(Фото) Се преврте автомобил кај МАНУ


Утрово, се случи тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на МАНУ, кога автомобил се преврте на покрив. Засега нема информации за повредени и евентуални жртви. Од МВР повеќе детали најавуваат за подоцна. Сообраќајот се одвива нормално, а автомобилот е означен со заштитни конуси.

ИТ секторот нема граници: Осум вработени лани создале профит од два милиони евра


  ИТ индуструјата е најмоќната и најдоходовната гранка насекаде во светот, а таму се и најголемите плати. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, во март, во Македонија, просечната плата во секторот „Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ била 80.128 денари.Платите во приватните ИТ компании се далеку над просечента плата во државава од 31.080 […]

Стефанчук: Никогаш нема да преговараме за територијалниот интегритет на Украина


Украинскиот територијален интегритет никогаш нема да биде предмет на преговори со Русија, предупреди претседателот на украинската Врховна Рада (парламент), Руслан Стефанчук, во говорот што го одржа во Европскиот парламент за време на посетата на Стразбур. -Предмет на преговорите никогаш нема да биде прашањето за украинскиот суверенитет, независност и територијален интегритет. Украина е целосна, суверена земја […]

Дуда: Запрепастен сум од разговорите што Шолц и Макрон ги водат со Путин


Запрепастен сум од сите разговори со Путин, што ги водат кацеларот Олаф Шолц и претседателот Емануел Макрон. Со тие разговори не се постигнува ништо, тврди полскиот претседател Анджеј Дуда за германскиот весник Билд. За Дуда, разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, претставува „вид на легитимизација на лицата одговорни за злосторствата што руската војска ги изврши […]

Вработените во ЈСП најавија штрајк, градоначалничката во ова гледа политика


Независниот синдикат на ЈСП најавува штрајк, бараат подобри услови за работа и повисока плата. Планираат од среда, од 11 до 12 часот, да не ги возат автобусите.  Скопската градоначалничка Данела Арсовска кажа дека штрајкот е политички мотивиран. Според неа, не треба тоа да го прават, но не најави како ќе го спречи ова. „Многу ми […]

Поради сообраќајка во прекин патот Куманово – Кратово, кај село Железница


 Поради случена сообраќајна несреќа, сообраќајот на патниот правец Куманово – Кратово, кај село Железница е во прекин во двете насоки. Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин од 8:00 часот. 

Бројот на нови инфекции од коронавирус и смртни исходи опаѓа речиси насекаде во светот


Швајцарија– Бројот на нови инфекции со коронавирус и смртни случаи пријавени на глобално ниво минатата недела опадна насекаде низ светот, освен на Блискиот Исток и Југоисточна Азија, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Во соопштението се наведува дека новите потврдени случаи на инфекција опаднале за 12 отсто на повеќе од три милиони, а пријавените смртни случаи […]

„Звукот на идната генерација“ – концерт на студентите на ФМУ


„Звукот на идната генерација“ е насловен концерот вечер од 20 часот во Филхаромнијата, на кој  ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност. На програмата се дела од Менделсон, Давид, Дебиси, Хачатуријан, Рахмањинов и Брамс. Како солисти ќе настапат Магдалена Кочоска, Виктор Богоевски, Анел Селим, Памела Велкова, Искра Атанасова Митуш, Ивона Базгаловска и Ана Спасовска. Концертот ќе го води Борјан Цанев, кој од 1999 […]

Воен авион се урна во јужна Калифорнија


САД– Воен авион се урна во јужна Калифорнија, соопшти портпарол на американската морнарица но не кажа ништо за евентуални жртви. Во исто време, американската армија ги демантираше информациите во некои медиуми дека авионот превезувал радиоактивен материјал кога се урнал кај Гламис, на 35 километри од границата со Мексико. – Можеме да потврдиме дека авион на американската морнарица се урна во близина […]

