Топлинскиот бран првпат доби име како ураганите


Фото: Б. Грданоски

Топлински бран со температури над 43 степени Целзиусови, кој минатата недела најтешко ја погоди Севиља во Шпанија, е прв во историјата кој доби категорија, па дури и име по терк на ураганите – наречен е Зое.

Зое последните денови донесе високи температури во јужните делови од земјата, посебно во андалузија. Дури и ноќните температури беа високи – на места достигнуваа до 27 степени Целзиусови, па без климатизација не беше можно да се се искористи ноќта за разладување на куќите и телата.

Зое е првиот именуван топлински бран откако минатиот месец официјално е покрената нова пилот-програма за именување и рангирање на топлинските бранови, како што тоа вообичаено се прави за ураганите. Имиња ќе добиваат само најјаките топлински бранови, а оваа година ќе бидат именувани според обратен абецеден ред. По Зое, следуваат Јаго, Ксенија, Ванчестало и Вега (Yago, Xenia, Wenceslao i Vega).

Луѓето треба да се освестат и да реагираат

Програмата е покрената во соработка со повеќе фондации, институти, канцеларии за климатски промени и универзитети. Идејата е топлинските бранови да се категоризираат во три категории, од кои првата би била најниска, а третата највисока.

Системот има посебни категории кои не вклучуваат само дневни температури , туку и најниски ноќни температури, влажност и очекувани влијанија на топлината на човековото здравје. Секое ениво треба да стави во функција услуги на итен одговор на топлинскиот бран, како што се издавање временски предупредувања, Отворање центри за разладување и праќање здравствени тимови во заедниците за да се провери ранливото граѓанство.

Според Службата за климатски промени Коперникус на ЕУ, овогодишниот јуни бил втор најтопол откако постојат мерењата. Температурите на многу делови од континентот рушеа рекорди, а првите две недели од јуни беа најтоплите забележани во Шпанија. Комбинацијата од големи жештини и големи суши беше одлична за ширење на големите пожари. Во велика Британија температурите на 20 јуни надминаа 40℃, со што е срушен британскито температурен рекорд на сите времиња и тоа неколку пати во еден ден.

Ваквата ситуација се согласува со климатските модеи кои покажуваат дека глобалното затоплување ни донесува се почести топлински бранови, кои ќе бидат потрајни и поинтензивни.

Климатолозите сметаат дека Медитеранот ќе биде жариште на климатските промени и дека јужните делови на Европа ќе станат уште посушни.

Шпанскиот систем на именување и рангирање на топлинските бранови е покренат за да се освестат луѓето за опасностите кои донесуваат екстремни жештини.
Овој систем е прв во светот, а бројни градови во грција и во САД најавија дека наскоро ќе покренат слични пилот-програми.