Стерјовски: Македонец претседател на Албанија, зошто да не, во Црна Гора избраа Албанец за премиер


Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски за албанската национална телевизија МЦН, на прашањето во врска со предлогот на партијата Македонец да биде кандидат за иден шеф на државата, прави споредба со изборот на Дритан Абазовиќ за премиер на Црна Гора. -Зошто да не. Неодамна го имавме […]

Зверев го надигра Циципас и закажа финале против Алкараз во Мадрид


Шпанија– Тенискиот Мастерс во Мадрид ќе добие нов победник, откако доцна синоќа бранителот на трофејот од минатата сезона, Стефанос Циципас го загуби полуфиналето против Александар Зверев од Германија. Зверев во второто полуфинале прослави победа над грчкиот тенисер, Стефанос Циципас со 2-1, по сетови (6-4, 3-6, 6-2). Само еден брејк го одлучи првиот сет, кој го доби Германецот со 6-4. […]

Игор Џамбазов добитник на актерската награда за животно дело Петре Прличко


Актерот Игор Џамбазов е добитник на годинешната награда за животно дело насловена по неговиот дедо Петре Прличко, објави Македонскиот народен театар. Џамбазов е актер за кој безброј пати е констатирано дека е заштитен знак на македонскиот театар и филм. Преку неговите остварени ликови, се испишува и еден голем дел на историјата на театар, во која […]

Бомбардирано училиште во Луганск, се стравува дека има 60 мртви


Се стравува дека 60 лица загинале во воздушен напад врз училиште во областа Луганск, кое служело како засолниште за цивили, јави ДПА. -Во училиштето засолниште од нападите побараа околу 90 лица, изјави Сегеј Хаидаи, шеф на регионалната воена управа на Луганск, додавајќи дека 30 лица се извлечени од под урнатините, а седум од нив биле […]

Сите цивили евакуирани од „Азовстал“, војниците ќе се борат


Сите стари луѓе, жени и деца се евакуирани од опколената челичарница „Азовстал“ во Мариупол, соопштија Украина и Русија. Операцијата почна пред една недела, во координација со Обединетите нации и Црвениот крст, кои засега не ја потврдија информацијата.   Во фабриката остануваат преостанатите бранители на Мариупол, чија точна бројка не е позната и тие кажаа дека […]

Лидерите на Г7 денес на самит со Зеленски


Лидерите на групата индустриски најразвиени земји Г7 денеска имаат закажана видеоконференциска врска, на која се очекува во фокусот на нивните разговори да биде загриженоста од руската инвазија врз Украина, пренесе ДПА. На онланј настанот , исто така, се очекува линковски да се појави и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе треба да ги информира лидерите […]

Директорката на Европол порачува: Треба да се следат парите на криминалците


 Животната средина и областа на криумчарење мигранти се сфери во кои Европол има најдобра соработка со полицијата на Северна Македонија. Потребно е поголемо инвестирање и зајакната соработка во областите на економскиот и финансискиот криминал, порача во интервју за МИА извршната директорка на Европската агенција за спроведување на законот – Европол, Катрин де Бол. -За да […]

Шин Фејн за првпат освои најголем број места во парламентот на Северна Ирска


Ирската националистичка партија Шин Фејн, која е за обединување со Ирска, на локалните избори што се одржаа во четвртокот освои 27 од бкупно 90 места во парламентот на Северна Ирска, додека Демократската унионистичка партија, која две децении доминираше во законодавниот дом, освои 24 места. Победата на Шин Фејн значи дека тие сега има право да […]

Русија уништила околу 200 места на украинското културно наследство


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека речиси 200 места од украинското културно наследство биле погодени или уништени откако Русија на 24 февруари ја почна инвазијата врз неговата земја, пренесе ДПА. -До 7 мај руската армија уништи или оштети речиси 200 места на културно наследство, рече Зеленски во ноќешното видео обраќање до нацијата од Киев. Меѓу […]

Улична трка „HalkEcoСкопје“


Во Скопје денеска ќе се одржи уличната трка „HalkEcoСкопје“ 10КМ. Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К.Работнички.На трката ќе учествуваат 1300 лица. Патеката на движење: Стартот на трката е во 9 часот пред фонтана „Лотос“, се трча во правец кон Карпош 4 до крај на Бул. Илинден и се […]

