ЕУ го предупредува Орбан: Плаќањето руски гас во рубли е кршење на санкциите
– Направивме анализа на декретот на Путин и правната ситуација е многу јасна. Она што Путин го сугерира, конвертирање на еврото во рубли, со што потоа би се плаќал гасот, би значело кршење на санкциите. Ако го направите тоа, мислам на плаќањето во рубли, вие ги прекршувате санкциите што и ги воведовме на Русија, истакна Фон дер Лајен во интервју за Си-Ен-Ен.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан неодамна изјави дека Унгарија е подготвена да го плати рускиот гас во рубли, откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се бара од „непријателските“ земји да го плаќаат рускиот гас во рубли.
Таа нагласи дека „ЕУ е во преговори со Будимпешта“.
– Досега Унгарија се придржува кон санкциите и додека не видиме поинаков начин на дејствување, се е во ред. Никогаш досега не сме ја виделе ЕУ вака обединета. Мислам дека секоја земја-членка се прашува дали сака да биде првата што ќе го наруши таквото единство. Мислам дека не го сакаат тоа, додаде Фон дер Лајен.