Италијански медиуми: Драги денеска објавува оставка


Премиерот на Италија, Марио Драги денеска во Парламентот ќе ја соопшти својата оставка, јавуваат италијански медиуми. Парламентарната седница е закажана за девет часот. Италијанскиот премиер се одлучи на ваков чекор, откако вчерашното гласање за доверба на неговата влада беше бојкотирано од сенаторите од три партии од неговата коалиција. Италијанскиот Сенат гласаше со 95 гласа „против“, […]

Ќе има ли антиковид мерки – бројот на новозаразени се поголем, напладне состанок на Комисијата за заразни болести


Расте бројот на нови позитивни случаи на Ковид-19 во државата. Комисијата за заразни болести напладне ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моменталната епидемиолошка состојба, како и за евентуалните препораки. – Комисијата за заразни болести ќе се состане во 12 часот и на состанокот. Ќе се дискутира за епидемиолошката состојба или препораките ќе […]

Почна испораката на гас преку гасоводот Северен поток 1


Испораките на гас продолжија денеска преку германско-рускиот гасовод Северен поток 1, потврди портпаролот на компанијата за германската новинска агенција ДПА. Десетдневниот прекин поради одржување го намали протокот на нула на 11 јули, а имаше стравувања дека Москва може да одлучи да не го рестартира снабдувањето во време кога Европа веќе се соочува со енергетска криза. […]

ЕУ испрати ново предупредување до Будимпешта, се закани со суспензија на европски фондови


Европската комисија  испрати ново предупредување до Унгарија поради непочитување на владеењето на правото, а процедурата може да доведе до суспензија на некои фондови кои и се даваат на земјата. „Европската комисија смета дека Унгарија не доставила соодветни корективни мерки“, се наведува во соопштението на Комисијата, потврдувајќи ја информацијата на унгарскиот весник „Непсава“, пренесе Бета. На крајот […]

Сончево и многу топло, температурата до 40 степени, УВ индексот ќе изнесува 9


Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 9 до 19, а дневната ќе достигне до 40 степени. УВ ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер […]

Во Шпанија над 500 жртви на топлотниот бран


Над 500 смртни случаи се евидентирани во Шпанија, поврзани со топлотниот бран што ја зафати западна Европа. Беа предизвикани разорни пожари и регистрирани рекордно високи температури. Шпанскиот премиер Педро Санчез ги повика граѓаните да бидат многу внимателни, а објави и податоци од анализи на здравствениот институт Карлос Трети. Тој додаде дека климатската вонредна состојба е […]

УНЕСКО го прогласи Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година


УНЕСКО го избра Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година, како прв француски град со таа титула, што почна да се одредува од 2001 година, пренесе Бета. Во соопштението на УНЕСКО се вели дека биле „импресионирани“ од акцентот што Стразбур го става на книгата како средство за справување со предизвиците на социјалната кохезија […]

Бајден: Климатските промени се непосредна и јасна опасност


Климатските промени се непосредна и јасна опасност, како и егзистенцијална закана за нашата нација и за светот, изјави американскиот претседател Џо Бајден. „Здравјето на нашите сограѓани е загрозено, како и нашата национална безбедност и нашата економија“, додаде Бајден за време на посетата на североисточната држава Масачусетс. Бајден рече дека ќе ги искористи своите извршни овластувања, […]

Франција ги зголемува пензиите и социјалната помош за четири отсто


Француските пратеници синоќа гласаа за зголемување на социјалната помош и пензиите за 4 отсто во првото читање на нацрт-законот за куповна моќ.Освен пензиите, ова вклучува семејни додатоци, социјални студентски грантови. Ќе стапи на сила од 1 јули 2022 година. Левичарскиот сојуз Нов еколошки и социјален народен сојуз го критикуваше зголемувањето како помало од стапката на […]

Владата ја усвои информацијата на Министерството за здравство за активностите за случајот „Клиника Жан Митрев“


