Партијата на премиерот Петков побара од Генчовска да го објави протоколот кој не е потпишан

Според соопштението на Продолжуваме со промената, министерката Генчовска уште го нема потпишано за кој разговараше со Османи


Теодора Генчовска

 

Во Македонија Антонио Милошоски бара од премиерот и министерот за надворешни работи да го достават протоколот што се наведува во францускиот предлог, а тоа во Бугарија го бара партијата на премиерот Кирил Петков од министерката за надворешни работи Теодора генчовска.

Милошоски побара од Ковачевски и Османи веднаш да ги доставиле двата документи за утре да се одржи седница на Комисијата за надвоешни работи, а партијата Продолжуваме со промената бара од Генчовска да ја острани ограничувачката од протоколот, за кој сѐ уште никој не потврдил дека го има.

Партијата на Петков во изјава за медиумите зборува за протокол доставен до комисијата за надворешни работи на бугарското собрание, откако минатата недела Франција како ротирачки претседавач на ЕУ предложи компромис за ставање крај на спорот меѓу Софија и Скопје.

„Министерката Теодора Генчовска ги внесе документите со ознака ‘За лична употреба’, со што се ограничува кругот на луѓе кои можат да ги читаат. Ја повикуваме министерката Генчовска да ја отстрани оваа ознака. Го повикуваме и Министерството за надворешни работи што поскоро да го потпише договорениот двостран протокол договорен од министерката Генчовска – тоа очекување јавно го соопшти и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи“, се вели во соопштението. Вчера бугарскиот претседател Румен Радев побара внимателно разгледување на протоколот.

Во францускиот предлог се споменуваат „билатерални протоколи“ на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија од 2017 година, што исто така треба да бидат наведени во нацрт-преговарачката рамка.