Ќе се снима „Џокер 2“


Продолжението на филмот „Џокер“ со повторно учество на американскиот глумец Хоакин Феникс ќе се прикажува во кината од 4 октомври 2024 година, објави продуцентската компанија „Ворнер брос“.

Хоакин Феникс доби „Оскар“ за најдобра улога за „Џокер“.

Во продукцијата можеби ќе учествува и пејачката Лејди Гага, според „Холивуд репортер“. Сепак, сѐ уште не е познато во каква функција ќе биде таа. И новиот филм повторно ќе го режира Тод Филипс, а според порталот „Дедлајн“, почетокот на снимањето е закажан за декември.

Џокер беше објавен во 2019 година и освои два „Оскара“ – за најдобра филмска музика (композитор: Хилдур Гурнадотир) и за најдобра главна машка улога.