинати во Холандија откако камион излетал од патот и удрил во луѓе собрани на скара


Неколку лица загинаа, а неколку се повредени во Холандија откако камион излетал од патот и удрил во поголема група луѓе кои се собрале на скара во соседството, пренесоа светските агенции. Според холандското радио НОС, три лица загинале. Несреќата се случила во селото Њу Бејерленд, недалеку од Ротердам. Германската агенција ДПА јави дека во спасувањето на […]

„Отворен Балкан“ голем туристички потенцијал, може да генерира 30 милиони ноќевања


Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски смета дека Саемот за вино „Отворен Балкан“ во Белград е одлична можност да се испрати пораката на обединетост, подготвеност за заедничка соработка и носење мудри одлуки. Јаневски во пресрет на Саемот за МИА вели дека на манифестацијата ќе се претстават 333 винарии од […]

Тројца холандски командоси ранети во пукање пред хотел во САД


Тројца холандски командоси на вежби во САД се ранети во престрелка пред нивниот хотел во Индијанаполис, соопшти холандското Министерство за одбрана. „Еден од командосите е во критична состојба“, се вели во соопштението, во кое се додава дека локалната полиција го истражува инцидентот и дека нема уапсени. Полицијата во Индијанаполис соопшти дека пукањето се случило околу […]

Традиционално поетско читање „Мостови“ и врачување на највисоките признанија на 61. Струшки вечери на поезијата


Со меѓународно поетско читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен Венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга”, вечер на Мостот на поезијата во Струга завршува 61. издание на манифестацијата Струшки вечери на поезијата. Годинашниот лауреа, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, поради поодмината возраст не присуствува на Фестивалот, а признанието во негово име ќе го прими неговиот […]