Санкциите го поништуваат 15-годишниот економски напредок во Русија


САД– Санкциите воведени против Москва поради инвазијата врз Украина го поништуваат 15-годишниот економски напредок во Русија и 30 години интеграција со Западот, се вели во последниот извештај на Институтот за меѓународни финансии (ИИФ). Но, влијанието на овие мерки е тешко да се предвиди бидејќи тие зависат од можните нови санкции од една страна и од можниот одговор на Русија, особено во […]

Одбележување на Денот на воздухопловниот ВИНГ


Во рамки на активностите по повод 30-годишниот јубилеј на Армијата, денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) од состав на командата за операции со воена свеченост ќе го одбележи Денот на единицата. Согласно програмата, Денот на единицата ќе се одбележи со пригодни обраќања на заменик на командантот на вВИНГ, потполковник Игор Чкоров […]

Сашко Коцев и Драган Бјелогрлиќ добитници на наградите „Златна рамка“


Друштвото на филмски работници на Македонија денеска ќе ги додели традиционалните почесни награди „Златна рамка“. Церемонијата на доделување на наградите во присуство на странски гости ќе се одржи вечер, од 20 часот, на отворањето на „Златна рамка 22“, во хотелот „Александар Палас“. Добитник на наградата филмски автор годинава е Кирил Спасески, признанието филмски работник ќе […]

Црковна делегација предводена од архиепископот Стефан во посета на Вселенската патријаршија


Делегација на МПЦ – Охридска Архиепископија, предводена од неговото блаженство, архиепископот г.г. Стефан престојува во Истанбул, каде в недела на роденденот на Црквата, Педесетница, во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар ќе одржи заедничка патријаршиска и синодална света литургија со вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј. Во пресрет на заедничката литургија, патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан попладнево […]

Учениците одат на распуст, од утре пријавување за упис во средните училишта


За околу 255 илјади основци и средношколци денеска е последниот училиштен ден во учебната 2021/2022. Годината завршува во редовниот термин и покрај одложениот почеток на второто полугодие за десетина дена, поради влошената состојба со КОВИД-19, како и загубените 12 дена од наставата во април додека траеше штрајкот на СОНК. Учебната 2021/2022 почна со физичко присуство […]

Променливо облачно, попладне пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде прoменливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ-индексот ќе има […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 9 јуни 2022 година, 160-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 205 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 7 минути. Денов трае 15 часа и 9 минути. Месечината, која е во фаза прва четвртина ќе изгрее во […]

ОН: Руската инвазија врз Украина погодува 1,6 милијарди луѓе


Негативните ефекти од руската инвазија на Украина ширум светот се влошуваат, погодувајќи 1,6 милијарди луѓе. Тоа денеска го изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, презентирајќи го вториот извештај на ОН за последиците и одговорот на руската инвазија врз Украина. „Влијанието на војната врз безбедноста на храната, енергијата и финансиите е систематско и сериозно и […]

На 100-годишна Италијанка ѝ ја продолжија возачката дозвола


  На една Италијанка ѝ беше продолжена возачката дозвола на 100-годишна возраст, со што стана најмалку третиот стогодишник во земјата во последниве години за кој се смета дека е погодна да седне зад воланот. Кандида Удерзо доби нова дозвола откако го положи очниот тест во автошкола во северната провинција Виченца. Веселата стогодишничка рече дека сака […]

Прв случај на мајмунски сипаници во Грција


Во Грција е потврден првиот случај на мајмунски сипаници и станува збор за маж кој неодамна патувал во Португалија и има клинички симптоми компатибилни со болеста, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), вечерва соопштија дека мажот е хоспитализиран во атинска болница и е во стабилна состојба. […]

Ако сме пријатели со Русија, Лавров не требаше да доаѓа во овој момент, вели српската вицепремиерка


  Српската вицепремиерката и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ изјави дека е добро што најавената посета на министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров на Србија е откажана бидејќи најавата за таа посета ја стави Србија во комплицирана положба. „Самата најава за посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров […]