Судот му одреди притвор на Мухамед Зекири


  Неколку часа по распитот судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена на досегашниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири. Таков предлог до Кривичниот суд достави обвинителството. Во соопштението на судот се вели: „Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против едно […]

Украина: Убивме 19.000 руски војници


  Украина објави нов извештај за руските загуби во инвазијата. Тие велат дека биле убиени 19.000 руски војници. Украинците уништија 1.891 руски оклопни транспортери, 135 хеликоптери, 700 тенкови и 150 авиони, соопшти Украина. Овие бројки сè уште не се независно потврдени. НАТО проценува дека досега се убиени околу 15.000 руски војници, а Русија минатиот месец […]

По неуспесите Русија ја реорганизираше својата воена команда


  Западен официјален претставник потврди дека Русија сега ја реорганизирала командата на своите операции во Украина со тоа што постави генерал со големо искуство од Сирија да ги координира акциите. Силите кои извршија инвазија на 24 февруари беа организирани и командувани одвоено од областа од која дојдоа. „Имаше навистина лоша координација меѓу тие различни команди“, […]

Дали се точни тврдењата на Русија за ракетите „Точка-У“?


  Русија го негираше нападот на железничката станица Краматорск и тврди дека фрагментите од проектилот пронајдени во близина се од тактички проектил „Точка-У“ кој „се користи само од украинските вооружени сили“. Руското министерство за одбрана објави дека престанало да го распоредува оружјето во 2019 година во корист на помодерните ракети „Искандер-М,“ јавуваат руските медиуми. Украинскиот […]

Неверојатните апсурди на пропагандата на Москва


  Понекогаш изгледаат целосно апсурдни и неверојатни пропорциите на воената пропаганда што ги користат Русите. Како што пренесува британски Би-Би-Си, тие објавиле видео од кукла на една од телевизиите, тврдејќи дека тоа е кулиса што Украинците ќе ја искористат за да докажат непостоечки воени злосторства. Но, се покажа дека тоа е извадок од телевизиска серија […]

Подготвени сме да учествуваме во заедничка набавка на гас со ЕУ, вели Бесими


Предизвиците се пред нас, ги следиме на седмично ниво и работиме за решавање на прашањата колку е можно побргу за да може да имаме мало влијание, рече министерот за финансии Фатмир Бесими за време на неговото учество на Делфи економскиот форум,  јави дописничката на МИА од Атина. Оцени дека се уште не се завршени последиците […]

ЕУ го предупредува Орбан: Плаќањето руски гас во рубли е кршење на санкциите


Доколку Унгарија одлучи да ги плаќа руските енергенти во рубли, тоа ќе се смета за кршење на европските санкции, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за Си-Ен-Ен.   – Направивме анализа на декретот на Путин и правната ситуација е многу јасна. Она што Путин го сугерира, конвертирање на еврото во рубли, […]

Белгија ги повлече Киндер чоколадите поради можно труење


Белгиските власти го прекинаа производството на Киндер чоколадите во фабриката во Арлон, откако матичната италијанска компанија „Фереро“ достави „недоволни информации“ за неодамнешното труење со салмонела во Европа. Белгиската агенција за безбедност на храна денеска го повлече целокупното производство на Kinder Surprise, Kinder Mini Eggs, Kinder Surprise Maxi од 100 грама и Киндер чокобонбони произведени во […]

Канада воведува двегодишна забрана за странци да купуваат недвижен имот


Канадските власти најавија дека две години ќе им забранат на странските инвеститори да купуваат недвижен имот, со цел да ги намалат цените на куќите во државата и да им овозможат на своите граѓани полесно да добијат „покрив над глава“. Во најавата за годинешниот буџет, министерката за финансии Кристиа Фриланд вклучи низа мерки насочени кон борба […]

Османи и уште двајца европски министри на средба со Кулеба на полско-украинската граница


