Протече документ од Брисел: Стоп за Србија додека не воведе слобода на медиумите и владеење на правото


Европската комисија не би требало да отвора нови поглавја во преговорите со Србија додека Белград не ги исполни условите од поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на слободата на медиумите и владеење на правото, објавија денеска белграски медиуми наведувајќи документ од Брисел.

ЕК подготвила извештај за владеењето на правото во Србија во форма на нон-пејпр, во кој се наведува дека според порано предвидената методологија не би требало да се отвораат нови поглавја во преговорите со Србија додека не ги исполнат поглавјата 23 и 24.

Во тој документ, во кој увид имала телевизијата Ен1 Белград, се наведува дека во поглед на слободата на медиумите, покрај состаноците на работната група за сигурноста на новинарите, случаите на закана и насилство над новинарите и понатаму претставуваат проблем, и дека е потребно да се вложи напор за да се створи атмосфера за непречено остварување на правата за слобода на изразувањето.

ЕК укажува дека дека доцнеле измените на Законот за јавно информирање и медиуми и Законот за електронски медиуми, нагласувајќи дека тие се потребни „за да се воспостави транспарентно и правично софинансирање на медиумските содржини кои служат на јавниот интерес и за да се зголеми транспарентноста во сопственоста над медиумите и огласувањата“.