Владата ја разгледа и усвои „Информација на Министерството за здравство за преземените активности во врска со сторијата на Истражувачката лабораторија, емитувана на програмата на Националната телевизија на ден 17 јули 2022 година“, соопштија вчера од Владата. Според Информацијата, на 18 јули 2022 година (понеделник) доставена е ургенција до Лекарската комора по однос на доставеното барање […]

Дефинитивно: Новак Ѓоковиќ не може да игра на УС Опен


  Надежите на Новак Ѓоковиќ да игра на УС Опен доживеаја нов удар откако турнирот рече дека ќе ги почитува правилата на владата на Соединетите Држави за вакцинација против Ковид-19. Соединетите Американски Држави бараат од не-државјаните да бидат целосно вакцинирани против корона вирус за да влезат, што значи дека на Ѓоковиќ, кој постојано јасно стави […]

Идниот британски премиер ќе биде Риши Сунак или Лиз Трас


  ЛОНДОН – И тогаш останаа двајца. Поранешниот канцелар Риши Сунак ќе се бори со министерката за надворешни работи Лиз Трас за да ги предводи британските конзервативците и да стане премиер на Велика Британија, откако пратениците на партијата ги избраа нивните последни двајца кандидати за да продолжат во следната фаза од натпреварот. По избезумениот последен […]

Италија: Владата на Марио Драги на пат да падне


  Кога премиерот Марио Драги објави дека Италијанците го убедиле да не поднесува оставка, во поголемиот дел од средата изгледаше како неговата влада на национално единство ќе преживее. Тој повика на нов пакт и гласање за доверба во Сенатот. Но неколку часа подоцна три партии од коалицијата рекоа дека нема да учествуваат во гласањето. Сега, […]

Бремените жени и хронично болните да се ослободат од работни обврски поради високите температури, препорача Владата


Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, од 21 до 24 јули 2022 година дека територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокаловата фаза, Владата донесе препораки за ослободување од работни обврски на најранливите групи на население, бремените жени и хронично болните лица. Во градинките, како што посочи […]

Исплата на пензиите од 27 јули


Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за јули 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 јули, а деловните банки од 27.07.2022 година да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата […]

Владата го задолжи АД ЕСМ – Скопје да основа три трговски друштва во негова сопственост


Владата на денешната седница, врз основа на известување за одземените лиценци на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, а со цел поуспешно пребродување на кризата со топлинска енергија, го задолжи АД ЕСМ – Скопје да спроведе постапка за основање на три трговски друштва во негова сопственост. -АД ЕСМ – Скопje треба да […]

Данска објави нов температурен рекорд од 35,6 степени


Данска објави нов температурен рекорд од 35,6 степени, вредност што не била измерена 81 година. Според Светската метеоролошка организација, невообичаено високите температури кои ги мачат жителите на голем број европски земји ќе продолжат до средината на следната недела.

САД ќе ѝ испратат на Украина уште четири артилериски ракетни системи ХИМАРС


Шефот на Пентагон, Лојд Остин, денеска изјави дека САД ќе испратат на Украина уште четири артилериски ракетни системи ХИМАРС. – Продолжуваме да бараме нови начини да им се пружи долгорочна поддршка за храбрите мажи и жени на украинските вооружени сили, и ќе ја адаптираме нашата помош така што Украина би имала технологии, боева муниција и […]

Ковачевски: Ние сме подготвени за ЕУ, следува напорна и посветена работа на реформи


Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на прием по повод отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Европската унија порача дека е отворено ново, европско поглавје во македонската историја кое ќе донесе забрзан развој, просперитет и стабилност. Им се заблагодари на граѓаните, за нивната истрајност и визија за европска иднина од која не се откажаа. Тие, подвлече Ковачевски, […]

Шпанија е против предлогот на ЕУ за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто


За шпанската Влада предлогот на Европска Унија за 15 отсто намалување на гасот за сите земји-членки на ЕУ, го оцени како неправеден и неефикасен. Шпанската министерка за еколошка транзиција Тереса Рибера истакна дека Мадрид ќе се спротивстави на наметнување на обврски „што се под тоа што и припаѓа“. – Шпанските семејства нема да трпат прекини […]