МО потврди: Македонија испраќа тенкови како донација за Украина


Министерството за одбрана потврди дека снимките кои денеска се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа транспорт на тенкови, се автентични и дека се работи за тенкови кои Македонија ги испраќа како донација за Украина. Од МО за „360 степени“ посочуваат дека се работи за тенкови кои се дел од тенковскиот баталјон на Армијата […]

Цената на барел нафта на светските берзи порасна за повеќе од два долари


Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска се зголемија за повеќе од два долари за барел, продолжувајќи го растот втор ден по ред поради намалените залихи на сурова нафта и зголемената побарувачка на бензин во САД. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар порасна за 2,09 долари на 108,71 долари, откако вчера поскапе за 2,22 долари. На американскиот пазар […]

Алжир, Нигерија и Нигер планираат изградба на гасовод низ Сахара


  Алжир– Алжир, Нигерија и Нигер потпишаа меморандум за разбирање за изградба на гасовод низ Сахара, соопшти денеска алжирскиот министер за енергетика. Во јуни, трите земји ги рестартираа преговорите за овој проект, што може да биде можност за Европа да ги диверзифицира своите траси за снабдување со гас. Гасоводот би бил долг околу 4.000 километри, […]

Зверев неизвесен за ЈуЕс Опен


    Германија– Германскиот тенисер Александар Зверев не губи надеж дека идниот месец ќе може да настапи на ЈуЕс Опен, но најверојатно ќе се врати на теренот по повредата на зглобот дури кон средината на септември за Дејвис купот. Зверев се повреди во полуфиналето на Ролан Гарос против Рафаел Надал и минатиот месец беше опериран. – Саша […]

Железничкиот синдикат во Германија не сака продолжување на евтините билети за јавниот превоз


Членовите на синдикатот на германските железници (Deutsche Bahn DB) се против да има продолжување на субвенционираните билети за јавен превоз што предизвикуваат метеж и застој во германскиот локален железнички превоз во летните месеци, соопштено е денеска. -Овој билет, што всушност имаше за цел да им олесни на оние кои секојдневно патуваат на работа или на […]

ОН ја повика Полска да прекине со двојните стандарди во третманот на бегалците


 Полските власти треба да престанат да притвораат мигранти на границата со Белорусија и да го прекинат нивниот „многу поинаков“ третман кон украинските и неукраинските бегалци, изјави денеска специјалниот известувач на Обединетите нации за бегалци. Фелипе Гонзалес Моралес ги пофали полските власти и жителите за обезбедување заштита и помош на повеќе од два милиони украински бегалци, […]

Во Грција потврдени вкупно 32 случаи на мајмунски сипаници


Грција– Заклучно со 28 јули 2022 година, во Грција се потврдени вкупно 32 случаи на мајмунски сипаници, 12 повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Сите потврдени случаи се кај мажи од 22 до 59 години, а 38 отсто, односно 12 од […]

Профитот на Фајзер ги надмина очекувањата


Добивката на американската фармацевтска и биотехнолошка корпорација Фајзер во вториот квартал се зголеми над проценките на аналитичарите, објави денеска компанијата. Добивката се зголеми на 9,91 милијарди долари или 1,73 долари по акција, од 5,56 милијарди долари или 0,98 долари по акција во вториот квартал минатата година. Фајзер, исто така, извести за приспособена заработувачка од 11,66 […]

Рускиот регулатор бара да се поништи регистрацијата на Новаја Газета


Рускиот медиумски регулатор поднесе судско барање за укинување на регистрацијата на независниот весник Новаја Газета, објавено е денеска на веб-страницата на судот. Новаја газета, симбол на независните медиуми во Русија од 1993 година, ја прекина својата работа во земјата во март по предупредувањето од државниот регулатор за комуникации Роскомнадзор и мораше да ја отстрани целата […]

Уште 884 нови случаи со Ковид-19, пет починати


 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.866 тестови, а регистрирани се нови 884 случаи со Ковид-19, едно починато лице во болнички услови од Скопје (77г.) и 745 оздравени пациенти. Активни се 5.026 случаи. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 190 реинфекции. Согласно регистарот на умрени лица со […]

