ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за два денара, цените на другите нафтени деривати не се менуваат


  Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ ќе поевтини за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цената на БС-98 ќе биде 94 денари. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Престана паричната помош за ковид-19, почнува за енергија


Министерството за труд и социјална политика, преку прилагодување на прописите од областа на социјалната заштита, обезбеди олеснет пристап до остварување на правото на гарантирана минимална помош и остварување на паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците од април до септември за време на вонредни околности, […]

Утре сончево и топло, во недела пад на температурите и дожд


 Во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време, попладне на места со зголемена облачност. Во недела ќе дува засилен североисточен ветер што ќе предизвика благо опаѓање на дневната температура. Од недела во попладневните и вечерните часови, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има и развој на локална нестабилност со пороен дожд, […]

Исчистени транспортниот центар и кејот на Вардар


Во текот на вчерашниот ден, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведе активности за чистење на транспортниот центар под Железничката станица во Скопје, каде што беа отстранети приближно 10м3  отпад од диви депонии. Воедно, во организација на Градот Скопје се одвива акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар, во којашто учествуваат сите јавни градски претпријатија. Во […]

Уште три брода со жито испловија од украинските пристаништа


Уште три брода со жито испловија од украинските пристаништа и се упатија кон Турција за инспекција, соопшти денеска турското Министерство за одбрана, пренесе Бета. Бродовите носат вкупно 58.000 тони пченка. Првиот брод со жито од почетокот на војната, ја напушти Украина претходно неделава. Бродот го помина Црното Море согласно договорот постигнат меѓу завојуваните страни со […]

Шумски пожар во западниот дел на областа Атика, авион „ер трактор“ принудно слета во море


Во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во близина на автопатот кон Пелопонез, претпладнево избувна пожар, а еден од авионите на противпожарната служба што интервенираше во гаснењето, принудно слета во море, додека двајцата патници навремено се спасиле, јави дописничката на МИА од Атина. Преку бројот 112 за итни случаи, беше испратена порака до […]

Франција е погодена од најлошата суша досега


Француската премиерка Елизабет Борн денеска формираше  меѓуминистерски кризен тим, кој треба да се справи со последиците од една од најлошата суша што ја погодиле земјата. – Актуелната исклучителна суша лишува многу заедници од вода и е трагедија за нашите земјоделци, нашите екосистеми и биолошката разновидност. Недостигот од дожд се влошува со последователните топлотни бранови, што […]

Без вода дел од Драчево и „Јадранската магистрала“


Дел од корисниците лоцирани на улиците „Малешевска“, „Аилска“, „Јакупица“, „Румена Хаџипанзова“ и „Бранко Заревски“ во скопската населба Драчево, како и на „Јадранска магистрала“ денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекините се поради улични дефект на улица „Јустинијан Први“ број 2 во Драчево и на улица „Качанички […]

Индискиот поет Сонет Мондал ќе учествува на Струшките вечери на поезијата


Најпрестижниот и најстариот се уште постоечки поетски фестивал во светот, Струшките вечери на поезијата, упати покана до индискиот поетот Сонет Мондал да ја претставува Индија на 61-во фестивалско издание, што ќе се одржи во градот Струга, со придружни настани во Скопје и Охрид, од 24 до 29 август, објави „Индиантвњуз“.   Годинава Мондал ја објави својата […]

Во Аеродром 497 граѓани добија субвенции за тротинети и велосипеди


Градоначалникот Тимчо Муцунски денеска ги потпиша решенијата за доделување паричен надоместок за секој купен велосипед или електричен тротинет. Од објавувањето на повикот, па се до исцрпувањето на предвидените средства, апликации за добивање на овие субвенции поднесоа 549 граѓани, од кои вкупно 497 ги имале поднесени сите потребни документи и ќе добијат надоместок. Ова е прва […]

