Бил Козби виновен за сексуален напад


Судските власти во американската сојузна држава Калифорнија, во граѓанска тужба, пресуди дека познатиот глумец Бил Козби сексуално ја нападнал Џуди Хат, во вилата „Плејбој“ во Лос Анџелес во 1975 година, кога била тинејџерка. Судот му наложи на глумецот-комичар и да ѝ плати 500.000 долари отштета за душевна болка по немилиот настан. Џуди Хат сведочеше дека […]

На Мундијалот во Катар ќе биде забранет секс меѓу невенчани


За време на Светското фудбалско првенство 2022 во Катар, ќе има забрана за интимни односи меѓу невенчани лица. Според „Дејли стар“, сексот официјално ќе биде забранет за фудбалерите, персоналот и навивачите кои ќе дојдат на турнирот. Прекршувањето на ова правило може да доведе до седум години затвор. – Сексот е надвор од нашата листа, освен […]

Најмалку 255 загинати во силен земјотрес во Авганистан


Најмалку 255 лица загинале во земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала што во текот ноќта го погоди источен Авганистан, соопшти агенцијата Багхтар, пренесе ДПА Потресот со јачина од 6,2 степени рано утринава ги погоди густо населените делови на Пакистан и Авганистан, соопшти американскиот Геолошки завод (УСГС) Потресот погодил подрачје на околу 44 […]

Украинските борбени роботи се приклучуваат на борбата против руската инвазија


Украинските сили добиваат нов помошник, локално направен роботски извидник на бојното поле наречен ГНОМ („Гном“). Малата машина скришум ќе ги извидува руските позиции и ќе обезбеди огнена поддршка со митралез, според нејзиниот производител, компанија наречена „Темерланд“, со седиште во Запорожје. Гномови наспроти „Orcs“ можеби звучи како фантазија, но првите роботи ќе стапат во употреба следната […]

Песков: Русија и Турција договараат црноморски коридор за украинското жито


Руското Министерство за одбрана ќе разговара со Турција за формирање на црноморски коридор за извоз на украински житарици, објави синоќа Тасс, цитирајќи го портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. -Претседателот Владимир Путин не планира да учествува во разговорите, рече Песков. Турска воена делегација оваа недела ќе отпатува во Русија за да разговара за деталите за формирање […]

Макрон одржа серија средби со челниците на опозицијата, разговорите продолжуваат и денеска


Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со лидерите на главните опозициски политички партии кои би можеле да формираат парламентарни групи во собранието по изборите одржани во неделата. Во текот на вчерашниот ден, како и денеска тој одржува серија состаноци со претставниците на политичките партии со цел да се дефинира стратегија која ќе биде во „интерес на […]

Во САД почна вакцинацијата против Ковид-19 на деца постари од шест месеци


САД почнаа со дистрибуција на вакцина за деца постари од шест месеци. За неколку дена, вакцината треба да биде достапна низ целата земја, информираше координаторот на Белата куќа за Ковид-19, доктор Ашиш Јха. Кон крајот на минатата недела, американските регулатори ја одобрија вакцината на Модерна во две дози за младите на возраст од шест месеци […]

Бугарското Народно собрание ќе избира нов председател, а подоцна ќе гласа за недоверба на владата на Петков


Денешната редовна седница на бугарското Народно собрание ќе почне со процедура за избор на нов претседател, јави дописникот на МИА од Софија. По изгласаната смена на Никола Минчев, функцијата ја презеде Мирослав Иванов. Можно е најголемата партија во Народното собрание „Промените продолжуваат“ повторно да го предложи Минчев за шеф на парламентот. Ива Митева од партијата […]

Над 3.000 бугарски граѓани ја поддржаа владата на Петков пред патријаршската катедрала „Св. Александар Невски“


Повеќе од 3.000 луѓе учествуваа на мирниот протест за поддршка на бугарската Влада на плоштадот „Свети Александар Невски“ на јужниот влез на патријаршиската катедрала, јави дописникот на МИА од Софија. Барањата на демонстрантите беа Бугарија без корупција, како и да нема обединување меѓу ГЕРБ, ДПС, „Препород“ и „Има таков народ“. Граѓаните носеа и бугарски и […]

