ФФМ ќе чека инструкции од МВР за баражите


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти вечерва дека конечната одлука за местата на одигрување на двата бараж натпревари за настап во Првата македонска фудбалска лига ќе зависи од насоките што ќе ги добие од Министерството за внатрешни работи (МВР) во делот на проценката околу безбедноста. За домаќин на баражот меѓу Скопје и Беласица е одреден […]

Пратеник на британските конзервативци уапсен под сомнение за силување


  Британски конзервативен пратеник е уапсен под сомнение за силување и сексуален напад, според Метрополитен полиција. Пратеникот од ториевците беше уапсен во вторникот и се наоѓа во притвор. Портпаролот на Скотланд јард рече: „Еден човек е уапсен под сомнение за непристоен напад, сексуален напад, силување, злоупотреба на положбата на доверба и недолично однесување на јавна […]

Протече документ од Брисел: Стоп за Србија додека не воведе слобода на медиумите и владеење на правото


Европската комисија не би требало да отвора нови поглавја во преговорите со Србија додека Белград не ги исполни условите од поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на слободата на медиумите и владеење на правото, објавија денеска белграски медиуми наведувајќи документ од Брисел. ЕК подготвила извештај за владеењето на правото во Србија во форма на […]

„Диктаторот ќе изгуби“: Зеленски со емотивен говор на отворањето на Канскиот филмски фестивал


Франција– Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги надмина сите ѕвезди на 75. Кански филмски фестивал, откако се обрати на  актери и режисери на отворањето вечерва упатувајќи емотивна молба во име на неговата земја разурната од војна. Појавувајќи се преку видео-врска, Зеленски ги натера посетителите на фестивалот да го слушаат внимателно. „Продолжуваме да се бориме“, рече Зеленски. […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Брнабиќ


За утре, среда (18 мај), најавена е официјална посета на српската премиерка Ана Брнабиќ на Република Северна Македонија. Од тие причини од МВР информираат дека сообраќајната полиција ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат […]

Наставниците и вработените во градинките ќе земаат 15 отсто повисока плата


  За 15 отсто да се зголеми платата во образованието со септемвриската плата, се договорија претставниците на СОНК и МОН, со помош на медијатор, по прекин на штрајкот во образованието кој траеше 12 дена.  – И двете страни се согласивме да ги прифатиме предлозите на медијаторот кој се вклучени во преговарачкиот процес, во однос на […]

Рускиот Врховен суд ќе одлучи дали Азовскиот полк е терористичка организација


Русија– Русија побара од својот Врховен суд да го прогласи украинскиот Азовски полк за терористичка организација. Според руската новинска агенција Интерфакс, Министерството за правда во Москва соопштило дека судскиот случај „за прогласување на украинската паравоена националистичка група „Азов“ (други употребени имиња: баталјон „Азов“, полк „Азов“) како терористичка организација и забраната за нејзините активности на територијата на Руската Федерација […]

СЗО: Од почетокот на руската инвазија врз Украина нападнати 226 здравствени установи


Светската здравствена организација  потврди дека од почетокот на руската инвазија врз Украина биле нападнати 226 здравствени установи, што претставува две третини од сите напади врз објекти на здравствената заштита во светот годинава, објави денеска директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге. Клуге кажа дека во нападите загинале најмалку 75 лица, а 59 се повредени. -Овие […]

(Видео) Изјави по средбата МОН и СОНК


Попладнево имаше средба меѓу претставниците на СОНК во МОН. Погледнете ги изјавите на претседателот на СОНК Јаким Неделков и министерот за образование Јетон Шаќири:

Овации за Мицотакис во американскиот Конгрес


САД – Грчкиот премиер Киријакос Мицоткаис денеска се обрати пред американските конгресмени, што беше првпат во историјата еден грчки лидер да одржи говор во Конгресот на САД, Во своето обраќање пред заедничка сесија на Конгресот, Мицотакис предупреди дека за демократијата да преживее Западот треба најпрвин да си го среди сопствениот двор.  -Повеќе сум загрижен од внатрешните фрагментации […]

