ЕБОР одобри 25 милиони евра кредит за изградба на големи фотоволтаични централи во Осломеј и во Битола


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри 25 милиони евра на ЕСМ за изградба на 30 MW фотоволтаици (ФВ), проект кој се состои од 10 MW фотоволтаици поставени на веќе експлоатираниот рудник за јаглен на Термо-електричната централа Осломеј и 20 MW до Термо-електричната централа Битола. Европската унија (ЕУ) исто така го поддржува овој развоен […]

Пивара Скопје ја продолжува 100 годишната традиција на иновации и инвестиции кои носат придобивки за вработените, купувачите, консументите и заедницата


Во чест на 100-годишниот јубилеј, Пивара Скопје, заедно со своите вработени, ја одбележа реализацијата на новите инвестиции во најсовремена опрема и технологија, кои овозможуваат натамошна модернизација на компанијата и го поддржуваат нејзиниот долгорочен одржлив развој. Најновите инвестиции во модернизација на компанијата, вредни 10,7 милиони евра, се во напредна опрема и технологии кои се инсталирани во […]

ЕБОР и ЕУ ќе го финансираат патот од Скопје до Косовската граница


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) финансираат нов дел од автопатот во Северна Македонија, од главниот град Скопје до надвозникот кај Блаце, во близина на границата со Косово. Новиот пат ќе обезбеди побрза и полесна конекција за трговијата и граѓаните, соопштија од ЕБОР. Кредитот во износ од 167,6 милиони евра […]

Мониторирани 50 сакрални објекти во охридско-струшкиот регион, кај дел потребни се заштитни интервенции


На 50 цркви и манастири во охридско-струшкиот регион изминатите два месеци направен им е мониторинг за состојбата во која се наоѓаат, во рамките на проектот „Мониторинг на православното културно наследство“, кој го спроведува ИКОМОС Македонија во соработка со МПЦ-ОА, а со финансиска поддршка од Амбасадата на САД. Во Дебарско-Кичевската епархија, како што информира за МИА, […]

Ковачевски: Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски јазик


Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски јазик. Сите наши идентитетски прашања се заштитени, бидејќи тоа беа нашите елементарни барања по кои се придржувавме во преговорите, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со коалициските партнери во врска со францускиот предлог за тргање на ветото од Бугарија и отворање на пристапните преговори со ЕУ. -Ова […]

Скопје домаќин на Европското првенство во танци 2022


Од денеска до 5 јули во „Ист Гејт Мол“ и СЦ „Јане Сандански“ голем број танчери од 21 држава во Европа, ќе ја претстават својата земја на сцената во склоп на Европското првенство во танци 2022 (IDO European Hip-Hop & Boogie Championships). Организатори на Европското првенство се танцовите клубови „Eat the Beat“ и „Break-A-Leg“ од […]

Уште двајца починати од Ковид, 193 новозаразени


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 894 тестови, а регистрирани се 193 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 109, Битола – 17, Куманово – 15, Кавадарци – 11, Велес – 7, Гостивар и Штип – по 6, Кичево – 5, Прилеп – 4, […]

Судиите и јавните обвинители кои наполнија 62 или 64 години заминуваат во пензија


Вкупно 42 судии и 10 јавни обвинители над 62 или 64 од денеска се во пензија. Како што информираа за МИА од Советот на јавни обвинители и Советот на судии на Република Северна Македонија, денеска биле донесени одлуки со кои се констатирал престанок на нивната функција поради исполнување на условите за пензија. Собранието вчера не […]

Османи: Доколку Владата одлучи да го одобри пакетот, може веднаш да се потпише протоколот со Бугарија


Доколку Владата донесе одлука после консултативниот процес дека го одобрува пакетот, тогаш јас можам веднаш да организирам средба на меѓувладината комисија со Република Бугарија и да пристапиме кон потпишување на протоколот. Мислам дека тоа временски би коинцидирало со истиот ден кога Советот на ЕУ ќе ја усвои преговарачката рамка и целиот овој процес. Ова е […]