Шмит бара од Милановиќ да се однесува пристојно


Високиот меѓународен претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, му порача на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека тој како шеф на држава треба да се однесува пристојно и да престане да ги навредува другите луѓе, вклучително и него, а за српскиот член на Претседателството Милорад Додик, рече дека е „посебен случај“. Ова го изјави Шмит […]

НАСА ќе испрати два нови хеликоптери на Марс за транспорт на примероци


 По успешното тестирање на Инџинуити (генијалност), малиот хеликоптер што го придружуваше роверот на НАСА до Марс, американската вселенска агенција НАСА сака да испрати уште два мини хеликоптери на Црвената планета. Двата хеликоптери потенцијално би можеле да помогнат во собирањето примероци што ќе се вратат на Земјата, објавија на прес конференција НАСА и Европската вселенска агенција […]

Во Астрија уапсени тројца турски шпиони, шпионирале жители со турско потекло


  Во Австрија денеска приведени се тројца турски државјани под сомнение дека за турската разузнавачка служба МИТ шпионирале жители на Австрија со турско потекло, соопшти Австриската канцеларија за заштита а државниот поредок и борба против тероризмот. „При пребарувањето на становите на осомниќените пронајдени се поголеми количини податоци, мобилни телефони и гасни пиштоли, а во апсењето […]

Најбогатата жена во Азија загуби половина од своето богатство од 24 милијарди долари за една година


  Најбогатата жена во Азија изгуби повеќе од половина од своето богатство во текот на изминатата година, бидејќи кризата што го зафати кинескиот сектор на недвижности продолжува да се влошува, покажа индексот на милијардери во четвртокот. Јанг Хуијан, мнозински акционер во најголемиот кинеската компанија за недвижности „Кантри гарден“, забележа пад на нејзината нето вредност за […]

Потрагата по Мартин на Халкидки прекинува на терен, но не запира


 По 20 дена интензивна потрага во море, на копно и од воздух, откако спасувачите волонтери од ОФКАТ го „прочешлаа“ Солунскиот залив, делот околу Халкидики, но и целото Егејско море, потрагата по Мартин прекинува на терен, но не запира. Од ОФКАТ за МИА објаснуваат дека потрагата не запира, туку прекинува на терен, но продолжува на друго […]

Владата се надева дека успешно ќе се справи со најтешката зима


Сите капацитети на Владата се ставени во функција и се надеваме на успешно справување со најтешката зима. Се прават аранжмани за да се обезбедат потребните количини на мазут за домашните енергетски капацитети, а веќе се преземени мерки и во однос на топлинската енергија, истакна премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница. Антикризните мерки, за кои во […]

Владата договара начин како најдобро да се искористи конфискуваниот имот


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска организираше состанок на Националната комисија за следење на имплементацијата на Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021-2023 со акциски план, на кој присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за […]

Ковачевски демантира дека се купувал битумен по превисоки цени


Премиерот Димитар Ковачевски вели дека при набавката на битуменот од страна на Јавното претпријатие  за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се испочитувани сите законски процедури. Ако опозицијата се сомнева дека тоа е така, тогаш има можност да поднесе пријава до надлежните институции. -Во јавноста се изнесуваат непроверени информации кои јавното претпријатие ги […]

Работна група ќе ги утврдува аномалиите околу „затворскиот туризам“


Со цел да се надминат сите состојби кои се однесуваат на т.н „затворски туризам“ односно начинот на упатување на осудените лица на казна затвор, како и други проблеми и решенија кои се во насока на усогласување на Законот за извршување на санкциите со меѓународните стандарди од областа на извршувањето на санкциите, министерот за правда со решение […]

Илир Мета во комунизмот го шпионирал најдобриот другар, а во плурализмот го сменил презимето


Медиумите во Албанија продолжија да откриваат детали за најозборуваното досие, она за улогата на поранешниот претседател Илир Мета во државната безбедност. Вокс њуз ја анализира улогата на поранешниот претседател Мета во државната безбедност, врз основа на досије.   – Целата оваа фабула почнува во 1988-1989 година, кога студентот Филип Тало, најблизок пријател на Илир Мета, […]