Во Астрија уапсени тројца турски шпиони, шпионирале жители со турско потекло


 

Во Австрија денеска приведени се тројца турски државјани под сомнение дека за турската разузнавачка служба МИТ шпионирале жители на Австрија со турско потекло, соопшти Австриската канцеларија за заштита а државниот поредок и борба против тероризмот.

„При пребарувањето на становите на осомниќените пронајдени се поголеми количини податоци, мобилни телефони и гасни пиштоли, а во апсењето учествуваели и припадници на специјалните сили „Кобра““, соопшти канцеларијата.

Во соопштението се наведува дека се работи за познат начин на собирање податоци за противниците на владата и опозициските активисти кои живеат во странство. Истрагата почнала уште во февруари годинава.

Австриските медиуми претходно јавија дека приведените шпиони делувале против припадниците на ткн. Ѓуленово движење кои живеат во Австрија и во Анкара праќале податоци за нивните активности.

Инаку, тие шпионирале турски државјани во Австрија и државјани на Австрија со турско потекло.

Тирскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поранешниот политички соработник Фетула Ѓулен кој живее во САД, го смета за одговорен за неуспечниот државен удар од 2016 година.