Зверев го надигра Циципас и закажа финале против Алкараз во Мадрид


Шпанија– Тенискиот Мастерс во Мадрид ќе добие нов победник, откако доцна синоќа бранителот на трофејот од минатата сезона, Стефанос Циципас го загуби полуфиналето против Александар Зверев од Германија.

Зверев во второто полуфинале прослави победа над грчкиот тенисер, Стефанос Циципас со 2-1, по сетови (6-4, 3-6, 6-2). Само еден брејк го одлучи првиот сет, кој го доби Германецот со 6-4. Идентично возврати Гркот во вториот сет и го внесе дуелот во трет сет.

Зверев експресно дојде до брејк предност и поведе со 3-0, па лесно го приведе сетот кон крај која за конечен триумф од 6-2.

Во финалето Зверев ќе игра Карлоз Алкараз од Шпанија денес (недела) попладне во „Магичната кутија“ во Мадрид.