Испораката на првите шест американски оклопни возила во јуни


 Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска информираше дека најмногу средствата во одбраната се насочени кон купување нова софистицирана опрема, а испораката на првите, како што е најавено, шест американски оклопни возила ќе почне некаде во јуни оваа година. Таа најави дека медиумите ќе бидат поканети да присуствуваат на нивното примопредавање. Инаку, најголемиот дел, повеќе од […]

Премиера на „Паника во хотел Палас“ во Струмичкиот театар


Во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица за задутре е закажана премиерата на комедијата „Паника во хотел Палас“ од англискиот комедиограф Реј Куни, во режија на Коле Ангеловски, кој го направи и преводот и адаптацијата. Според режисерот, оваа комедија досега не е изведувана во македонските театри, а „Паника во хотел Палас“ не се разликува од […]

Германскиот весник „Велт“ ја ангажираше руската новинарка што протестираше против војната


  Новинарката која имаше антивоен протест за време на најгледаната руска информативна програма е ангажирана од германскиот весник „Велт“. Марина Овсјаникова се најде на насловните страници откако истрча во живо на емисијата „Времја“ на Канал 1, држејќи табла на која пишуваше: „Не војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“. Таа беше […]

Кремљ: Приемот на Шведска и Финска во НАТО нема да ѝ донесе стабилност на Европа


 Евентуалниот прием на Шведска и на Финска во НАТО, нема да ѝ донесе стабилност на Европа, соопшти денеска Кремљ. – Во повеќе наврати рековме дека северноатлантската Алијанса останува оружје насочено кон конфронтација и дека нејзиното натамошно ширење нема да му донесе стабилност на европскиот континент, одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарско прашање за […]

Со онлајн трансакции лани реализиран промет од 437,1 милиони евра


Вкупно 14,6 милиони онлајн трансакции се реализирани минатата година што претставува пораст од 38,7 проценти во споредба со 2020 година кога имаше вкупно 10,6 милион трансакции. Вкупната вредност на онлајн трансакции е 437,1 милиони евра од кои 420,7 милиони евра се потрошени од домашни платежни картички, а 16,4 милиони евра од странски платежни картички, објави […]

Се уште нема одлука дали припадници на Армијата ќе учествуваат во засилување на источната линија на НАТО


 Се уште таква одлука немаме донесено и како што се уверивме и од денешната вежба ги демантиравме сите скептици дека нашата Армија не е подготвена. Но, таа одлука ќе се донесе во периодот согласно со координацијата со НАТО-Алијансата и ако донесеме и кога ќе донесеме секако дека ќе ве известиме. Ова е одговорот од министерката […]

Штрајкот на СОНК продолжува и утре, регистрирани притисоци во градинки


Сериозен притисок за прекин на штрајкот во неколку детски градинки во Скопје и во внатрешноста, нотира СОНК, при што најавија дека ќе поднесат кривични пријави. Од СОНК алармираат дека на првиот ден од штрајкот во образованието, воспитувачки од градинките во Општина Центар, во градинката „Орце Николов“ во Карпош, како и негувателки и воспитувачки во повеќе […]

„Ербас“ доби нарачка за 80 авиони од Сингапур


Европскиот производител на авиони „Ербас“ денеска соопшти дека компанијата добила нарачка од 80 авиони „А-320“ од азиската фирма „БОЦ авијација“. Од нив, 20 се стандарден „A-320 нео“, 50 од подолгиот „A-321 нео“ и 10 од поновата верзија за долги релации „A-321-ХЛР“. Според БОЦ, авионите се планирани за испорака меѓу 2027. и 2029 година. Авионската компанија […]

Регистрирани 23 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 направени се 953 тестови, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19, од кои еден е реифнекција, информира Министерството за здравство.   Од новите случаи, 19 се од Скопје, двајца од Прилеп и по еден од Гостивар и Свети Николе.   Регистрирани сe 190 оздравени […]

