Нема нови рестриктивни мерки, одлучи Комисијата за заразни болести


  На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледа епидемиолошката состојба во земјата. Во изминатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи (8,5%), што е значително понизок пораст споредено со претходната недела (55,7%) и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0). Република Северна Македонија е во фаза на широка […]

Директорот на службата за разузнавање на Грција и генералниот секретар на грчката Влада си поднесоа оставки


Директорот на Националната служба за разузнавање на Грција (ЕИП) Панајотис Кондолеон и генералниот секретар на грчката Влада Григорис Димитриадис денеска ги доставија нивните оставки до грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој ги прифати, а опозициските партии оставките ги поврзуваат со случајот со прислушкувањата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Директорот на службата за разузнавање Кондолеон, […]

Продолжен притворот за Габриел Бајрам


Габриел Бајрам доби нови 30 дена притвор и останува во затворот „Скопје“ во Шутка, каде беше однесен пред една недела. Тој е осомничен дека сторил насилство, а Обвинителството во Скопје смета дека може да избега и да биде недостапен за правосудните органи. На Бајрам му е поднесена кривична пријава по брза постапка и му е […]

Електронски регистар и ортопедски помагала за слепите лица на товар на Фондот


Слепите лица ќе добиваат ортопетски помагала на товар на Фондот за здравствено осигурување, а ќе имаат и свој електронски регистар. Министерот за здравство Беким Сали на денешната средба со коалицијата „Менуваме“ ги прифатил нивните барањата. Со ова, според Суарет Алиша од коалицијата „Менуваме“, ќе бидат опфатени околу три и пол илјади лица. По средбата со […]

Во американскиот Сенат претставен нацрт-закон за демократија и просперитет на Западен Балкан


Во американскиот Сенат беше презентиран нацрт-законот за демократија и развој на Западен Балкан, чија цел е да се поддржи економскиот развој на регионот преку иницијативи за инфраструктура, трговија и борба против корупцијата, вклучувајќи го и дефинирањето на санкциите за „одвраќање на дестабилизирачките активности на Западен Балкан“. Нацрт-законот за демократија и просперитет на Западен Балкан го […]

Одговор од Истра до градоначалникот на Нови САД: Еве зошто нѐ посетуваат Србите


  Истарскиот жупан Борис Милетиќ на Фејсбук му одговори на градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, кој рече дека „никогаш нема да ги разбере Србите кои денеска се на одмор во Далмација и Истра“. „Го поканувам градоначалникот на Нови Сад сам да ја посети Истра, па ќе разбере не само зошто неговите сограѓани летуваат тука, […]

Почна поставувањето мерни станици за смарт земјоделство во Тиквешкиот Регион


  Почна посоставувањето мерни станици за смарт земјоделство во општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија. Вкупната вредност на проектот е 10 милиони денари. Вакви мерни станици ќе има на 18 локации во Тиквешкиот Регион, а денеска беше поставена првата – во Кавадарци. -Земјоделските производители ќе добиваат податоци од електронскиот мониторинг за атмосферските влијанија врз […]

Седум лица се повредени во сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово


  Седум луѓе се повредени при судир на две возила околу полноќ на автопатот Тетово-Гостивар во близина на Горно Седларце.  Во сообраќајката учествувале товарно возило „там“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(56) од Велес и патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од гостиварска Долна Бањица. -Во несреќата со тешки телесни […]

Кина прекина многу врски со САД, вклучително и за климата


  Кина ги прекина врските со САД за низа критични прашања, од разговори за климатската криза до дијалог меѓу нивните војски, по посетата на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси. Најавата за контрамерките дојде додека Пекинг спроведе воени вежби околу островот Тајван. Претходно, Кина најави санкции против Пелоси и нејзините директни […]

Плеврис: Кон средината на август може да бидат одобрени новите ажурирани вакцини за сојот омикрон


  Грција – Според информациите што ги имаме од компаниите е дека кон средината на август може да биде фазата на одобрување на вакцините кои се ажурирани за сојот омикрон, односно не само што штитат од тешко заболување, туку и од инфекција со омикрони, а малку подоцна ќе ги вклучат и варијантите четири и пет, […]