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи, како дел од Тројката претседавачи со ОБСЕ, заедно со неговите колеги од Полска, Збигњев Рау и од Шведска, Ан Линде, денеска на полско-украинската граница остварија средба со нивниот колега од Украина, Дмитро Кулеба. На средбата со Кулеба, беа дискутирани потребите на украинската страна за одбрана на својата земја, […]

Фон дер Лајен во Буча: „Незамисливото се случи овде“


  Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, го посети градот Буча во близина на Киев во северна Украина. Буча беше градот во кој беа пронајдени тела на цивили кои лежат на улица по повлекувањето на Русија. Русија негира дека убила цивили и ја обвини Украина дека ја организира смртта за да ги дискредитира […]

Германија најави повеќе од 100 милијарди евра помош за компаниите


Германија планира да издвои повеќе од 100 милијарди евра за да им помогне на компаниите кои имаат влијание од војната во Украина, се наведува во документот објавен денеска од министерствата за финансии и за економија. Санкциите воведени против Русија поради нејзината инвазија врз Украина силно ја погодуваат руската економија, но исто така ги погодуваат и […]

До ДКСК нема пристигнато никаква пријава за Мухамед Зекири


Досега во Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) нема пристигнато никаква пријава од кого било, ниту анонимна, ниту од познат пријавител, во врска со генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, така што за сите нас ова беше новина, изјави денеска претседателката на Антикорупција Билјана Ивановска. Мухамед Зекири денеска на својот фејсбук профил објави дека […]

Утре сирени за тревога – МВР и Амбасадата на САД со заедничка вежба за справување во вонредна ситуација


 Припадниците на Министерството за внатрешни работи утре ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје. Вежбата ќе се изведува во Амбасадата на САД. Од МВР соопштија дека како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и […]

Мухамет Зекири да биде спроведен со полиција, издаде наредба Кривичен суд – Скопје


Судија на претходна постапка, од Кривичниот суд – Скопје, издаде наредба до надлежната полициска станица за спровод на Мухамет Зекири, кој денеска објави дека дава неотповиклива оставка од позицијата генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија. – По добивање на предлогот, во Законски предвидениот рок судија на претходна постапка, согласно одредбите од ЗКП издаде […]

ДКСК: Дури 50 проценти од активностите не се започнати, а се дадени во Стратегијата за спречување корупција и судир на интереси


Загрижувачки е податокот дека од одговорите што ги добивме од институциите произлезе дека повеќе од 50 проценти од предложените активности воопшто не се започнати односно 53 проценти од активностите не се започнати со реализација, изјави Билјана Ивановска, претедател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во однос на активностите предвидени во Националната стратегија за […]

Ворен Бафет повторно купува „на големо“, вложи 4,2 милијарди долари во познат ИТ гигант


Со години, милијардерот инвеститор Ворен Бафет седи на планина од готовина. Но, со акциите на рекордно ниво, тој се бореше да најде зделки што ќе му го привлечеа вниманието. Сега, со многу други инвеститори кои се „во режим“ на продажба, тој се реши да оди на шопинг. Што се случува: Беркшир Хатавеј на Бафет обелодени […]

Кому и каде припаѓа Донбас?


Тековната војна во Донбас на прв поглед е тешко да се разбере. Речиси секој западен извештај ја опишува како борба меѓу украинската војска (и доброволци од поддржувачите на украинската независност) и проруските сепаратисти, директно, но и прикриено, поттикнати од руската влада. Има елемент на вистина во оваа слика. И покрај негирањето на Москва, ова е […]

Во Оперативниот план за вработување се воведува квота за опфатеност на Роми


Со цел зголемување на можноста на Ромите за интеграција на пазарот на трудот во Оперативниот план за прв пат оваа година ќе се настојува да се постигне зголемување на опфатот на Роми во активните мерки за вработување и услуги со воведување на квота од 5 отсто за опфатеност на Роми. Ова денеска го соопшти директорот […]

Комисиска расправа за заемот за Проектот за поврзување локални патишта


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска на 22-та седница расправаше за Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, по скратена постапка и одлучи да се проследи на понатамошна […]