Шефот на италијанската дипломатија Ди Мајо го напушта „Движењето пет ѕвезди“ и формира своја партија


Шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо вчера изјави дека го напушта „Движењето пет ѕвезди“ за да формира нова парламентарна партија, поддржана од премиерот Марио Драги. Ди Мајо се одлучи на овој потег откако го обвини лидерот на „Движењето пет ѕвезди“ и поранешен премиер Џузепе Конте дека ја поткопува владината поддршка за Украина и го […]

Гувернер на Харков: Во руско гранатирање убиени се 15 лица, а 16 се повредени


Петнаесет лица, меѓу кои и осумгодишно дете, загинаа во руско гранатирање во регионот Харков (североисточна Украина), изјави синоќа Олег Синегубов, гувернер на регионот. – Петнаесет луѓе загинаа, а 16 се повредени. Ова се ужасни последици од руското гранатирање сред бел ден во областа Харков, соопшти Синегубов, додавајќи дека овие лица биле жртви на четири одделни […]

Национална конференција „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“


Национална конференција „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на проектот за зајакнување на партиципативната демократија и евроатланската интеграција во Западен Балкан, преку зајакнување на граѓанските организации и мрежи во регионот и нивно поактивно учество при градењето на мирно и инклузивно општество, со цел одржлив […]

Работилница за визуелно раскажување приказни


Во Скопје денеска ќе биде одржана работилница за визуелно раскажување приказни, која е наменета за сите идни графички дизајнери, маркетери и оние кои се занимаваат со дигиталниот маркетинг. Работилницата е во организација на Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“ и според нив ова претставува можност за сите заинтересирани низ интеракција да се запознаат со процесот на […]

Музичка промоција на „Забранети луѓе“ од џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен


Џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен денеска во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во Скопје сити мол ќе ја промовира својата книга „Забранети луѓе“. Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап во живо на Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и претставува своевидно сведоштво за незавидната состојба […]

Промоција на добитниците на наградата ДЕНЕС 2022 во Националната галерија


Во Националната галерија на Република Северна Македонија вечер ќе бидат промовирани четворицата уметници финалисти на наградата ДЕНЕС 2022, Дарко Алексовски, Ивана Мирчевска, Кристина Пулејкова и Зоран Шекеров. Организацијата „Факултет за работи што не се учат“ во соработка со Центар за современи уметности – Скопје, Мрежата „Награди за млади визуелни уметници“ (YVAA), резиденциската програма Residency Unlimited (RU), Њујорк и фондацијата […]

Изложба на Решат Амети во галеријата на КИЦ во Загреб


Во галеријата на Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб вечер ќе биде отворена изложбата на уметникот Решат Амети со три заокружени циклуси на дела создадени во последните десетина години „Од традицијата“ и „Пробив на светлината“. – Сликарот Решат Амети не е непознат на загрепската публика, згора на тоа, има постојан круг пријатели […]

Без вода дел од бул „Трета македонска бригада“


Поради менување на вентил во шахта, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од булеварот „Трета македонска бригада“, вклучително и објектите на Агенцијата за национална безбедност и „Жито Лукс“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до санација на дефектот, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Сончево и топло до 38 степени, попладне дожд, грмежи и ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени. […]

Со концертот на Европскиот Креативен Оркестар при Институтот ФАМЕ’С отворен фестивалот „Скопско лето“


Со концертот на Европскиот Креативен Оркестар при Институтот ФАМЕ’С вечер свечено беше отворено овогодинешното 43-то издание на манифестацијата „Скопско лето“. Концертот се одржа во салонот на Национална опера и балет, под диригентската палка на Тимоти Редмонд и тоа на првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката. Овој концерт, како што информираа организаторите, е […]

Зоран Попов ќе биде нов македонски амбасадор во САД, потврди Пендаровски


Сегашниот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов треба да биде нов амбасадор на Северна Македонија во Соединетите Американски Држави, изјави претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју за Телевизија 24. – Денеска стигна агреманот за господинот Зоран Попов. Добивме согласност од американска страна. Се надевам дека до септември ќе имаме амбасадор во Вашингтон, […]