Продолжува изградбата на останатиот дел од автопатот Скопје-Блаце


Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за гаранција на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот за автопат од Скопје до границата со Косово кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта. – Целта на овој Предлог-закон за гаранција е да се обезбеди финансиската […]

Владата одлучи – почнуваме стратешки дијалог со САД


Владата на Република Северна Македонија на денешната 45-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за почеток на Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД. Како што соопшти владината прес-служба, за координатор на процесот за Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД го определи министерот за надворешни работи Бујар Османи кој на 2 јуни ќе ја […]

Анонимна дојава за бомба во Ректоратот на Приштинскиот универзитет


Косово– Косовската полиција го опколи попладнево ректоратот на државниот универзитет „Хасан Приштина“ (УП) во центарот на косовската престолнина, откако беше добиена дојава за наводно подметната бомба во објектот, јави дописникот на МИА од Приштина. Ректорот на УП, Насер Саити изјави за медиумите дека станува збор за имејл кој стасал на адресата на УП со закана […]

„5ре“ – театарски фестивал во Велес посветен на Петре Прличко


Велес, родниот град на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко, во негова чест почнува да организира  нов фестивал – „5ре“. Фестивалот ќе има ревијален карактер и годинава ќе претстави седум хит комедии од македонските театари и две  претстави за деца. Ќе биде отворен в четврток во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ кога ќе биде врачена и […]

Шведска и Финска утре заеднички ќе поднесат барање за членство во НАТО


Шведска и Финска утре заедно ќе ги поднесат своите барања за членство во НАТО, изјави денеска шведската премиерка Магдалена Андерсон. – Во Шведска и Финска се согласуваме да одиме рака под рака низ целиот овој процес, а утре ќе поднесеме барања, рече Андерсон на заедничката конференција со финскиот претседател Саули Нинисто во шведскиот главен град. Финскиот парламент во вторникот гласаше за […]

Новак: Унгарија ќе гласа за санкции и ембарго доколку ЕУ ѝ обезбеди енергетска безбедност


Унгарија ќе гласа за шестиот пакет санкции против Русија, вклучувајќи го и ембаргото за нафта доколку ЕУ ја финансира нејзината енергетска безбедност, изјави унгарската претседателка Каталин Новак во Варшава. – Унгарија е во многу тешка ситуација од енергетски аспект. Гласавме за сите претходни пет пакети санкции. Ќе му бидам многу благодарен на претседателот (на Полска) […]

Пороен дожд и грмежи во попладневните и вечерните часови


Синоптичарите за денеска попладне и во вечерните часови најавуваат пороен дожд и грмежи. Во текот на ноќта процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Во делови од Скопската котлина во вечерните часови и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен […]

Талат Џафери и собраниска делегација во посета на германскиот Бундестаг


  Претседателот на Собранието, Талат Џафери, и делегацијата во чиј состав се координатори на пратеничките групи, оствари средба со претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас.  На средбата Претседателот Џафери се заблагодари за постојаната и континуирана поддршка на Бундестагот во последните пет години преку споделување на искуствата во сферите во кои што беа потребни реформи во […]

Киев и Москва потврдија дека преговорите се суспендирани


  Мировните преговори меѓу Москва и Киев во моментов не се во тек, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Андреј Руденко. „Украина, всушност, се повлече од преговарачкиот процес“, рече тој, додавајќи дека Киев не дал одговор на рускиот нацрт-договор. Според Руденко, украинската страна „се обидува да ги замагли одредбите кои се веќе договорени […]

Борците од „Азовстал“ се во руски раце, двете страни прогласија победа


  КИЕВ – Стотици украински борци, вклучително и ранети војници носени на носилки, ја напуштија огромната фабрика за челик во Мариупол, каде што ја поставија последната точка за одбрана и се предадоа во рацете на Русија, сигнализирајќи го почетокот на крајот на опсадата што стана симбол на отпорот на Украина против инвазијата на Москва. Русија […]