(Видео) Ајкулите сѐ почесто во плиткото – затоврени неколку плажи


Ајкулите на југоисточниот брег на САД не се никаква новост, но нивното зачестено појавувањево плитки води предизвикува сѐ поголема загриженсот меѓу капачите, јави Дејли стар. Huge sharks seen in shallow waters as terrified onlooker screams 'get out' at swimmershttps://t.co/krrKMsq0T9#Shark pic.twitter.com/w6aIQgkLdd — Archaeological News, Paranormal, Space and UFO (@nevadaknight67) August 2, 2022 Откако минатата недела беа […]

Блинкен: Кинеската воена вежба во близина на Тајван е провокација


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ги осуди кинеските воени вежби во близина на Тајван, оценувајќи ги како „провокација“ и „значителна ескалација“ на тензиите. – Овие провокации претставуваат значителна ескалација. Можете да видите како Пекинг неодамна се обиде да го промени статус квото околу Тајван … Сега спроведува опасни акции на ново ниво, посочи Блинкен […]

Кина воведе санкции кон Ненси Пелоси по нејзината посета на Тајван


Кина воведе точно неодредени санкции кон претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, „и членовите на нејзиното потесно семејство“, соопшти Министерството за надворешни работи во Пекинг, јави ДПА. Одлуката на кинеските власти следи по вчерашната посета на Пелоси на Тајван, и покрај претходно јасно искажаното предупредување дека нејзината посета на Тајпеј ќе се […]

Ако неа не сте ја убедиле, џабе се трудите. Хороскопот ви ги открива најголемите „мамини синови“


Астрологијата ги открива хороскопските знаци кои се сметаат за најголеми „мамини синови“. За повеќето жени, мажите кои се премногу приврзани за својата мајка генерално е добро само да ги избегнуваат, иако резултатите од многу студии покажаа дека тие сè уште имаат одредени квалитети. Тогаш беше забележано дека подобро ги завршуваат деловните задачи, што, ќе се […]

Напредната верзија на УЈП за „МојДДВ“ чека на одобрување од GooglePlay


Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки. Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на […]

Најмалку 13 луѓе загинаа во пожар во ноќен клуб во Тајланд


Најмалку 13 луѓе загинаа, а 40 се повредени, во пожар што изби во еден ножен клуб во близина на туристикиот град Патаја во тајланд. Пожарот избувнал во 1 часот по полноќ по локално време, а изгасен е три часа подоцна. На снимката објавена од спасувачите се гледа зградата зафатена од густ, црн чад и пламен, […]

Орбан во Тексас: „Унгарија е осамена ѕвезда во Европа“


  На собирот на десницата на американските конзервативци унгарскиот премиер рече дека „глобалистите можат да одат во пеколот“ Унгарскиот премиер Виктор Орбан излезе на сцената на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во Тексас со покана за американската десница. „Тука сум да ви кажам дека треба да ги обединиме нашите сили“, рече Орбан, унгарскиот премиер […]

Кинески авиони и бродови ја поминале линијата на раздвојување со Тајван


  Тајван објави детали откако кинески бродови и авиони утрово ја поминале линијата на раздвојување. Инаку, Кина спроведува големи воени вежби околу Тајван. Вчера во морето околу самоуправниот остров испалија 11 ракети што го разбесна Тајван, кој порача дека се подготвува за војна. Извор од тајван вели дека 10 кинески бродови ја поминале линијата на […]

Лавров: Москва е подготвена да разговара за размена на затвореници со Вашингтон


 Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва е подготвена да разговара за размена на затвореници со Вашингтон преку постоечки дипломатски канали. – Подготвени сме да разговараме на таа тема, но, во рамки на канали што ги договорија претседателите Владимир Путин и Џо Бајден, тврди Лавров за Тасс. Суд во Русија вчера […]

Студената храна и пијалаци предизвикуваат главоболки


Претерано разладените оброци и пијалаци не се погодни за секого, предупредува Наталија Круглова, нутриционистка и член на Националното здружение на диететичари и нутриционисти на Русија. – Сладоледот, ледените коктели, ладните салати и закуски не се опасни за здравата личност. Но, луѓето кои страдаат од болести на дигестивниот тракт треба да го ограничат внесот ладна храна […]