Отстранети сувите дрвја на паркингот кај Нова Македонија


ЈП „Градски паркинг“ – Скопје во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ излегоа на терен за да спроведат уште една акција за чистење на паркинзите низ градот Скопје. Нивната денешна локација беше затворениот паркинг Нова Македонија. Тие преку објава на нивната официјална фејсбук страница информираа за акцијата, а истовремено ги известија граѓаните дека за време […]

КСЗД: Присуството на бугарскиот конзул за време на најавениот увид во Културниот центар во Битола, Комисијата го доживува како обид за влијание


 Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов за време на извршувањето на најавениот увид во просториите на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, го доживува како обид за влијание врз нејзината работа. Од КСЗД, информираат дека по поднесена претставка за дискриминација од здружение на граѓани против […]

Зголемени цените на угостителските услуги


Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2022 година е зголемен за 8,9 отсто во однос на истиот период лани, додека во однос на декември 2021-ва бележи раст од 7,2 процента. Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јули 2022 година е зголемен за 4,2 […]

Русија протера 14 бугарски дипломати


Руското Министерство за надворешни работи денеска на бугарскиот амбасадор во Москва Атанас Крастин му врачи нота со која се прогласуваат „персона нон грата“ 14 вработени во амбасадата и во конзуларните преставништва на Бугарија во Русија. Во соопштението објавено од руското МНР стои дека Москва смета оти протерувањето руски дипломати од Бугарија „нанесува значителна штета на […]

Македонската театарска елита во Галичник- почнува филмскиот фестивал под отворено небо


  Дваесет и три краткометражни филмови од цел свет ќе бидат прикажани на третиот по ред Галичник филм фестивал, кој официјално ќе биде отворен денеска и ќе се одржува до недела, под отворено небо во Галичник. Како што најавија организаторите, во програмата се филмови кои доаѓаат директно од „Cannes Film Festival“, „Oscars“, „Sundance“, IDFA, „Toronto […]

Силата беше во Крушево- изложбата на Кардула ги собра фановите на „Војна на ѕвездите“


  Повеќе од 500 посетители ја проследија синоќешната изложба на Зоран Кардула на споменикот Илинден што е во рамките на манифестацијата „Десет дена Kрушевска Република“. Изложбата, инспирирана од познатиот филмски серијал „Војна на ѕвездите“ (Star Wars) и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден, ја отвори Владимир Конески, професор на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. Во […]

ЕУ: Прашањето поврзано со Русковска и Муареми треба да го решат надлежните органи


  Европската унија внимателно ги следи сите случувања поврзани со меѓусебните неодамнешни јавни размени на обвинувања меѓу шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и смета дека – тоа прашање треба да го решат надлежните органи, се […]

Квинтетот „Виенска камерна симфонија“ вечер на „Охридско лето“


   „Виенска камерна симфонија“ од Австрија вечер ќе одржи концерт во црквата „Света Софија“, во рамките на музичката програма на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Камерниот оркестар го сочинуваат Лаура Лози – прва виолина, Естеле Вебер – втора виолина, Џорџиа Венециано – виола, Серџо Мастро – виолончело и Дамиан Посе – контрабас. Виенската камерна […]

ЕУ ѝ додели на Србија 223,7 милиони евра неповратни средства за седум проекти


Српската министерка за евроинтеграции и национален ИПА координатор, Јадранка Јоксимовиќ, денеска соопшти дека Европската унија и додели на Србија грантови од 223,615 милиони евра за инвестирање во седум проекти, од кои три се во транспортниот сектор, два во енергетскиот сектор и по еден проект во дигиталниот сектор и социјалната инфраструктура, јави дописникот на МИА од […]

Охрид полн со љубов и страст- со фламенко балетот публиката „отпатува“ во Шпанија


  Со спектакуларно шоу на Фламенко балетот „Луксуриа“ од Шпанија, фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер на преполниот Антички театар го прослави 62-от роденден. Бројни љубители на уметноста уживаа во ритамот и емоцијата на музичарите и танчерите од шпанскиот Фламенко балет „Луксуриа“, во одличната кореографија и перфектната изведба. На почетокот на концертот се обрати Амбасадорот на Кралството […]