“Фантомите“ и хеликоптерите од воената вежба денес можат да се видат на Стенковец


На спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ која во моментов е во тек на армискиот полигон „Криволак“. На Отворениот ден ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на САД […]

Почна одбројувањето за спорот со Бугарија, Османи ја губи трпеливоста


Конкретен дијалог и конкретни чекори за решавање на спорот со Бугарија се очекуваат наредниве две недели, како и одржување на втората меѓувладина седница до крајот на овој месец. Ова го најави вчера министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој меѓудругото порача дека ова лето Северна Македонија ќе ги чека Бугарија и Европската Унија да го […]

Свечен настан и изложба во чест на жртвите од Втората светска војна и војната во Украина


Свечен настан во чест на жртвите од Втората светска војна (1939-1945) и Руската војна против Украина од 2022 година ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба, соопшти Амбасадата на Украина. Во рамки на настанот ќе биде отворена изложба на фотографии „XXI век. Европа. Непростливо злосторство “. – Ние, Украинците, се сеќаваме каква страшна […]

Велика Британија вети дополнителни 1,3 милијарда фунти помош за Украина


Обединетото Кралство вети дека ќе обезбеди дополнителни 1,3 милијарда фунти воена поддршка и помош за Украина. Британскиот премиер Борис Џонсон е еден од најгласните поддржувачи на отпорот на Украина кон руските сили откако рускиот претседател Владимир Путин ја нападна оваа земја на 24 февруари. Владата на Џонсон досега испрати противтенковски ракети, систем за противвоздушна одбрана […]

Во величествен меч Ѓоковиќ изгуби од Алкараз во Мадрид


Шпанија– Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, го заврши настапот на турнирот во Мадрид, откако вечерва во полуфиналето загуби од Шпанецот Карлос Алкараз во три сета (7:6, 5:7 и 6:7). Тенисерите на теренот минаа 3 часа и 38 минути. За тоа време, 34-годишниот Ѓоковиќ комплетираше осум асови, двапати погреши при сервисот и направи еден брејк. Деветнаесетгодишниот […]

Заврши евакуацијата на жените, децата и старите лица од челичарницата Азовстал


Украина– Жените, децата и постарите лица се целосно евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, која е под опсада на руските сили, соопшти денеска вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук. -Наредбата на претседателот е извршена, сите жени, деца и постари лица се евакуирани од Азовстал. Овој дел од хуманитарната операција Мариупол е завршен, рече таа. […]

Жената се бори за рамноправност, не за ексклузивност: Интервју со Дита Старова-Ќерими, директорка на Националната галерија


-Имаме впечатлив национален павилјон, кој на високопрофесионален начин ги спојува естетскиот уметнички пристап со повеќеслојната концепциска основа. Врвно уметничко дело кое ќе ве плени и ќе го задржи вашето внимание, и со своите визуелни квалитети и со нарацијата која ја раскажува, и со реакцијата што ја побудува. Тоа е крик против апсурдите на човештвото, на […]

Бројот на бегалци од Украина надмина 5,8 милиони


Швајцарија– Во изминатите 24 часа Украина ја напуштиле над 44.000 бегалци , што е вкупно околу 5,8 милиони од почетокот на руската воена инвазија врз оваа земја, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР). Според УНХЦР, од 24 февруари до вчера Украина ја напуштиле 5.801.159 лица. УНХЦР наведе дека во текот на […]

На „Партизанска“ изгореле три автомобили и бандера на ЕВН


Рано утрово на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се запалил автомобил „Мицубиши Колт“, а пожарот се проширил и врз два други автомобили, соопшти МВР. – На 07.05.2022 во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди” настанал пожар во патничко возило „Мицубиши Колт” со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.П.(24) од Скопје. […]

Петков во работна посета на САД 


Бугарија- Бугарскиот премиер, Кирил Петков, ќе замине во работна посета на САД, соопшти денеска прес-центарот на бугарската Влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков во понеделник и вторник ќе престојува во Вашингтон, каде на покана на претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојсген, ќе учествува на лидерска средба на највисоко ниво. Заедно […]