Пуштени во продажба влезниците за дуелот на македонската ракометна репрезентација со Чешка


Ракометната федерација на Македонија денес ги пушти во продажба влезниците за дуелот на сениорската селекција со Чешка. Средбата ќе се игра на 17 април со почеток во 19 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.Ова ќе биде реванш од бараж за пласман на Светското првенство 2023. Продажбата на влезници се одвива online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ), а влезници можат да […]

Ниту една обработлива површина да не остане незасеана, вели Николовски


Министерот за земјоделство Љупчо Николовски изјави денеска дека се максимално фокусирани да се обезбеди се што е потребно за стабилизирање на производството и непреченото засејување реколти за идната година.  „Наша задача е да бидеме подготвени и да понудиме решенија за сите проблеми. Критичната состојба во светското земјоделство значи внимателна подготовка на долгорочна стратегија. Пари се […]

Со изведување на докази продолжува судењето за случајот „Софтвери”


 Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжуца судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, Драги Рашковски. На денешната расправа се изведуваат докази од страна на Обвинителството, кои се однесуваат на пораки помеѓу обвинетиот Драги Рашковски и останатите вклучени […]

Презентиран дигиталниот регистар за субјекти на инспекциски надзор и инспекциски извештаи за животна средина


Со постоење на дигитален регистар на субјекти за инспекциски надзор на државно и локално ниво и база на податоци од спроведените инспекциските надзори, на граѓаните им се обезбедува поголем јавен увид во работењето на инспекциските служби, истакна на денешната презентација на дигиталниот регистар Дарко Блинков, раководител на Одделението за поддршка, аналитика и меѓународна соработка на […]

За една година продажните цени на производителите на индустриските производи зголемени за 15,7 отсто


Продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари се повисоки за 0,8 проценти на месечно ниво и за 15,7 проценти на годишно ниво. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, пораст во споредба со јануари е забележан во секторите Преработувачка индустрија за еден процент, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се […]

АД ЕСМ и Синдикатот постигнаа договор за доброволни принудни одмори, со цел заштеда на средства во енергетска криза


АД ЕСМ, во договор и со поддршка на Синдикатот на компанијата, донесе одлука да им се овозможи на вработените доброволно да се пријавуваат за прекин на работниот процес од деловни причини, за период од најмногу два месеци, односно во период на траење на енергетската криза, со исплата на 70 отсто од месечната плата на работникот. […]

Цената на бензинот пониска за денар, на дизелот за два


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,40 % во однос на одлуката од 07.04.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ […]

Општина Битола остана без ингеренции и во втората градинка во Битола – „Мајски цвет“


  БИТОЛА – По три основи Министерството за труд и социјална политика им ги одзеде надлежностите на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и на Советот на Општина Битола за втората по големина градинка во Битола „Мајски цвет“, која располага со 7 објекти за згрижување на деца од претшколска возраст. Ова се случува по само […]

Сега е важно да се нормализира увозот на пченица и масло од Србија, на среден рок потребна е стратегија за храна, велат експерти


Руско-украинскиот конфликт нема да има некоја посериозна улога, но ќе влијание индиректно, врз порастот на цените на земјоделско-прехранбените производи. Во овој момент, нема простор за посериозна интервенција, освен да се нормализира увозот од Србија, како што е најавено, пред се на пченицата и на сончогледовото масло за јадење. За на среден и подолг рок ќе […]

Саудиска Арабија: Верници од странство можат да заминат на аџилак во Мека


Саудиска Арабија – Саудиска Арабија оваа година ќе дозволи до милион луѓе да се приклучат на аџилак во Мека, по две години строги ограничувања поради Ковид-19, објавија саудиските државни медиуми. За аџиите во Мека оваа година важи правилото дека мора да бидат помлади од 65 години и целосно вакцинирани против коронавирусот, соопштија властите во Ријад. На […]