Пекинг на западните амбасадори им врачи протест поради ставот на Г7 и ЕУ за Тајван


Кина денеска соопшти дека ги повикала европските амбасадори во Пекинг на состанок во знак на протест против изјавите на групата Г7 и Европската унија со кои се критикуваат кинеските вежби над Тајван. Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека заменик министерот Денг Ли дал „официјална изјава“ за, како што рече, „дрското мешање во внатрешните […]

Седумдесеттите


Како што сите потсетуваат на кризата од 1970-тите, кои би можеле да бидат сличностите со инфлацијата и забавувањето на економскиот раст денес и кои се можните лекции? Како прво, има сличност со поскапувањето на нафтата и на енергенсите воопшто. А тоа ја забрза инфлацијата. Централните банки не реагираа навреме, па конечно изгледаше дека растот на […]

Извештај на ОН: Северна Кореја се подготвува за нуклеарна проба, прва после пет години


Обединетите Нации предупредуваат дека Северна Кореја се подготвува да изврши нуклеарна проба, што би било прво тестирање од 2017 година. Во доверлив и се уште необјавен извештај на ОН се посочува дека последните месеци се забележани интензивирани активности во подземната севернокорејска нуклеарна инсталација во северниот дел на земјата. „Работните активности во центарот за нуклеарни тестирања […]

Четири лица се тешко повредени при удар на гром во близина на Белата куќа


Четири лица синоќа се тешко повредени од удар на гром во близина на Белата куќа во Вашингтон. Громот удри во две жени и двајца мажи кои биле во јавниот парк што е лоциран пред резиденцијата на американскиот претседател. Повредените се хоспитализирани.

Ќе се снима „Џокер 2“


Продолжението на филмот „Џокер“ со повторно учество на американскиот глумец Хоакин Феникс ќе се прикажува во кината од 4 октомври 2024 година, објави продуцентската компанија „Ворнер брос“. Хоакин Феникс доби „Оскар“ за најдобра улога за „Џокер“. Во продукцијата можеби ќе учествува и пејачката Лејди Гага, според „Холивуд репортер“. Сепак, сѐ уште не е познато во […]

Мис Универзум проговори: Ме малтретираа на социјалните мрежи кога се здебелив


  САД–  Мис Универзум за 2021 Харнааз Сандху вели дека се здебелила откако е крунисна во декември, во Израел, но не и пречи промената. Проблемот беше малтретирањето на социјалните мрежи. „Физички добив повеќе килограми и ја зголемив својата тежина, што ми е сосема удобно во моментов“, изјави 22-годишната за PEOPLE ексклузивно од нејзиниот стан во […]

Путин и Ердоган денеска на средба во Сочи, втора за 17 дена


  Русија – Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, ќе разговараат денеска во Сочи за енергетиката и за проширување на трговско – економските врски, соопшти Кремљ. „Согласо договорите постигнати на билатералниот состанок на претседателите во Техеран на 19 јули, планирано е детално да се разговара за темата руско – турска мултилатерална […]

Зеленски ја обвини „Амнести Интернешнл“ за обид да ја амнестира терористичката држава Русија 


Украина – Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ја обвини „Амнести Интернешнл“ (АИ) дека се обидува да амнестира терористичка држава, мислејќи на Русија, откако претходно таа невладина организација посочи дека Киев ги загрозува цивилите во војната против Москва. Зеленски рече дека АИ „ја префрла одговорноста од агресорот на жртвата“. Претходно и шефот на украинската дипломатија Дмитро […]

Бајден во изолација сè додека не биде негативен на коронавирусот


  САД – Американскиот претседател Џо Бајден ќе остане во изолација сè додека не биде негативен на Ковид-19, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан – Пјер. Таа додаде дека неговиот лекар, Кевин О’Конор, ќе одлучи дали ќе бидат потребни два негативни теста за да се прекине изолацијата. Бајден вчера повторно беше позитивен на Ковид-19, но, […]

На „Табановце“ се чека 40 минути, на „Богородица половина час


  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На ГП Богородица за излез се чека од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од […]

По пауза од две години во септември повторно изградба на пругата кон Бугарија 


  Новите изведувачи на работите на пругата кон Бугарија ќе добијат пристап до градилиштата месецов, а во тек на следниот се очекува и да стартуваат со конкретна работа, откако во меѓувреме ќе ги завршат административните процедури, со регистрација на подружници и обезбедување на потребните сертификати и  одобренија. „Штрабак“ треба да ја заврши работата за реконструкција […]

Анџела Прајс Агелер потврдена за нова амбасадорка на САД во Скопје


  Анџела Прајс Агелер е потврдена за нова амбасадорка на САД во Северна Македонија, објави на Твитер демократското мнозинство во Сенатот. Таа доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година. Минатата недела, Сенатската комисија за надворешни работи имаше сослушување за нејзината номинација, на кое […]

Комисијата за заразни болести денес ќе го разгледа порастот на бројот на заразени со корона


  Во моментов во земјава се активни 4.139 случаи на коронавирусот, од кои 1.749 се во Скопје. Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на којшто ќе се разгледа актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19. Согласно вчерашната ковид-статистика, направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на КОВИД-19, од кои 188 се реинфекции. […]

Во Дојран прво издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“


  Од денеска до недела, покрај брегот на езерото во Дојран, ќе се одржува првото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“. Во рамки на фестивалот, посетителите ќе имаат можност да гледаат филмови на автори, кои живеат или потекнуваат од медитеранските и европските земји. Станува збор за прв филмски фестивал од ваков формат во земјава, […]

Средба на министерот Сали со претставници на Коалицијата „Менуваме“


  Коалицијата „Менуваме“ соопшти дека денеска нејзини претставници ќе имаат средба со министерот за здравство Беким Сали, на која ќе се разговара за проблемите со кои се соочуваат лицата со попречен вид. – На состанокот е предвидено да разговараме за тоа дека ортопедските помагала за деца и лица со попречен вид – слепи, треба да […]

Изложба „Остров на осаменост“ во куќата на Робевци


   „Остров на осаменост“ е насловена изложбата со цртежи на авторите Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Сашо Блажес, што вечер ќе биде отворена во куќата на Робевци во Охрид. Завод и музеј – Охрид соопшти дека ќе бидат изложени 40-тина дела изработени во различни цртачки техники и медиуми. – Изложбата „Остров на осаменост“ си зема […]

Сончево и топло , температурата до 38 степени


  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северен ветер и максимална температура до 37 […]

Астрономски календар


  Денеска е петок, 5 август 2022 година, 212-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 153 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 29 минути, а ќе зајде во 19 часот и 49 минути. Денов трае 14 часа и 20 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе […]

Во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници


Властите во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници. Таквиот потег ќе ослободи средства за итни случаи и ќе укине некои бирократски пречки, јавија американските медиуми. Објавата доаѓа повеќе од една недела откако Светската здравствена организација прогласи глобална здравствена вонредна состојба поради избувнувањето на тој вирус. – Подготвени сме за наш одговор […]

Трамп и Орбан на иста конференција во Тексас


  Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој мери кога да ја објави својата очекувана трета трка за републиканската претседателска номинација, ќе се обрати на собирот на конзервативни активисти овој викенд во Далас, Тексас. Во сабота, Трамп ќе го одржи последниот говор на повеќедневниот ЦПАЦ Тексас, гранка на годишната Конференција за политичка акција на конзервативците. Конференцијата почнува […]