За една градинка во Битола и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ назначуваат директор


  БИТОЛА – И локалната и централна власт назначуваат директор во градинка во Битола.  Министерството за труд и социјална политика ја враќа Лидија Тфирст-Митревска за директор на градинките „Естреја Овадија Мара“ во Битола и му ги одзема ингеренциите на градоначалникот Тони Коњановски (ВМРО-ДПМНЕ) за назначување на директор во оваа претшколска установа. Само пред десеттина дена […]

Здружението на јавни обвинители го осуди писмото на Русковска до странските амбасади


  Здружението на јавните обвинители на Македонија остро реагира на отвореното писмо од јавниот обвинител Вилма Русковска упатено синоќа преку медиумите до странски амбасади и меѓународни организации. Како професионално здружение, се посочува во денешната реакција од Здружението на јавни обвинители, со зачуденост го проследивме дописот за кој сметаме дека го нарушува угледот на јавнообвинителската функција […]

Јапонија тврди дека кинески проектили паднале во нејзината економска зона


  Јапонија– Јапонија тврди дека најмалку пет балистички ракети истрелани денеска од Кина кон Тајван паднале во нејзината ексклузивна економска зона во Јапонското Море. Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши изјави дека тоа е „првпат кинеска воена балистичка ракета да слета во нивните води“. – Ова е сериозно прашање што се однесува на националната безбедност […]

Ѓуровски: Со воената донација за Украина се остваруваат најмалку три стратешки цели


  Нашата држава со воената донација за Украина остварува најмалку три стратешки цели за што постои консензус меѓу сите релевантни парламентарни политички партии во земјата, изјави за МИА проф.д-р Марјан Ѓуровски, универзитетски професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”. -Мaкедонија се потврдува како сериозен партнер – […]

ЗНМ побара одговорност за спречувањето на ТВ Алфа да известува од Мечкин Камен


  Здружението на новинари на Македонија денеска соопшти дека бара одговорност за спречувањето на екипа на ТВ Алфа на 2 Август да известува од Мечкин Камен. „Новинарските екипи имаат право и обврска да информираат од настани кои се од јавен интерес, а не да се попречуваат во вршење на нивната работа. За ЗНМ е недозволиво […]

И за буџетот и за граѓаните- презентиран концептот за даночни реформи пред бизнис заедницата


  Во Министерството за финансии денеска започна јавната дебата за Предлог-концептот на даночни реформи. Пред бизнис заедницата, Предлог-концерт го презентирал министерот за финансии Фатмир Бесими заедно со директорките на Управата за јавни приходи и на Царинската управа, Сања Лукаревска и Славица Кутиров. Концептот, како што посочуваат од Министерството за финансии, треба обезбеди праведен, ефикасен, транспарентен […]

Јули натпросечно топол и влажен


  Метеоролошките станици во државата покажуваат дека годинашниот јули бил натпросечно топол и влажен. Споредено со тридеценискиот период, од 1981-ва до 2010 година, температурата била за 0,7 степени целзиусови повисока од просекот, додека месечната сума на врнежи била 16 милиметри или 41 отсто над просечната. -Апсолутното температурно колебање беше 37,8 степени, а месечното 10,5 степени […]

Роденден на „Охридско лето“: Фламенко балет „Луксуриа“  од Шпанија на Антички


  „Четврти август, денот кога започна „Охридско лето“, денот кога и се поклонуваме на оперската дива Ана Липша Тофовиќ,  го славиме со огромна возбуда но и одговорност пред сѐ поради значењето и големината на оваа наша најголема музичко-сценска манифестација. Низ годините, тука, на фестивалската сцена настапиле најзвучните имиња од светот на музиката и театарот. Звуците […]

Шест починати лица, регистрирани 844 новозаразени со Ковид-19


  Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на Ковид-19: Скопје – 374, Kуманово и Тетово – по 43, Битола – 38, Прилеп – 35, Велес – 33, Кавадарци и Охрид – по 30, Штип – […]

За 15 години во Албанија пожарите уништиле 388 илјади хектари шуми и насади


  Албанија– Во последните 15 години се проценува дека во Албанија пожарите уништиле 388 илјади хектари шуми и земјоделски насади, главно маслинови. -Ние сме најсиромашната земја со шуми во Европа и ризикуваме да станеме прва земја без шуми во Европа, предупредува Абдула Дику, експерт за животна средина. Истрагата потврдила дека најголем дел од пожарите се […]

