Бектеши незадоволен од намалувањето на цените, најави проширување на одлуката за трговските маржи


Цените не се намалени согласно нашите очекувања со одлуката за замрзнување на маржите и најверојатно во текот на наредната недела ќе се прошири одлуката и ќе се менува согласно начинот на кој се прави трговијата, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -На дневна основа ја следиме состојбата и добиваме извештаи од страна на Државен […]

Пацифизмот е погрешен одговор на војната во Украина


За мене, мега-хитот на Џон Ленон Imagine секогаш беше песна популарна од погрешни причини. „Замислете дека светот ќе живее како еден“ е најдобриот начин да завршите во пеколот. Оние кои се држ до пацифизмот пред рускиот напад врз Украина остануваат фатени во сопствената верзија на „imagine“. Замислете свет во кој тензиите повеќе не се решаваат […]

Димовски: ССМ утре дефинитивно излегува на штрајк


Преговорите со владините претставници не вродија со плод. Сојузот на синдикати на Македонија утре дефинитивно излегува на штрајк со кој ќе го изрази незадоволството по однос на недоговореното денеска, а тоа е линеарно покачување за сите по 2 806 денари и утврдување на регрес во јавниот сектор од 30 до 100 проценти од просечната плата, […]

Со нов закон до подобра заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики


Високо ниво на заштита на правата на потрошувачите и истовремено гарантирање на полесни услови за деловно работење, како и обрнување посебно внимание на нечесни трговски практики, измамнички трговски практики и агресивни трговски практики при продажба на стоките и услугите, вклучувајќи ги и недвижностите, дигиталните услуги и дигиталните содржини, како и правата и обврските, предвидува новиот […]

Судот на ЕУ: Треба да се ограничи собирањето на податоци за патниците во авиосообраќајот


Собирањето податоци за патниците во авиосообраќајот во Европска Унија поради борбата против криминалот мора да биде ограничено само на неопходно, одлучи Судот на правдата на Европската унија (ЦЈЕУ), повикувајќи се на основните права. Директивата за евиденција на податоци за патници (ПНР), усвоена во 2016 година, им дозволува на полицискиот и судскиот персонал да пристапи и […]

Пораст на откупните цени на градинарските култури во Струмичко


Откупните цени на градинарските култури во Струмичко денеска бележат раст. Доматите се откупуваат од 25 до 40 денари за килограм, пиперките од 40 до 50 денари, краставиците од 10 до 30, а лутите пиперки за 20 денари за килограм. Градинарите од Струмичко се задоволни од откупните цени и велат дека во споредба со изминатите неколку […]

Нови 91 случај на Ковид-19 од 1.067 тестови, нема починати


Во последните 24 часа, регистрирани се 91 нов случај на Ковид-19 од направени 1.067 тестови, не е евидентиран ниту еден смртен случај, како во последното деноноќие така и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, а оздравеле 67 пациенти, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за […]

Ковачевски: Утре ќе донесеме конечна одлука за учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел


Премиерот Димитар Ковачевски денеска информира дека утре ќе се донесе конечна одлука за учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.   – Во пресрет на претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан, денеска одржавме вонреден состанок на Отворен Балкан заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама. Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи […]

Николај Патрушев: Литванија ќе ги почуствува последиците од блокадата на транспортот на стоки до Калининград


 Официјална Москва наскоро ќе одговори на одлуката на Литванија да го блокира транспортот на стоки од континентална Русија до регионот Калининград, а одговорот ќе нанесе „сериозно негативно влијание врз населението на Литванија, се закани денеска декретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев. – Русија секако ќе одговори на таквите непријателски дејствија. Се разработуваат […]

СВР Тетово: Огнометите на свадби да се пријавуваат, пукањето се казнува од 200 до 500 евра


Полицијата во полошкиот регион во наредниов период значително ќе ги засили контролните активности за откривање и санкционирање пукање од огнено оружје, правење на огномети и користење на пиротехнички средства. Деновиве се одржуваат состаноци на советодавните групи на граѓани и на месните и урбаните заедници во Полог за да се намалат и спречат ваквите нарушувања на јавниот ред и мир. […]

Порфириј од Охрид: На луѓето тука им било најважно да ја чуваат својата православна вера


Гледајќи ги светилиштата во охридско-струшкиот регион сфативме дека на луѓето тука најважно од се им било да ја чуваат својата православна христијанска вера, но не само да ја чуваат, туку и да живеат со православната вера, по евангелието, истакна денеска патријархот српски Порфириј по посетата на храмот „Св. Богородица – Перивлепта“ и Галеријата на икони […]

Ковачевски, Вучиќ и Рама ќе го бојкотираат самитот ЕУ-Западен Балкан?


  Можно  е лидерите на Србија, Македонија и Албанија да не заминат на закажаниот самит ЕУ-Западен Балкан в четврток пред собирот на европските лидери и со тоа да го искажат протестот поради недоволното ангажирање на Унијата во регионот, а и за бугарската блокада. Доколку се оствари оваа намера тоа ќе биде неочекуван развој на настаните […]

Српската влада ги укина придонесите за странците кои работат и заработуваат над 1.820 евра во земјата


Владата на Србија донесе уредба со која се предвидуваат стимулации за работодавачите кои вработуваат новодоселени лица во Србија, за кои постои потреба која не може лесно да се задоволи на домашниот пазар на труд, а услов е работникот да има основна плата од најмалку 300.000 динари (бруто) или 212.000 динари нето (1.820 евра) кои работникот […]

НБ: Во мај годишен раст од 2,4 отсто на вкупните депозити и 9,9 отсто на вкупната кредитна поддршка


Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 отсто при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 отсто, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). – Паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2 ), во […]

Партијата на премиерот Петков побара од Генчовска да го објави протоколот кој не е потпишан


  Во Македонија Антонио Милошоски бара од премиерот и министерот за надворешни работи да го достават протоколот што се наведува во францускиот предлог, а тоа во Бугарија го бара партијата на премиерот Кирил Петков од министерката за надворешни работи Теодора генчовска. Милошоски побара од Ковачевски и Османи веднаш да ги доставиле двата документи за утре […]

Македонски Телеком: Во скоро сите поголеми места достапна 5Г мрежа


Во скоро сите поголеми населени места во државава е достапна 5Г мрежата на Македонски Телеком, соопшти денеска компанијата. Скопје и 15 други градови и нивните околини веќе користат 5G услуги, а од јуни до октомври со опрема од најновата петта генерација, според најавата од Телеком, ќе бидат покриени и: Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Куманово, Крива […]

Ќе се прска против комарци од земја и авионски


Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на наредните неколку дена на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција против комарци, според следниот распоред: 1. Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива од утре (22.06.2022 година, среда) до сабота (25.06.2022 година), во периодот од 22 до 03 […]

Османи и натаму тврди: „Немаме добиено француски предлог“


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска на неговиот Фејсбук профил објави дека францускиот предлог за деблокирање на европскиот пат на земјава досега не е добиен во МНР и затоа нема можност да биде доставен до Собранието. „Формално досега не е добиен ‘француски предлог’ како можно решение за блокадата од страна на Бугарија, затоа […]

Во Германија голем недостиг на работници од градежниот, образовниот и здравствениот сектор


 Недостигот од квалификувани работници во Германија е зголемен, а посебен недостиг се чувствува во градежниот сектор, но и во образовниот и здравствениот сектор, објави денеска Институтот за германска економија (IW). – Минатата година во просек на 201.411 отворени работни места во занаетчискиот сектор на располагање беа 139.256 соодветни работни кои бараа работа, се вели во […]