Маричиќ: Историските прашања нема да се дел од преговарачката рамка


Во оваа фаза ние се уште ги разгледуваме документите во пакет, така како што се предложени и откако сите документи ќе бидат разгледни, ќе се согласиме или нема да се согласиме, зависно од исходот, но доколку се согласиме на овој пакет, тоа ќе подразбира и брзо започнување на сите процедури, одговори вицепремиерот за европски прашања […]

Владата го објави францускиот предлог


На владината веб страница поладнево е објавен францускиот предлог за отстранување на бугарското вето и за старт на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската унија. Францускиот предлог во интегрална форма беше објавен веднаш по средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите на партиите од владината коалиција. Ковачевски најави дека ќе се отвори […]

Фон дер Лајен разговарала со Ковачевски – договорот е на дофат


Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен соопшти дека телефонски разговарала со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и дека ги поздравува информациите дека Македонија и Бугарија се блиску до договор. „Имав добар телефонски разговори со премиерот Ковачевски. Ги поздравувам вестите дека Северна Македонија и Бугарија се блиску до договор кој ги зема предвид интересите и […]

Промовирана p2p.mk – онлајн платформа за поврзување со инвеститори


Пред македонската јавност беше презентирана првата P2P онлајн платформа која ќе го олесни пристапот до изворите за финансирање кој е еден од темелните проблеми со кои се среќаваат бројни субјекти особено во банкоцентричните финансиски системи, каков што има и Македонија. „Предизвик е да се работи на македонска P2P платформа, концепт кој е реално нов на […]

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бензините остануваат исти


Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) за 2,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 104 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 103 денари за литар. Малопродажните цени […]

„Каирос“ – ново меѓународно научно списание


Излезе прв број на Каирос – меѓународно научно списание со отворен пристап и форум за размена на знаења и идеи помеѓу членови на академската заедница, истражувачи, експерти, студенти и други стручни лица од областа на медиумите и комуникациите. Издавач на списанието е Институтот за комуникациски студии. Тоа ќе биде посветено на актуелните прашања и на идните […]

„Визер“ е прогласена за најодржлива ниско-буџетна авиокомпанија на World finance sustainability awards 2022


Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, е прогласена за најодржлива нискобуџетна авиокомпанија на World Finance Sustainability Awards 2022 година, соопштија од компанијата. World Finance им честиташе на победниците што помогнаа да се донесат трансформативни промени, а особено ја пофали континуираната посветеност на Wizz Air за одржливост, особено нејзината амбициозна програма за обновување на возниот […]

Пораст на Ковид-19 случаи во Црна Гора за околу 130 отсто


Во Црна Гора изминатите денови има пораст на новозаразени со коронавирус. Затоа се издаде препорака да се носат заштитни маски на аеродроми, железнички и автобуски станици, како и на сите места каде се собираат голем број луѓе. Бројот на заразени изминатите две недели порасна за околу 130 отсто. По бројот на активни случаи, моментално во […]

„Блумберг Адриа“ официјално почнува со работа денеска


„Блумберг Адриа“, првата пан-регионална, мултиплатформска мрежа за деловни вести во Југоисточна Европа официјално стартува денеска, 1. јули 2022 година. Содржината најпрво ќе биде достапна на дигиталната платформа, додека телевизијата ќе почне со со работа наредната недела. Новата информативна мрежа – фокусирана на деловни и финансиски вести ќе започне истовремено на пет пазари преку нејзините уреднички […]

Сертификат за деловна успешност добија 30 реномирани компании


Триесет претпријатија од различни дејности го активираат Сертификатот за деловна успешност со што се потврдува дека имаат достигнато висока бонитетна оцена А и Б за 2021 година. Подигнувањето на официјалниот документ беше организирано на настан во Сојузот на стопански комори на Македонија, а сертификатите ги врачија претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и косопственик на „Таргет […]

Кај Штип одбележана годишнината од Брегалничката битка


  На ридот Каленица кај Штип беше одбележана 109-годишнината од Брегалничката битка во организација на Владата на Србија и Комитетот за негување на традициите од ослободителните војни на Србија, во соработка со градот Штип и здруженијата на Србите на север. Македонија. Брегалничката битка се одвиваше меѓу Бугарија и Србија за време на Втората балканска војна […]