Москва протерува норвешка конзулка поради русофобни изјави


Русија– Русија денеска побара норвешката дипломатка Елизабет Елингсен да ја напушти земјата поради „русофобни изјави“, а во врска со испадот од 6 јули кога при препирка на рецепција во хотел извикала дека ги мрази Русите.   „Нејзиното присуство на територијата на Русија е невозможно после тоа што се случи“, изјави портпаролката на руското Министерство за […]

По петти пат ќе се избираат „Мажи на годината“


  Петта година по ред во организација на Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации се одржува официјалниот избор  „Мажи на годината“. Настанот ќе се одржи последната недела од ноември, месец посветен на машкото здравје. -Гламурозен настан кој се одржува во повеќе од 70 земји ширум светот, на едно место ги обединува најистакнатите имиња во претприемаштво, здравство, […]

Поевтинуваат бензините и дизелот


  Гривата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два до три денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,99 отсто. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за два денари за […]

(Видео) Дете паднало од прозорец додека автомобилот бил во движење


Неверојатна ситуација се случила во кинескиот град Нингбо кога дете паднало од прозорец на автомобил на сред пат! На видеото се гледа голема раскрсница со четири ленти и многу возила. Автомобилот застанува на семафор. Кога светлото се вклучило зелено, автомобилот тргнал, а детето се наведнало низ прозорецот и паднало на патот! Автомобилот продолжил да се […]

ЗНМ бара конкретни мерки од МВР против лицето што ги спречило новинарите на Алсат да си ја вршат работата


ЗНМ бара итна реакција од општина Сарај за вчерашната случка со екипата на Алсат, каде што тие, од страна на локалните жители биле спречени да снимаат. Вчера напладне новинарската екипа на телевизијата Алсат во состав Мелихате Рустеми (новинарка) и Бојан Костовски (снимател) биле спречени да ја вршат својата работа. Екипата пристигнала во селото горно Свиларе […]

Ќерката на Талат Џафери ќе врши надзор на парно греењето на скопјани


АД ЕСМ ги регистрираше трите компании со кои ќе се пријави на владиниот оглас за превземање на парно-греењето на Скопје на местото на Балкан Енерџи Груп. Дејноста на сите три претријатија е снабдување со пареа и климатизација на адреса на управата на државните електрани, пишува Фактор. За таа цел формирани се три субјекти – ЕСМ […]

Лесјак и Дејвис промовирани во нови ракометари на Еурофарм Пелистер


Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер денеска ги претстави словенечкиот голман Урбан Лесјак и португалскиот среден бек Вилсон Дејвис за свои нови засилувања. – Кога стигна опцијата за Битола веднаш ми беше интересна. Градот го знаев бидејќи играв тука со Хановер, Филип Кузмановски ми кажа многу убави зборови за клубот, градот, организацијата, сопственикот и засега сè функционира супер […]

Топлинскиот бран првпат доби име како ураганите


Топлински бран со температури над 43 степени Целзиусови, кој минатата недела најтешко ја погоди Севиља во Шпанија, е прв во историјата кој доби категорија, па дури и име по терк на ураганите – наречен е Зое. Зое последните денови донесе високи температури во јужните делови од земјата, посебно во андалузија. Дури и ноќните температури беа […]

Елен Помпео ќе глуми во осум епизоди од новата сезона од „Вовед во анатомија“


  САД– Главниот лик на „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), Елен Помпео, односно хирургот д-р Мередит Греј во медицинската драма во ударниот термин на „Еј-би-ес“, ќе го намали времето на екранот во претстојната 19-та сезона, бидејќи ќе работи на нов проект за стрим-сервисот „Хулу“. Таа ќе глуми во осум епизоди, како што беше соопштено вчера. Сепак, […]

Детокс напиток кој ги топи килограмите и целулитот


Сите знаеме дека умереноста во храната и пијалоците и редовната физичка активност се најважни за добро здравје и витка линија, но често тоа го игнорираме. Не можеме да одолееме на нашите омилени слатки, газирани сокови, грицки… Како резултат на тоа може да се случи да ставиме некој килограм вишок, но и целулит од кој не […]