Франција ги зголемува пензиите и социјалната помош за четири отсто


Француските пратеници синоќа гласаа за зголемување на социјалната помош и пензиите за 4 отсто во првото читање на нацрт-законот за куповна моќ.Освен пензиите, ова вклучува семејни додатоци, социјални студентски грантови. Ќе стапи на сила од 1 јули 2022 година.

Левичарскиот сојуз Нов еколошки и социјален народен сојуз го критикуваше зголемувањето како помало од стапката на инфлација.

Според официјалните податоци, зголемувањето на цените во Франција достигна 5,8 отсто во јуни, но во септември може да се зголеми на 6,8 отсто на годишно ниво.